
Омилените летни парчиња облека со умешни комбинации и правилно прилагодување може да да ги носиме и во есенскиот период. Покрај комбинацијата со некој потопол модел со долги ракави , стилскиот живот на омилените шорцеви, кратки фустани бохо кошули и фармерки може да се продолжи и со долг црн елек. Ова парче облека, кое е актуелно изминативе неколку сезони, есенва ќе може да го комбинирате на повеќе начини. Со негова помош може да изведете елегантни, смирени и поесенски комбинации, а притоа да изгледате модерно и уникатно. Ви нудиме 10 идеи за комбинации, кои ќе ви покажат дека еден модел може да добие нов изглед и да го доживеете поинаку со различни комбинации. На листата се стилски спој со пижама-панталони, со килотки, со долг фустан, со парчиња од џинс (фармерки, здолниште, шорцеви, кошула…), со краток фустан што сте го носеле летово, со кошула-фустан, во црно-бела монохроматска комбинација, како горед дел, без друга маичка, со омилената бохо-кошула и со секогаш актуелната блуза со пруги.
1. Со шарени пижама-панталони

2. Со килотки

3. Со долг фустан

4. Со џинс

5. Со краток фустан

6. Со кошула-фустан

7. Во монохроматска комбинација

8. Како горен дел

9. Со бохо-кошула

10. Со блуза со пруги






























Нема коментари