• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Сплет од конфети со креативни идеи за роденденот на „Преплет“

Од Ана Несторовска · На април 16, 2014


Со  Викторија Ланговска и Магдалена Дилевска патиштата изминатите години неколкупати професионално ни се заплеткаа.  Најпрво, во потрага по млади модни креативци со свежи идеи, пред четири години налетав на нивнот блог каде што ги имаа пласирано своите со уникатни модни додатоци  (обетки, ѓердани…) креативно сплетени од различни материјали. Во наредниот период реализиравме неколку интервјуа, а се среќававме и на базарите и групните изложби. Но по некое време имаше затишје од нивната работилница, сè до минатата година, кога повторно почна да се плете приказната на „Преплет“… Сместени во срцето на Дебар Маало, успеаа за кратко време да сплетат нежна врска со љубителите на уникатниот дизајн. Од ентузијастички креативен проект, Магдалена и Викторија  го издигнаа  „Преплет“  во препознатлив концептуален бренд.
-По основањето направивме пауза за да се посветиме на своето образование и дооформување како дизајнери. Но, нашето паузирање, во секој случај не беше откажување. „Преплет“ постоеше и ние во секое време впивавме идеи за неговото надоградување… Секоја работа која што ќе се нафати некој да ја прави сам, почнувајќи од нула има потешкотии и препреки, но колку и да звучи клише и излитено, упорноста и храброста се најважните работи преку кои може да се достигне целта и што е најважно да се реализира некоја идеја. Ние двете сме цврсто решени во развивањето на нашата замисла. До крај и силно веруваме во „Преплет“ -велат тие.

Поканите за роденденската забава во „Концепт 37“ Фото: „Преплет“

Со забава во урбаниот локал „Концепт 37“ тие денеска слават една година од повторното заживување на „Преплет“. На наша адреса деновиве пристигнаа иновативни покани, кои се симпатични , ведри и креативни, како и имиџот на брендот.
-Правејќи планови во врска со нашата забава, изминатите неколку дена ги поминавме во подготвување на сите мали детали со кои што сакаме да ве пречекаме на роденденската забава. Една од нив беше и подготовката на поканите кои сакаме да ги поделиме на сите луѓе кои нè следат и ни значат. Секако, не можевме да останеме со стандарден вид на покана, па затоа смисливме нешто интересно, за што подолго да ви потрае убавото чувство и момент. Поканите се всушност ќесички наполнети со конфети, а горниот дел има улога да глуми етикета и покана во исто време. Од едната страна ги ставивме сите потребни информации во врска со забавата (ден, место, време), а од другата страна ви смисливме мал рецепт за добра забава. И за да не мислите дека кај нас можат така лесно да се најдат сите потребни материјали за да ја изреализираме нашата идеја, еве едно клипче како доказ како ги подготвувавме нашите “конфети”-велат Магдалена и Викторија.

Магдалена и Викторија ги направија промотивните материјали на Stylist.mk

На почетокот „Преплет“ беше синоним за плетени производи,  пред с` накит. Но денеска  во нивната  работилницата се создаваат повеќе видови на украси и додатоци. Пред шет месеци имавме можност повторно да соработуваме, овој пат тие го креираа идентитет на промотивните материјали на Stylist.mk, дел од својот романтичен младешки дух го вдахнаа во веќе препознатливите чанти, визитките, беџовите и налепниците на нашиот сајт…

Од новиот летен каталог на брендот

„Трчам по облаците, летам со мислите. Јас ги креирам моите брановидни случувања. Насмеј се гласно, не под мустаќ. Имај сончеви мисли и стави си розови очила“ – се само дел од интересните  пораки испишани на постери, шолји за кафе, чанти и маички на креативното студио „Преплет“.  Тие може да се набават или пак да се нарача некој сосема нов дизајн во нивниот креативен продажен простор во Дебар Маало во Скопје.
-Идеите за пораките секогаш пристигнуваат спонтано, најчесто инспирирани од некоја наша случка или емоција. Не би можеле да одвоиме точно една по која сме препознатливи, но сметаме дека голем фидбек добивме за овие неколку пораки: “Насмеј се гласно, не под мустаќ”, „Опа иха”, „Корпата од мојот точак ми помага за сите потешкотии во денот” и други. Кога започнавме со креирањето на производите, користевме веќе готови цртежи, дополнително прилагодувани заради поклопувањето со пораките, но сега веќе користиме и наши оригинални цртежи и графики изработени специјално за конкретна порака или нарачка. Исто така соработуваме и со други креативни луѓе и уметници, кои креираат илустрации инспирирани од нашите пораки…Освен накит, имаме и други аксесоари за девојки, како што се торбите, марамите и маичките, но додадовме и украси и за домот, меѓу кои можеме да кажеме дека најпопуларни се рачно печатените перничиња, винтиџ-рамките со нашите креативни пораки и шолјите-велат тие.


Викторија и Магдалена индивидуално се занимаваат со дизајн на ентериер и на графички дизајн.
-Нашите индивидуални приказни се развиваа сосема различно, двете тргнавме по различни патишта. Магдалена работеше во маркетинг агенција и на други приватни проекти во областа на графичкиот дизајн, додека пак Викторија работеше на одредени проекти во областа на сценографијата. Нашите интереси се споија во едно и совршено се надополнија-велат тие. (ото: „Преплет“)

Stylist.mkВикторија ЛанговскаКонцепт 37Магдалена ДилевскаПреплетроденден
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079 моден монитор

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

  • 1 моден монитор

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics