• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Работилници за изработка на накит и за модна илустрација на „Паратисима Скопје“

Од stylist @StylistMKD · На мај 17, 2016

Работилници за модна илустрација , како и за изработка на накит од епоксидна смола, од фузирано стакло,   филигран,  филц, типографска керамика и други ќе бидат дел од програмата на на третотто издание на Интернационалниот саем на современа уметност „Паратисима Скопје“ .  Фестивалот ќе се одржи од 10-12 јуни во Младинскиот културен центар, Скопје.

paratissima_fb-post_rabotilnici_modna-ilustracija1

Работилница за модна илустрација, која ќе ја води креаторката Мелани Димитровска,  е со цел да го претстави креативниот процес преку кој се создава една колекција. Учесниците ќе изучат некои аспекти на модната илустрација и колажот кои ќе им служат како алатки за развивање на модната идеја. Низ оваа работилница учесниците ќе имаат можност да се запознаат со целиот креативен процес, односно развојот на идеи од првичната замисла, па сѐ до реализираниот моден производ. Модните илустрации што ќе се произведат во оваа работилница ќе бидат изложени на последниот ден од изложбата на фестивалот „Паратисима Скопје, 2016“.

Windmillshop (7)

Работилницата за накит од епоксидна смола ќе се одржи под менторство на Марија Манева во Центарот за занаети „АРТиЗАН“ на  4 и 5 јуни (сабота и недела). Работилницата за накит од епоксидна смола е наменета за сите лица кои се заинтересирани за учење на нови техники и вештини на креативно изразување. Употребата на епоксидната смола (течно стакло) како основен материјал за изработка на накит дава широки можности за експериментирање, а специфичните својства на материјалот се одлични за изработка на префинети и уникатни модни додатоци. Со посетата на работилницата, учесниците ќе го научат целиот процес за изработка на накит од епоксидна смола – обетки, прстени, брошеви, ланчиња и други модни додатоци. Секој учесник на работилницата ќе добие сет од потребни материјали за работа (епоксидна смола 30 мл, едно пакување полимерна глина, механизми и конектори за накит, ракавици, маска, шпатула, сад за мешање, калапи, елементи за вградување во калап, печатени информативни материјали). Бројот на учесници е ограничен на 10 лица. Пријавувањето за работилницата трае до 31.05.2016, на windmilljewelry@gmail.com со наслов „Работилница за накит од епоксидна смола“, име, презиме и телефонски контакт од пријавениот учесник. Цена за учество е 2.500 МКД.

eklektika-otvoranje-2

Моника Лозановска и Александар Баки Милев ќе ја водат работилницата за филигран

Работилница за изработка на филигран ќе ја водат Моника Лозановска и Александар Баки Милев  на  3, 4 и 5 јуни (петок, сабота и недела) во Капан Ан (Стара скопска чаршија) во просториите на здружението на филигранисти на Макеоднија. За време на работилницата ќе се изучуваат основите на филигранството и ќе се изработува еден предмет (привезок) кој учесникот го задржува за себе на крајот од работилницата. Оваа работилница е погодна за оние кои би сакале да ја користат филигранската техника за изаботка на накит, да ги совладаат основите на техниката преку изработка на привезок, обетки или поедноставни алки со можност подоцна да продолжат на интензивен курс каде што би ги научиле сите форми и техники од кои се состои македонскиот филигран. Во цената за учество од 6.500 МКД се вклучени среброто за изработка на привезокот и употребата на сите алатки потребни за изработка и совладување на техниката. Пријавувањето за работилницата трае до петок, 27 мај, а пријавите треба да се достават на filigran@ymail.com со наслов „Пријава за работилница за изработка на филигран“, име, презиме и телефонски контакт од пријавениот учесник.

fuzirano staklo

Работилница за изработка на накит од фузирано стакло  ќе се одржи на 4 јуни (сабота) во Центарот за занаети „АРТиЗАН“, а ќе ја води  Луи-Стил, во соработка со  „Паратисима Скопје“ и Македонската Артисанска Трговска Асоцијација „МАТА“. На работилницата ќе може да се научи што е фузирано стакло, како се користи и за што сѐ може да се употреби и  обликување на накит. Секој учесник ќе добие материјали за работа доволни за изработка на 1 парче накит, неискористените материјали како и направениот накит по завршувањето на работилницата учесниците ги задржуваат за себе. Бројот на учесници е ограничен на 10 лица, а цената за учество е 1.600 МКД. Пријавувањето за работилницата трае до петок, 27 мај, а пријавите треба да се достават на luiza@t-home.mk со наслов „Работилница за изработка на накит од фузирано стакло“, име, презиме и телефонски контакт од пријавениот учесник.

filc

 

Работилницата за филц, која ќе ја води Љубица Антевска ќе се одржи на 4 и 5 јуни  во „АРТиЗАН“. Курсистите ќе научат  што е филц, како се користи и за што сѐ може да се употреби, обликување на накит, и други додатоци од филц. Секој учесник ќе добие материјали за работа доволни за изработка на 2 парчиња додатоци, и направените производи по завршувањето на работилницата учесниците ги задржуваат за себе. Пријавувањето за работилницата трае до петок, 27 мај, а пријавите треба да се достават на bubask_mk@yahoo.fr со наслов „Работилница за филц“, име, презиме и телефонски контакт од пријавениот учесник. Цена за учество: 2400 МКД.

tipografika

Работилница за изработка на типографска ќерамика ќе се одржи на 11 jуни (сабота) во Артизан Центар за занаети; „Керамика Кафе“ – (спроти Куршумли Ан), Стара Чаршија, Скопје со уметниците  Татјана Ристовска и Борче Богоевски. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со целиот процес на рачна изработка на керамика како и со 3 засебни техники кои ке може да ги применуваат на конкретната работилница. Претходно искуство со керамика не е потребно. Тие ќе бидат водени од двајца уметници (вајар и сликар), чија задача ќе биде да помогнат во Склопување на идеите кои ги имаат учесниците поткрепени со примери и насоки од многу креативни решенија. Секој учесник ќе добие црвена глина доволна да направи пет големи букви (еден збор) или отпрл. 15 мали букви(за помала реченица, порака или квота). Откако ке се исушат и испечат изработките остануваат за учесниците. Бројот на учесници е ограничен на 10 па затоа побрзајте и резервирајте го вашето место. Пријавувањето за работилницата трае до 1 јуни 2016 а пријавите треба да се достават на keramikacafeskopje@gmail.com со наслов „Работилница за изработка на типографска керамика |Ѕидна декорација или силна инспиративна порака од керамика“, име, презиме, телефонски контакт од пријавениот учесник и фотографија од уплатницата. Цена за учество: 1500 ден.

ParatissimaЉубица АнтевскаАлександар Баки МилевАРТиЗАНБорче БогоевскиЛуи-Стилмакедонски дизајнери на накитМарија МаневаМАТАМелани ДимитровскаМоника ЛозановсканакитПаратисима СкопјеработилницисаемТатјана Ристовскауметностфилигранфилцфузирано стакло
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Plakat_myselves_page-0001 културен водич

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

  • ????????????????????? културен водич

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

  • KV SGF 2025 културен водич

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics