Том Форд за првпат машката колекција ја прикажа на модна ревија наместо преку каталог и вчеравечер во Њујорк ги откри машките креации за есен-зима 2018/19 на шоу во просторот на Park Avenue Armory. Американскиот дизајнер кој годиниве повеќе се занимаше со филм и го режира успешниот Nocturnal Animals, се враќа на модната сцена со нови колекции, а на вчерашната ревија за првпат претстави и машка долна облека.
Машката колекцијата на Том Форд за следната есен е текстурална и повеќеслојна. Таа е микс на добро скроени костуми во класичен стил, но и во понеобична интерпретација во сјајни и ткаенини во интензивна боја кои потсетуваат на гламурот од 80-тите години. Форд понуди и авијатичарски јакни поставени со крзно, креации во животински принт, волуменозни парка-јакни, сребрени кошули, ски-јакни, брокатни сакоа, патики и модели во боја која се избегнува во машката мода – интензивно розовата. Дизајнерот објави дека станал веган и поради промената на животниот стил почнува да го намалува присуството на вистинска кожа и крзно во своите колекции.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.




































Нема коментари