Се појави првиот трејлер за долгочекуваниот филм Ocean’s 8, женската верзија на филмовите за „Океановите“ крадци, а во кој глумат Сандра Булок, Кејт Бланшет, Ен Хатавеј, Ријана, Сара Пулсон, Хелена Бонам Картер, Минди Калинг и Аквафина. Од трејлерот откриваме дека Деби (Булок), сестрата на Дени Оушн (Џорџ Клуни во оригиналната Ocean’s трилогија), повторно го спојува тимот од неколку криминалки за да го ограбат прстижниот бал во њујоршкиот музеј Метрополитен, таканаречениот Мет Гала. Поточно, сакаат да го ограбат дијамантскиот ѓердан вреден 150 милиони евра, кој на настанот ќе го носи ликот што го глуми Ен Хатавеј. Дел од дејствието се случува за време на Мет Гала, годишниот бал на кој се појавуваат најзначајните личности од светот на модата и забавната индустрија, а во филмот се појавуваат и дизајнерите Александар Ванг и Зак Посен, потоа Кејти Холмс, Хејли Болдвин, Мат Дејмон, Демјан Луси и Џејмс Корден.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари