• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Скопје сити мол бара стилист за Сити мол магазинот

Од stylist @StylistMKD · На октомври 29, 2016

kombinacii-x-3

Храмот на шопингот го активира својот моден перископ и е

во потрага по стилист што ќе асистира во креирање на

модните едиторијали во зимското издание на Сити мол магазинот

Најавангардното и највозбудливо модно жариште Скопје сити мол овозможува нов моден предизвик за сите со изострено чувство за мода и за оние што допрва сакаат да се изразат и да инспирираат други, креирајќи свои модни визии. „Сврти нов лист и стани стилист“ е уникатен моден предизвик во кој сите вљубеници во модата ќе успеат да се изразат себеси на креативен и на оригинален начин.

Модните познавачи  Драган Христов – моден дизајнер, Катерина Трајановска – моден новинар и стилист и Ана Несторовска – моден новинар и моден консултант изработија три целосни модни комбинации на кои им недостига само едно парче. На ФБ фан страната на Скопје сити мол сите што сакаат да учествуваат во овој моден предизвик ќе можат да ја надополнат соодветната комбинација со свој предлог и да ја збогатат со она со што тие сметаат дека ќе ја направи уникатна, впечатлива и комплетна.

Модните стилисти ќе одберат три девојки или момчиња чиј предлог го сметаат за оригинален придонес кон нивната комбинација, по што одбраните тројца ќе добијат можност и самите да создадат своја комплетна модна комбинација што ќе биде изложена на кукла во Скопје сити мол.

Сите посетители ќе имаат можност да гласаат за комбинацијата што најмногу им се допаѓа на ФБ Фан страната на Скопје сити мол, а Casual Stylist-ите ги чекаат волшебни награди.

Скопје сити мол ги поддржува сите девојки и момчиња да учествуваат во овој моден предизвик, да го направат својот прв исчекор кон модата и да станат стилисти на модните едиторијали во зимското издание на Сити мол магазинот. А за сите останати што сакаат да уживаат во огромен избор на впечатливи модни комбинации, весели и стилски функционални парчиња облека во склад со модните диктати Скопје сити мол овозможува модни искуства со широкиот спектар на актуелни, забавни, естетски возбудливи примероци и други модни содржини.

2-ana

„Модата е одличен начин да го изразите своето расположение, а само едно вистинско парче облека може да го смени целокупното чувство и комплетниот моден израз во даден момент. Само едно вистинско парче облека може да ви донесе чувство на возбуда, среќа, восхит и да ви ја унапреди довербата што ја носите во текот на денот. На овие тмурни есенски денови им недостига малку возбуда во модата, мал поттик и инспирација и затоа ги поканувам сите момци и девојки да ја погледнат и да ја наподолнат мојата модна комбинација на ФБ фан  страна на Скопје сити мол со она што сметаат дека й недостига, чанта или шал, шапка или што било друго што сметаат дека ќе го збогати и ќе му даде уникатен печат на овој моден израз“

Ана Несторовска

1-katerina

„Отсекогаш сум ја сакала модата и она што таа може да го направи за поединците. Се чини дека нема полесен начин да се изразиш себеси, отколку токму преку облеката што ја носиш. Ја сакам моќта на базичната облека, но почитувам стајлинзи со барем едно впечатливо парче и со детали кои толку многу зборуваат за личниот стил, за модната смелост и за изградениот визуелен идентитет.

Во тој контекст го сакам она што една вонредно впечатлива марама или шал може да и го направи на секојдневна облека, како џинс и обична бела маичка. Со нетрпение ги очекувам сите предлози за тоа како останатите гледаат на мојата модна комбинација и парчињата што ќе ги предложат, што би можеле да ја надополнат и да ја збогатат. Нетрпелива сум да видам како останатите се вклопуваат во мојата визија и како гледаат на овој моден израз. Ме радува идејата дека нечии модни предлози ќе ме изненадат и ќе ме инспирираат и затоа ги повикувам сите момци и девојки да бидат храбри во изборот на чевли или што било друго што ќе ја надополни мојата модна игра“

Катерина Трајановска

3-dragan

„Една од најголемите вредности на модата е што помага да се редефинира она што претставува моќна и убава девојка или свесно, но пристојно момче, што модата ги охрабрува да посегнат по извонредни нешта што ќе ги направат уникатни. Единствено што не толерирам во модата и модниот свет е секоја форма на задевање, силеџиство, грубост и неповолен третман кон кого било што не исполнува некакви „замислени стандарди“. Љубезноста е нешто што не се купува со пари, а примерниот однос кон луѓето е нешто што е секогаш во мода. Затоа ги охрабрувам и ги поканувам сите момчиња и девојки што сакаат да си играат со модата, да го направат својот прв исчекор во тој свет и да ја надополнат мојата модна комбинација со чевли или она што сметаат дека й недостига, на ФБ фан  страна на Скопје сити мол. Најдобриот ќе биде одбран да биде еден од тројцата Casual Stylist-и“

Драган Христов

Casual StylistSkopje city mallSkopje City Mall магазинАна НесторовскаДраган ХристовКатерина ТрајановскаСврти нов лист и стани стилистстајлингстилист„Скопје сити мол“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics