• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Силвија Михајловска „Алшар“: Зимска колекција со доза на драматичност и ексклузивност

Од Катерина Трајановска · На декември 27, 2021

alshar Оваа предновогодишна сезона дизајнерката Силвија Михалјовска од модниот бренд „Алшар“ претстави зимска колекција со елементи на драма и свеченост, серија на креации кои се движат од бела кошула до топол капут, a некои од нив во моментов се на попуст во нејззниот продажен простор на „Ленинова“ во центрот на Скопје. Меѓу креациите од оваа Black Label колекција се издвојуваат зимски фустани со асиметрична должина, кимоно-фустани од свилено кадифе, сиви капути со нагласена асиметрична јака, фустани во снежно бела боја, облека доукрасена со нитни, патенти и ланци, модели досликани во боја во сликарски манир, а кои се препозналивост во нејзиниот моден израз. Силвија во рамките на својот бренд „Алшар“ претставува неколку колекции годишни кои потоа се достапни во нејзиното продажно ателје. „Алшар“ таа посветено го развива 13 години, но нејзините почетоци во модата датираат од претсходно и нејзиниот креативен порив за мода го лоцира уште на училишна возраст. -Можеби нескромно, но уште од мала знаев што сакам да бидам. Сѐуште чувам цртежи од основно училиште со цели модни колекции. Школувањето го продолжив во средното училиште за применета уметност „Лазар Личеновски“ на отсекот мода-облека и текстил, потоа на Факултетот за ликовна уметност на отсекот сликарство и мода. Модата е област каде што постојано има нови правци и начини на работа што значи и дека постојано се учи нешто ново и се надградува знаењето. Официјално, тринаесет години имам сопствен моден бренд кој постојано се развива, а од почетоците до денес евидентно напредува во секоја смисла. 2 alshar Неодамна на настанот Expo 30 претстави колекција со која на симболичен начин се наврати на сопствените дизајнерски кодови. Кои се тие најпрепознатливи знаци во твоите креации и што е најкаракеристично во твојот дизајнерски стил? -На мое големо задоволство учествував со ревија на Expo 30 како дел од 10 најдобри македонски дизајнери, претставувајќи се со креации типични за мојот дизајнерски израз. Тоа подразбира волумен, асиметрични и архитектонски кроеви, метални детали- нитни, копциња и патенти и многу рачно досликани креации инспирирани од моите омилени сликари. Новата зимска колекција од линијата Black Label ја промовираш овој предновогодишен период. Што таа содржи и дали има доза на свеченост која се очекува овој месец? -Оваа сезона направив поексклузивни креации за зимската Black Label колекција, што подразбира уникатност и врвен квалитет во дизајнот,  материјалите и изработката. Креациите се изработени од свила, кадифе, брокат и волна, надополнети со метални детали и рачно сликани елементи, секако со доза на драма и свеченост како за овој период на годината. 3 alshar Периодов континуирано откриваше по неколку фотографии од колекцијата, кои се личностите од новата кампања и како тие ја рефлектираат твојата дизајнерска естетика? -Новата колекција ја фотографиравме во преубавиот амбиент на Чифте амам (Национална галерија Чифте амам) со моите прекрасни пријателки Тања Мур (маркетинг манаџер), Билјана Киријазова-Бахарудин (балерина и сопственик на „Асеана ројал спа“) и Марија Кочкова (ракометарка), три инспиративни личности од различни генерации, кои се пример за негувани жени кои се грижат за себе и промовираат здрав начин на живот со спортување, правилна исхрана и негување на духот и телото. Ретка си од домашните креатори кои дизајнира и создава неколку колекции годишно и потоа успешно ги продава. Кој е ритамот со кој дизајнираш и на што се должи твојот успех? -Имам продажен простор отворен за моите клиенти, поради тоа е неопходно постојано и често создавање на нови колекции следејќи ги промените и трендовите во секоја сезона. Потребата да се создава постојано нешто ново и оргинално ја има секој креативиц, а додатно на ова пазарот и конкурентноста го наметнуваат овој начин на работа кој навистина бара огромна посветеност. 5 alshar Кои се работите што те инспирираат? Секој креативец, уметник, дизајнер го збогатува својот универзум преку разни форми на интерес од светот на музиката, сликарството, филмот, литераурата… Што тебе те инспирира и предизвикува при креирањето? –Како сликар по професија инспирацијата најмногу ја наоѓам во сликарството,  во сликите на Густав Климт, Џексон Полок и особено во посовремените сликари како Кит Харинг, Жан Мишел Баскијат и графити артисти како Бенкси. Сврзана сум со супкултурата, панкот и алтернативната и електронската музика, а инспирација пронаоѓам и во јапонската традиционална облека и во нашето македонско поднебје и култура. Што за тебе претставува „Алшар“ после толку години работа? Каде го гледаш својот бренд во иднина? -Се надевам дека како и досега, мојот бренд и поматаму ќе се развива и ќе создавам прекрасни колекции и креации кои ќе направат задоволни многу жени. 6 alshar 7 alshar 8 alshar 9 alshar 10 alshar 11 alshar 12 alshar 13 alshar 14 alshar 15 alshar 17 alshar 16 alshar 18 alshar 19 alshar 20 alshar

Алшарзима 2021зимска колекцијамакедонска модамакедонски дизајнериСилвија Михајловска
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

  • 2 моден монитор

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics