• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

ПРОЛЕТНА МОДА 2021: Сакоа во стилот на иконскиот шанелов модел од букле

Од Катерина Трајановска · На мај 6, 2021

0

Некои дизајнерски парчиња ја докажале својата долготрајност и се сметаат за инвестиција што ќе ја носите со години – Биркин чантата на Hermès, алката Love на Картие, мантилот на Барбери, чевлите на Маноло Бланик… високо на листата е легендарното сако од твид на Шанел.

2 Coco-Chanel

Габриел Коко Шанел со актерката Роми Шнајдер

Габриел Коко Шанел го креирала овој модел пред скоро еден век мотивирана од желбата да ги ослободи жените од рестриктивните модни норми од тоа време и носењето на корсети. Француската дизајнерка се обиде да ги облече жените „во костуми што ги прават да се чувствуваат пријатно“, но и кои, како што еднаш рече: „костуми кои сепак ја нагласува женственоста“. Идеја која сега изгледа едноставна, а сепак пред 100 години беше почеток на модна револуција.

4 chanel

Шанел-сакоата модна класика скоро еден век (Коко Шанел во својот комплет, манекенката Инес де ла Фресанж во 80-тите, Сузи Паркер во Шанел комплет)

Револуционерна била и употребата на твид во женската облека, а Коко првите Шанел-сакоа и ги претставила во колекција во 1925 година. Првите Шанел-сакоа и костими се основата на она што денес го препознаваме како Шанел-сако од твид/букле. Во годините што следеа Коко го рафинираше твидот, го помеша со свила и волна, го направи потенок, и не престана да креира нови верзии. Но и модната куќа што ја основа и која до денес важи за една од најзначајните, постојано во своите колекции нуди верзија на ова славно модно парче. Го има и во актуелната колекција за пролет-лето 2021.

00 chanel

Од колекцијата на Шанел за пролет-лето 2021

Со мека структура, повеќе како кардиган отколку структурирано сако, класичното Шанел-палтенце има рамен крој, најчесто без јаки, со украсни златни копчиња, еднобојни или со шара на „рибја коска“, со пораб во вид на плетенка. Непредвидливо беше што твид сакоата ги има во пролетните колекции, првенствено кај Шанел, а потенки верзии најдовме и кај Манго и Зара. Ако не можете да си дозволите оригинално Шанел-сако, „шанелолики“ палтенца ќе најдете токму кај хајстрит брендовите кои нудат облека по далеку подостапни цени.

3 mango zara

Модели од пролетните колекции на Манго и Зара

Велиме догледање на зимските јакни и палта, но за ова променливо пролетно време сакоата од букле во стилот на Шанел се добар избор. Некои од верзиите што се тренд за пролет 2021 се со многу кратка должина, скоро како болеро, што е тренд сезонава.

Шанел-сакото се носи како комплет со здолниште исто така од букле, но ако тоа изгледа премногу старилоко, се комбинира со фармерки, со свилени широки панталони, со маици или поелегантни кошули, врз вечерен фустан или со свечено здолниште од тул, во дамски или сосема младешки стил.

5 chanel

6 chanel

7 chanel

8 chanel

9 chanel

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

стилски идеиШанелшанел-сако
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • mugler6 моден монитор

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

  • ???????????????????? моден монитор

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

  • ??????????????????????????? моден монитор

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025
  • ???????????????????????????

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

    октомври 7, 2025
  • esenski bazar

    Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

    октомври 6, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics