• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Завивањето на волкот кај Антонио Марас го откри дивиот дух на Свензенбах

Од Снежана Јаначковска-Богдановска · На февруари 26, 2014

Сани Јаначковска Богдановска со дизајнерот Антонио Марас по претставувањето на неговата колекција за есен-зима 2014/15 за време на модната недела во Милано

„Што правиш таму на небото, О месечино?

Кажи, тивка месечино, што правиш?

Ти што навечер растеш, промислено…”

(од белешките за ревијата)

1489199_10202812224854247_1403714328_n

Огромна полна месечина во позадина, волци на екраните и нивно завивање врз моќниот саунтрак – се наежувате уште пред да го видите првиот модел на пистата која врочем и не е тоа. Можеби е тоа и поради силната наклонетост кон работата на дизајнерот, па сепак она што потоа имате можност да го видите, ве остава до крај без здив.

Се разбира, не секој бренд што се прикажа во Милано во текот на Модната недела беше избор помеѓу секси и елегантно. Постои, исто како и во политиката и трет пат. Може да се нарече тоа и свој сопствен начин, и да се види како тоа Антонио Марас го поплочува својот сопствен пат преку рачна работа и емоции.

KIM_0037.450x675

Всушност, Марас постави цела колекција врз идејата за замислена средба помеѓу новинарката и писателка од првата половина на минатиот век, Анамарија  Свензенбах и азискиот волк. И прашањето кое таа го поставува:

Како го правиш тоа волку? Како ја разбираш смислата на животот?

Она што треба да се разбере кога се соочувате со оваа колекција е дека е базирана и на животот и на работата на Анамарија Свензенбах, швајцарска писателка и фотографка од пред Втората светска војна, подеднакво позната по нејзиниот андроген изглед и хомосексуален животен стил, колку и по нејзините книги и фотографии, посебно од Авганистан. Ова влијание е видливо во големите плаштови и туники кои имаат тенденција да ги исклучат половите, исто толку колку што мотивот на волкот се провлекува низ колекцијата.

Па „кожурец” палтата во машки твидови се извезени преминувајќи така спонтано во таписерии налик на гоблени, разработени плетенини комбинирани со накит и слики на волци (кои исто така се насликани на сатените) и цветови, кои потоа се повторуваат на скратените свилени фустани и како тантелни апликации на квази-војничките јакни.

Во толкувањето на Марас, волкот е репрезент на дивиот дух на писателката и нејзиното чувство за авантура. Како моделите се движат низ лавиринтот од скелиња кои ги преставуваат планините на Авганистан, саунтракот е нагласен со завивањето на волците во дивината кои се прикажуваат на екраните кои се  прикачени на скелињата.

Ова е многу посебна и многу уникатна колекција.

Ова не е девојчешки тип на колекција, иако има тука неколку апсолутно прекрасни парчиња во цветни брокати. Ова е колекција за жената која е со свест и чувство за авантура.

Како што самиот дизајнер ќе истакне во своите белешки „Привлечено од сè што е необично, неочекувано, изненадувачко, мистериозно, херојско, сè што е поразлично.”

Беше тоа патопис од идеи и занаетчиство, дури и премногу идеи и премногу занает. Некои експериментирања доведуваат до многу привлечна облека со сопствен идентитет која не наликува на ништо слично. Можеби ова не е облека за секој ден, но не можете да останете рамнодушни на неа. И токму тоа, способноста да предизвика реакција е значајното во сопствената моќ. Доволна причина да го посакате скоро секое парче. Уште една желба за остварување, сега од кога сонот да му соопштите дека е тој вашиот омилен дизајнер е остварена.

 

 

Антонио Марасесен-зима 2014/15Миланска модна неделамодна ревија
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025
  • ???????????????????????????

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

    октомври 7, 2025
  • esenski bazar

    Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

    октомври 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics