• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
едиторијал 0

„Шизик на ризик“: Македонски моден бренд за на светските улици

Од Катерина Трајановска · На септември 6, 2018

sheezikc na reezick (3)

Мапа на Скопје поделена на своите маала, стилизирани исписи со Камени Мост, еден малку поинаков нацрт на градот, слатки тулумби, 9-ка за Кобра, ,„Градот убав пак ќе никне“… и уште неколку асоцијации на Стоковна куќа Мост, Делфина, Македониум, Бушава азбука се испечатени на маичките на новиот скопски бренд за облека „Шизик на ризик“ (Sheezick na Reezick). Креиран да поттикне храбри умови, зад брендот именуван по познатата ретро изрека, стојат двајцата шизици и креативците од брендинг агенцијата „Зип Зап“, Сташа Шаровиќ и Божо Павковиќ, кои преку своите дизајни нудат уникатен дизајн, поврзување со едно безгрижно Скопје, страст за живеење по скопските улици и желба да се биде свој и поразличен од другите.

sheezikc na reezick (17)

„Шизик на ризик“ му се откри на Скопје и на светот пред неполн месец, отворајќи ја онлајн продавницата на која има супер кул понуда за секој шизик, а богами и за шизика, во првиот бран тоа се машки, женски и детски маици, постери и торби со живописни принтови. А пакувањето е посебно изненадување…

sheezikc na reezick (12)

Пoдготвен е и едиторијал, снимен еден топол јулски ден по празните скопски улици и влезови со фотографот Филип Кондовски, а Филип М. (Моделс Ин), Филип A. (Моделс Ин), Драгана и Александар се new sheezicks on the block :)

„Шизик на ризик“ има своја дигитална дестинација (http://www.sheezicknareezick.com), a наскоро ќе добие и реална адреса. За Stylist.mk, Сташа и Божо раскажуваат за оваа нова модно-урбана приказна.

sheezikc na reezick (7)

Што е „Шизик на ризик“? 

Дизајнерски моден бренд од Скопје, наменет за смели дечки и девојки кои се подготвени да ги бркаат своите соништа и тогаш кога нема никој кој се клади на нив.

Тоа е да веруваш во себе и своите корени. Тоа е офроад трка. Тоа е ризик вреден да се преземе.

Шизик на Ризик е ДОО. 100% приватна иницијатива.


View this post on Instagram

trade.mark.mkd #sheezicknareezick #sheezika #shzk

A post shared by Sheezick na reezick (@sheezicknareezick) on Aug 27, 2018 at 11:26am PDT

Творците на „Шизик на ризик“

Двајца луѓе, еден сон и две години напорна работа 

Мотив и инспирација за лансирање на брендот

Звучи глупо и „отрцано“, но инспирацијата ни е овој Град… и еден симбол, урбана легенда, сенка, „прича“, сленг од едно друго време кое полека исчезнува. Легендата за тој дечко, кој никој не го видел, но сите го знаат, носи едно универзално ветување – дека секој може да успее кога силно верува. A мотивот? Мотивот ни е да покажеме дека ако можеме да успееме тука можеме секаде  

sheezikc na reezick (20)

Концептот на брендот и философијата на streetwear облека чија философија гравитира околу ретро изреката Шизик на ризик и носталгичната идеја за безгрижно Скопје

СХЗК е дизајнерски моден бренд кој развива премиум производи во лимитирани серии. Бленд од локалното и светското со „твист“ помеѓу. Повеќе од парче облека. Посебност, отвореност и менливост. Некаков урбан камелон кој талка по светот и времето, незаборавајќи од каде е и кој е.

Скопје како инспирација

„Шизик на Ризик“ е скопјанец. А Скопје е посебен феномен. Како и секој друг град. Скопје се луѓето, зградите и улиците. Тоа се „лендмарксите” кои во голем дел нè инспирираа изминативе години. Од таму започнува приказната.

sheezikc na reezick (28)

Од што се состои првата, лансирачка колекција на „Шизик на ризик“?

Од две години работа и милион соништа. По пат собрани куп мемории, приказни, погледи кои полека исчезнуваат и се заменуваат со други, индивидуи кои нè испирирале, ликови и моменти кои не се забораваат. Резултатот е првата серија на маици, кај кои посебен акцент е ставен на дизајнот на апликацијата, на приказната која дизајнот ја раскажува и на финишингот на продуктот. Иако сериско, производството предвидува лимитирани количини од одредени дизајни, a веќе се во развој и други производи кои ќе ја прошират палетата на производи кон урбани модни додатоци. Колекцијата маици ја следат торби и постери, како и линија на дизајнерски сувенири директно посветена на градот Скопје. Оваа линија производи ќе ја задоволи потребата на скопјани со стил да го носат на себе името на својот град или со гордост да подарат некому дел од нивното Скопје.

sheezikc na reezick (23)

 Модна публика што ќе ја привлече брендот и колку новите шизици ќе ги препознаат мотивите на дизајните

Дизајните се тоа што нè разликува. Тие или комуницираат или не. И ја одредуваат публиката. Но, што е уште побитно е дека овој бренд им се обраќа токму на оние кои ги живеат годините кога се сонуваат луди соништа, кога се посакуваат најнезможните нешта, кога се верува до максимум во својата идеја, и кога најлошиот избор е да играш на сигурна карта. Токму тогаш преземаш ризик со насмевка на лицето и тргнуваш по сонот кој те води.

sheezikc na reezick (1)

sheezikc na reezick (8)

sheezikc na reezick (15)

sheezikc na reezick (29)

sheezikc na reezick (5)

sheezikc na reezick (4)

sheezikc na reezick (28)

sheezikc na reezick (13)

sheezikc na reezick (25)

sheezikc na reezick (24)

sheezikc na reezick (9)

sheezikc na reezick (26)

sheezikc na reezick (6)

sheezikc na reezick (14)

sheezikc na reezick (22)

sheezikc na reezick (10)

sheezikc na reezick (4)

 

 

 

 

View this post on Instagram

 

SKP Panorama, men’s, women’s & kids t-shirt / SHZK4Skopje A post shared by Sheezick na reezick (@sheezicknareezick) on Aug 26, 2018 at 8:16am PDT


View this post on Instagram

A post shared by Sheezick na reezick (@sheezicknareezick) on Aug 24, 2018 at 1:16am PDT

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sheezick na reezick (@sheezicknareezick) on Aug 24, 2018 at 10:10am PDT

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Sheezick na ReezickБожо Павковиќдизајн на маициДрагана Костовскалето 2018македонска модамакедонски брендмакедонски дизајнМодел ИнСкопјеСташа ШаровиќФилип АлексовскиФилип КондовскиФилип МакардулиШизик на ризик
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • angie m (13) едиторијал

    OCEAN MYSTIQUE на Angie M. – колекција на костими за капење и облека за на плажа со која стилски ќе нурнете под океанот

  • 0 едиторијал

    LIMELIGHT на Мите Занов – колекција што ја слави експресивноста, имагинацијата, слободата и индивидуалноста

  • TRAILS01` едиторијал

    „Патеки“: Треш-панк естетиката инспирација за новата колекција на дизајнерот Христијан Младеновски

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025
  • ???????????????????????????

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

    октомври 7, 2025
  • esenski bazar

    Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

    октомври 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics