• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
калеидоскоп 0

РОСАНА МИТЕВСКА, Лице на #УбавинаСоЦел: Убавината е постоење и чувство на безусловна среќа!

Од stylist @StylistMKD · На март 11, 2016

Rosana Mitevska - Lice na BFAP 1

Веќе 130 години, Avon претставува акцелератор на социјалниот напредок на жените. 

34 години пред воопшто да имаат право на глас, Avon им обезбедил на жените можност за заработка, во време кога само 20% од жените работеле надвор од домот. 

Во заложбата да се унапреди здравјето и благосостојбата на жената, Avon досега донирал скоро 1 милијарда долари за борба против ракот на дојката и семејното насилство и продолжува да работи на поддршката на жените и нивното влијание во општеството.

Токму затоа, Претставниците на Avon се главните херои на концептот Убавина со цел, кои ја раскажуваат својата приказна за убавината, можностите и финансиската независност.

Како дел од промоцијата на приказната на Avon, тимот на #УбавинаСоЦел на официјалната фан страна на Avon Македонија на социјалната мрежа Facebook, организираше предизвик каде што буквално сите имаа можност да учествуваат и да придонесат во креирањето на една прекрасна галерија од лични постери со порака што претставува убавината за нив. На овој предизвик, победи младата, ведра и позитивна студентка по Е-бизнис од Кочани – Росана Митевска, која воедно е и Претставник на Avon од 2015-та година, а од неодамна и Јуниор Менаџер со свој тим. Ова е нејзината приказна …

Што те мотивираше да учествуваш во FB предизвикот Убавина со цел?

-Да бидам искрена, најмногу ме привлече идејата најдобриот постер да биде претставен на билборд. Сакав да бидам добар пример за мојот тим и мојата генерација воопшто. Велат  дека добар лидер е оној кој луѓето ќе го следат по сопствена волја, дури и ако не поседува некаква титула или позиција.

Дали потајно се надеваше на победа?

-Не верував дека ќе победам, затоа што конкуренцијата беше навистина жестока. Во Македонија живеат многу убави, интелигентни и креативни жени и девојки. Галеријата со креираните постери го докажа тоа. Видов многу прекрасни лица со уште попрекрасни пораки за убавината кои навистина ме воодушевија! Токму затоа бев пресреќна кога ме известија дека токму јас сум избрана да бидам Лице на најубавата кампања – Убавина со цел!

Rosana Mitevska - Lice na BFAP 2

Накратко, која е Росана Митевска?

-Имам 19 години и студент сум во прва година на Економскиот факултет во Скопје, насока E-бизнис. Иако сум многу млада, сметам дека веќе постојат многу работи со кои можам да се пофалам. Една од нив – за мене многу важна, е мојата прва средба со АVON. Од таа прва средба помина неполна година, период во кој, благодарение на моето сесрдно залагање и активна работа, јас успеав да стигнам до титулата Јуниор менаџер и да оформам свој тим. Мислам дека мојот успех е добар стимул за сите останати кои се двоумат дали да се охрабрат и да ја искористат можноста која им ја нуди AVON за солидна заработка и учење на нови вештини поврзани со комуникацијата и продажбата.

Како реагираа твоите блиски кога дознаа дека си победник во натпреварот Убавина со цел?

-Отпрвин, не им се веруваше дека мојот постер ќе се најде на билборд во Скопје. Но, откако се сталожија емоциите, радоста беше неизмерна. Имам огромна поддршка од моето семејство и пријателите, сите ми посакаа голем успех во понатамошната работа и залагање! Avon ми отвори многу нови хоризонти во поглед на начинот на размислување, во планирањето на времето и иднината воопшто.

Опиши се себеси со 3 зборови:

-Организирана, дисциплинирана, амбициозна.

Од каде потекнува твојата љубов кон козметиката и модата?

-Уште од мала секогаш ги забележував жените кои се негуваат и внимаваат на својот изглед. Идол ми беше и сè уште ми е мојата мајка. Можам да кажам дека од неа ми потекнува љубовта кон козметиката и модата.

Rosana Mitevska

Омилено парче козметика без кое не можеш… ?

-Дефинитивно ќе го издвојам тушот за очи од колекцијата Luxe, затоа што е траен и има идеална црна боја.

Што би им препорачала на твоите врснички?

-Да ги следат своите соништа,  да бидат упорни во тоа што го сакаат, бидејќи упорноста секогаш се исплатува. Јас тоа лично го почувствував и сметам дека само упорната работа може да резултира со успех. Еден мал, но сепак значаен успех за мене е што успевам сама да си ги подмирувам трошоците за студирање во Скопје. Финансиската независност дава голема слобода во носењето на многу одлуки во животот.

И за крај, што претставува убавината за тебе?

-Во секој агол на земјата, економската и социјалната стабилност во општеството е директно поврзана со финансиската независност на жената. Тоа охрабрување се пренесува на нејзиното семејство и на околината. Како жени, сите сме различни во појавата, растот, бојата на кожата, потеклото. Ние сме ќерки, мајки и баби. Ние сме активистки, иноватори, борци и личности кои инспирираат. Ние сме животот и промените кои ги создаваме, постоењето и среќата која ја чувствуваме и споделуваме со останатите. Ете тоа е убавината за мене.

#УбавинаСоЦелAVONAVON МакедонијаАвонРосана Митевска„Авон Македонија“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ivana manas (2) калеидоскоп

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

  • ????????????????????????????????????? калеидоскоп

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

  • top model europe калеидоскоп

    Избор на Топ Модел Европа во Скопје

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics