• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Лидија Георгиева сплете зачинето патување до Шангај и Бомбај

Од stylist @StylistMKD · На октомври 27, 2014

lidija kolaz2
Во време кога трендовите брзо поминуваат,  кога публиката е презаситена со модни понуди од сите страни и постојано трага по нешто ново, ретки се дизајнерите кои успеваат да останат доследни на себе, без да  потклекнат или да се прилагодат на притисокот од пазарот. Потребна е вистинска умешност со секоја нова колекција да се биде нов, свеж и различен, а притоа да не се отстапи од својот препознатлив стил и техника на креирање. Навраќањето на своите корени и основи на изразување не мора да значи рециклирање, често може да доведе до преиспитување,  подобрување и развивање на својот авторски израз. Ваква модна доследност  има во секоја нова креација на познатата македонската дизајнерка Лидија Георгиева.

lidija

Плетивата, деликатните везени парчиња, милјеа, транспарентаната тантела и принтовите ја одбележуваат речиси секоја нејзина линија. А со нова енергија и приказна им се навраќа и во новата меѓусезонска колекција наречена The Colonial Spices, што вчеравечер ја презентира на Модниот викенд-Скопје. Ревијата, која почна со танцов перформанс, ги однесе присутните во преполниот салон на „Ауди-Порше Македонија“ на далечно патување, назад во 20-тите години на минатиот век, во време на британските и француските колонии во Азија. Таа направила моден спојот на Европа со ракошот на природата и традицијата на Шангај и Бомбај, користејќи ги тоновите на егзотичните зачини на ѓумбир, куркума, шафран, паприка и кари.

lidija kolaz3

Креаторката, која има долгогодишно искуство во светскиот центар на висока мода- Париз, во секоја своја колекција внесува дел од препознатливиот француски шарм и кабаре имиџ, кој на само нејзе својствен начин успева да го избалансира со својата, македонска традиција. Таа врска со корените се наѕира, но никогаш не е буквално и транспаренто претставена. Иако е уникатна по свјот израз, секогаш успева креациите да ги дизајнира на универзален моден јазик. Тие се со бeзвременска нишка, таман скроени за секоја жена од било кога генерација.

lidija kolaz8

Рачно изработените плетива се збогатени со доработка во вид на везени декоративни елементи. Присутни се нејзните препознатливи сексапилни фустани од тантела, модели со карнери, лелеави здолништа и блузи, повеќеслојни креации и плетени мозаици со отвори. Дел од креациите се порабени со милјеа или со реси. Овој пат линијата ја освежува со сега доста актуелните пончо-наметки, како и плетени палта. Таа умее од навидум неатрактивно парче облека-плетен џемпер, да направи секси креација, која може да се носи на свечени пригоди. Стајлинзите на манекенките беа збогатени со качулки, шапки, нараквици, како и соодветни чанти и чевли од „ВИА“.

lidija kolaz5

Георгиева е позната по тоа што секогаш внимава при изборот на музиката. Таа секогаш е урбана, современа и го следи ритамот на ревијата. Вој пат амбиентот беше збогатен со одличниот музички сет, подготвен од диџеј Egotrip, алијас зад кој стои познатиот режисер Срѓан Јаниќиевиќ. Тој направи микс на музика на Руичи Сакамото, Наташа Атлас и Џозефин Бејкер.

lidija kolaz7

Покрај скопската ревија, креаторката деновиве имаше успешена презентација и на Белградската модна недела (Belgrade Fashion Week) во рамки на платформата Зона 45. Пред српската публика претстави комбинација од нејзини постари линии и парчиња од новата колекција. (А.Н.)
Фото: Stylist.mk

lidija kolaz4 lidija kolaz6 lidija kolaz1

20-титеEgotripThe Colonial SpicesЏозефин БејкеАуди-Порше МакедонијаБелградска модна неделаБомбајвезеноВиакачулкиЛидија ГеоргиевамилјеМоден викенд-СкопјенараквициНаташа АтласПаризплетивапончоРуичи СакамотоСрѓан ЈаниќиевиќтантелаШангајшапки
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • METGALA

    Црвениот килим на Мет Гала 2025 во знакот на машката облека во контекст на црнечкиот дендизам

    мај 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025
  • vidik

    Со промоција на новиот роман на Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, вечерва почнува второто издание на „Видик“

    април 2, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics