• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Јована Филиповиќ дизајнира нова арт-деко елеганција инспирирана од Ерте

Од Ана Несторовска · На ноември 25, 2017

Jovana Filipovik-esen-zima2017-foto Ani Dimi (5)

Во романтичен предпразничен амбиент, со чаша вино, удобно сместени во фотелјите на салонот за мебел Think во Дебар Маало, вчеравечер стотина гости, љубители на модата, јавни личности,  новинари и клиенти ја проследија новата колекција на дизајнерката Јована Филиповиќ за есен-зима 2018. Доследна на својата постојана потрага по баланс меѓу женственоста и машкиот крој, креаторката создала уште една впечатлива и елегантна линија. Од зад дрвената соблекувална се редеа нови дизајнерски решенија за класичното бизнис-палто, по кое веќе е препознатлива Филиповиќ. Направила спој на неколку материјали и бои, а на грбот додала и метални украси.

Jovana Filipovik-esen-zima2017-foto Ani Dimi (7)

Фото: Ани и Дими

-Инспирација за новата колекција за есен-зима 2018 ми беше арт- деко периодот и работата познатиот француски дизајнер и артист Romain de Tirtoff, или познат како Ерте. Kолекцијата ги носи бележјата, кроевите и стилот на мојата досегашна работа, меѓутоа овој беа застапени повеќе бои и принтови. Пристутни се и 3Д материјали и колор блокинг комбинации на веќе познатите модели со машки крој како блејзерите и капутите. Од материјали најзастапени се природните, како свила, памук, волна искомбинирани со кадифе и полиестер. Овој пат ревијата беше на поинаква локација од обично во поинтимен амбиент и пред помалкубројна публика. Самата колекција бараше малку поразличен тип на презентација каде што од блиску можеа да се видат и доживеат моделите-ни изјави Филиповиќ.
Со оваа колекција таа уште еднаш покажува дека навидум здодевните класични модели, може да бидат уникатни, иновативни и впечатливи, да отскокнат од средината, притоа да носат дискретоост и мистика. Во тој манир се и останатите парчиња, мантилите, елеците, килотките, кошулите, футраните и здолништата. Колекцијата има посвечен тон,со металик и светкави материјали, спакувани во отмен манири во функција на приказната. Дел од креациите беа збогатени со принтови, како сенки од облакодери и геометриски фигури, а се издвојуваат неколкуте креации со очи чии трепки се во 3Д.

Jovana Filipovik-esen-zima2017-foto Ani Dimi (6)

Фото: Ани и Дими

Фустаните се во ретро стил, со свирена линија и нагласени ѕвонести ракави. Здолинитата се кратки и асиметрични. Посебно внимание посветила на мантилите и елеците, кај кои се случува вистинска игра со материјали и тонови. Доминираат црната, сината, сивата, сребрената, бронзената, белата, магента розовата и крем боја. Тие суптилно се поврзани во целина, и нежно се прелеваат и надополнуваат. Накитот е имплементиран во самите креации или умешно споен со стајлинзите. За фризурата на моделите се погрижи Бобан Тодоровски, а Дарко Мишовски за шминката. Убавата атмосфера беше дополнета и со соодветниот музички избор на диџеј Андреј Мицајков.
Фото: Ани и Дими

A post shared by stylist.mk (@stylist.mk) on Nov 24, 2017 at 12:50pm PST

Jovana Filipovik-esen-zima2017-foto Ani Dimi (1)

Фото: Ани и Дими

Jovana Filipovik-esen-zima2017-foto Ani Dimi (4)

Фото: Ани и Дими

Jovana Filipovik-esen-zima2017-foto Ani Dimi (3)

Фото: Ани и Дими

Jovana Filipovik-esen-zima2017-foto Ani Dimi (8)

Фото: Ани и Дими

Jovana Filipovik-esen-zima2017-foto Ani Dimi (2)

Фото: Ани и Дими

 *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

ThinkЈована ФилиповиќЕртеесен-зима 2017есен-зима 2018ревии
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025
  • ???????????????????????????

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

    октомври 7, 2025
  • esenski bazar

    Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

    октомври 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics