Креативниот директор на „Диор“ Раф Симонс посетителите на вчерашната ревија во Париз ги понесе низ градината на земните задоволства преку луксузни, етерични и бајковидни креации од новата есенска колекција на висока мода на познатата париска модна куќа. Инспириран од фламанските сликари и конкретно од делото „Градина на земните задоволства“ од Херонимус Бош, Симонс прави уметнички приказ на модата. Ревијата во рамките на Париската недела на висока мода се одржа на огромна виолетова писта поставена во музејот на Роден, а колекцијата е мешавина на мини и макси должини, нагласен струк и волуменозни форми, лесни и тешки ткаенини, едноставност и луксуз. Овие контрасти се базираат на концептот на противречности со кој се соочуваме секојдневно – цврсто и меко, темнина и светлина, ангелска невиност и сексуалност… „Диор“ и Симонс истовремено беа домаќини на најзначајните модни уредници и познати личности пријатели на брендот како Ана Винтур, Емили Блант, Грајмс и Лупита Нионго.



































Нема коментари