• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

FWSK: Раскрварена линија на Роберт Ивановски меѓу практичната и арт-страната на модата

Од stylist @StylistMKD · На април 7, 2014
Фото: Ани и Дими

Фото: Ани и Дими

Уште од своите студентски денови на групните ревии на факултетот за дизајн при Европскиот универзитет, талентираниот Роберт Ивановски даде до знаење дека готиката, мистиката и хоророт се негова најголема модна инспирација. Со секоја нова креации, а подоцна и со самостојните  колекциите, докажа дека има што да каже на оваа тема. Покажа дека црните модели може да бидат колоритни ако се има доволно широка имагинација. Но, кај нас, ова е мода што поминува кај помала група на клиенти, најчесто тие што негуваат рокерски и готик-имиџ. Колку и да е примамлива и уникатна, малкумина имаат храброст да облечат  толку мрачни модели со силна порака. Иако во меѓувреме создаде  игрива црно-бела колекција инспирирана од племињата, како и линија инспирирана од традиционалната шпанска борба со бикови, кои се приближуваат до мејнстрим модата, сепак остана верен на својот ексцентричен  и авангарден стил.

Фото: Ани и Дими

Фото: Ани и Дими

Вчеравечер во подрумот на „Ауди-Порше Македонија“ , во рамки на Модниот викенд-Скопје, ја претстави својата нова колекција Wounded за пролет-лето 2014, која е инспирирана од  катастрофите од војните и последиците и страдањето на невините луѓе од истите. Иако за првпат Роберт не користи црна боја, моделите беа подеднакво провокативни и мрачни. Докажа дека ако се биде истраен во идејата и ако се оди до крај во реализацијата, приказната може да биде подеднакво страшна и морбидна и со целосно бели модели. Формата на креациите е модерна, носива, со умешно осмислен дизајн. Во линијата  застапени се природни ткаенини, како и еко-кожа. По својот дизајн ова е можеби најдобрата и најинвентивна линија на Ивановски.

Фото: Ани и Дими

Фото: Ани и Дими

Понудени се елеци, блузи и фустани  со пеплум, како и припиени здолништа и  панталони, кои имаат мрачен преврст, во средината беа обоени со црвено, како паралела со крвта од раните. Оваа раскрварена линија на Роберт е границата меѓу артистичката и практичната страна на модата. Таа линија ја подели и публиката, според едни младите креатори треба да покажат храброт и да пратат силни пораки со моделите, а Роберт го направи токму тоа.  Според други, крвавата дамка беше непотребна и премногу за една колекција која претендира да биде носива. На перформансот покрај женските креации беа презентирани и машки модели, панталони, шорцеви, елеци  и лелави кошули. Најмногу морници ни пролазеа кога на импровизираната писта се појавија две дечиња, со раскрварена облека. Ефектот на застрашување и театралност беше постигнат, но за жал крвавата ја покри модната приказна. (А.Н.)

FWSKартАуди-Порше Македонијабела облекаготикМоден викенд-Скопјемрачнопеплумпрактичнораскрваренорекерски имиџРоберт Ивановски
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • METGALA

    Црвениот килим на Мет Гала 2025 во знакот на машката облека во контекст на црнечкиот дендизам

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025
  • ???

    Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

    март 26, 2025

Култура

  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025
  • vidik

    Со промоција на новиот роман на Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, вечерва почнува второто издание на „Видик“

    април 2, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics