• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
Култура 0

„YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

Од stylist @StylistMKD · На мај 26, 2025

1

Денеска во Скопје, во Младинскиот културен центар, се отвора „YES ФЕСТИВАЛ” – фестивал за книжевноста за деца и детската креативност во организација на издавачката куќа „Чудна шума”, а главниот фестивалски дел наменет за деца и млади ќе трае од 26 до 28 мај.

Фестивалот трае од 17 до 21 часот, а на отворањето, покрај редовната програма со креативни работилници за деца, публиката ќе има можност да проследи три промоции на книги од македонски автори и илустратори.

Во 18: 30 часот, фестивалот официјално ќе се отвори со промоцијата на сликовницата „Шарен, бистар свет” на авторката Јелена Никодиноска Чаповска и илустраторката Иванка НиБа, во издание на „Чудна шума”.

Промотор ќе биде Ана Јовковска, а настанот ќе го модерира Билјана Црвенковска. По промоцијата ќе следува читање и работилница со деца на возраст над 4 години.

- Во „Шарен, бистар свет”, главната улога ја има Јана, малечко, бистро девојче кое светот го гледа – матно. Но, кога почнува да носи очила за да гледа јасно, ја задева и исмејува нејзиното другарче од градинка. И тука се поставува главниот предизвик на две нивоа: како да му помогнеме на оној кој не гледа добро, не само со очите, туку и со срцето?… Сликовница со ширум отворени очи кон една многу важна, современа, безмалку честа појава денес. Детенце со очила. Детенце кое сака да го гледа светот бистро и јасно, како што налага срцето. А оној што гледа со срцето, тој веќе видел сѐ – вели Ана Голејшка Џикова, рецензент на книгата.

Во 19:30 часот ќе следува промоција на романот за деца и млади „Приказни од Sунливото Море” на Билјана С. Црвенковска со илустрации на Наталија Лукомска (во издание на „Чудна шума”), промовирана од Ана Јовковска.

„Приказни од Sунливото Море” е илустриран роман на писателката Билјана С. Црвенковска наменет за деца над 8 години, кој обработува една особено значајна тема – врсничкото насилство.

Ален е тивко, повлечено момче. Сака да чита книги, да мечтае за далечни земји и голем сон му е да стане славен морепловец. Но, кога треба да се соочи со реалноста – која најмногу се состои од одење на училиште, Ален има голем проблем. И не, проблемот не е учењето, затоа што Ален е одличен ученик.

Најголемиот проблем се Давид и неговата „екипа”, кои не го оставаат на мир. Секојдневните дофрлања, потсмевања и малтретирања прават одењето на училиште да му биде пекол. Но, тогаш, сосема ненадејно, Ален ќе се најде во Sунливото Море. И оттаму почнува една луда авантура која сосема му го менува животот на Ален… а и самиот Ален.

Книгата на овогодинешниот Саем на книга го доби признанието – трето место за „Најкреативно издание меѓу два саема на книга”, признание што го доделува Македонската асоцијација на издавачи.

yesfestival

Третата промоција, која воедно ќе вклучува и мини концерт, ќе се одржи во 20:15 часот, а е промоција на креативната сликовница „Хармоника Картоника” на Неше Рамовиќ и Владимир Лукаш, во издание на „Светулка”. Настанот е наменет и за деца и за возрасни.

Во рамки на трите главни фестивалски денови во МКЦ, ќе се одржат и многубројни креативни работилници: „Куќата на детството”, работилница посветена на оние кои многу одамна биле деца („Гаврош”), потоа „Боите на виножитото” со авторката Елена Граматикова, „Мишка” со Билјана Црвенковска и „Потрага по храброст” со Биљана Стојановска и Владимир Лукаш („Чудна шума”), работилниците „Облеката низ времето” со Марија Николова, „ Куќичката на 7-те наџуџиња” со Ана Голејшка Џикова и Иванка НиБа, „Девојчето со форичката” со Наташа Андонова и „Црното маче” со Наталија Лукомска („Светулка”), како и работилниците „Приказна за виножитото” и „Суштествата од дното на океанот” („Сказнувалка”).

Новитет годинава е што „Чудна шума” воведува и OFF-програма на фестивалот наменета за возрасни читатели (и возрасни млади), книжевни вечери што ќе се одржуваат во кафе-книжарница „Буква”.

Главниот настан, вечерта на 28 во 20 часот, е промоцијата на романот за т.н. „возрасни млади” – „Денови на Блуграс-љубов” на гостинот на фестивалот, авторот Едвард ван де Вендел. Ван де Вендел е плоден и разноврсен книжевен творец: романи за млади, детски приказни, песни, публицистика, поезија, сликовници, преводи… тој сѐ умее. Тој е и општествено ангажиран и со своите дела им се обраќа на читателите со топлина, без притоа да ја жртвува книжевната вредност на делото.

„Денови на Блуграс-љубов” е првпат издадена во Холандија во 1999 година и оттогаш доживува преводи на многу јазици и ревидирано издание. Како роман за млади кој веќе се смета за европски класик, но истовремено револуционерен − поместувајќи ги границите и рушејќи ги табуата − сега првпат е достапен и за македонската читателска публика.

Последната фестивалска вечер, во рамки на OFF-програмата во „Буква”, ќе се одржи промоција на хаику поетската збирка на Теа К. и Гето Руди – „Шах-мат”, едно креативно издание со две корици кое се чита од две страни – првата дело на авторката Теа К., а другата дело на авторот Гето Руди. Освен што и самата книга е необична, од „Чудна шума” велат дека „и самата промоција ќе биде едно несекојдневно доживување – една партија хаику-шах – која во никој случај не треба да се пропушти”.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 Култура

    Македонскиот режисер Ангел Апостолски сними реклами за Супер Боул

  • САГА ИДЕНТИТЕТИ Култура

    Изведбата на современиот балет „Сага“ (идентитети) во НОБ во рамките на 20. издание на Танц Фест Скопје

  • litera ilustracija Култура

    Фестивалот „Литера“ ќе откупи дела на илустратори што ќе учествуваат на конкурсот „Свет со љубов“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • hm

    H&M доаѓа во Тетово на 17 јули

    јули 8, 2025
  • 1

    Белата маица евергрин во модата

    јули 8, 2025
  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics