• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

SLOWSCAPES 5 – Изложба на македонска еколошка мода и дизајн

Од stylist @StylistMKD · На септември 26, 2022

slowscapes (1)

Македонски шоурум за одржлива и еколошка мода и дизајн во КСП „Центар-Јадро“ од среда, 28 септември до недела, 3 октомври

Следната недела ќе се одржи најновото издание на изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes” во Kултурно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ на улица „Алберт Ајнштајн“, број 2 во Дебар маало, Скопје.

Изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина. Ќе бидат претставени најновите колекции на нашите дизајнери, чијшто производ е препознатлив по рачната изработка и трансформацијата на македонската занаетчиска традиција во современ производ.

Спротиставувајќи се на „брзата мода“ и прекумерното потрошување, изложбата исто така ќе има за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно.

Шоурумот ќе биде отворен од 28 септември до 2 октомври, а ќе функционира во периодот од 12 до 20 часот.

За ова издание беше објавен отворен повик и стручното жири ги одбра следните брендови и дизајнери: „Лудус“, Марта Пејоска, „My Precious“, „Армма“, Ксенија Котев и Нина Нине.

Поддржете ги малите еколошки локални бизниси
Кажете НЕ на „брзата мода“
Купувајте помалку, избирајте внимателно

slowscapes (1)

„Лудус“ ќе ја претстави актуелната колекција за есен-зима 2022/23 со наслов „Пост-родовост IV“. Шестото поглавје ја зајакнува темата на елиминирање на родовите улоги и ги преиспитува концептите на женственост и машкост во нашето општество.
Брендот се залага за еколошко и етичко производство, па така материјалите се 100% природни, дел се обоени со природни состојки, а дел ги оживуваат локалните занаети и им даваат употреба во современото дизајнерско производство.

slowscapes (2)

„Сензација“ е најновата колекција на Нина Нинеска. Композиции од рачно виткана неоксидирачка жица која се преплетува околу бисерот ја претставува сензацијата која е иницирана од убавината. Сензацијата е жицата, а бисерот ја претставува чистата исконска убавина. Бавно и нежно рачно изработениот накит ја поттикнува свесноста и подготвеноста за подобрување на квалитетот на животот.

slowscapes (3)

„Shades of harmony“  – Со танцувачки рефлексии на светлина и боја, водата стимулира интуиција, чувствителност, имагинација и слобода на движење. Симбол на бесконечниот проток кој се движи низ блокадите на душата и го ослободува внатрешниот мир. Со сета своја моќ се смета за прочистувач на душата. Персонификација на заштита и ранливост, промена и постојаност. Ксенија Котев креира модерни парчиња накит од рециклирано сребро.

slowscapes (4)

Зад брендот „Мy Precious“ стои Елена Поповска која целосно рачно ги изработува парчињата со што употребата на енергенси е сведена на минимум. Колекцијата „Белези од природата“ е составена од рачно изработен накит од сребро и бакар е инспириран од пеперутките кај нас и во светот. Со реалистичното рачно цртање авторката сака да ја доближи природата до урбаната жена.

slowscapes (5)

„Тога Пула“ е насловот на колецијата на брендот AЯMMA на Амра Исмани. Мултифункционалноста и спонтаноста на елегантната драперија на тогата се главните елементи врз кои е креиран првиот фустан од истоимената колекција, во 2015 година. Водена од премисата дека облеката му е потчинета на телото, AЯMMA е колаж од удобност и мултифункционалност која ги дестабилизира конзервативните замисли за женската естетика.

slowscapes (6)

Новата колекција „Риби“ на Марта Пејоска се занимава со водата, односно езерото како главен инспиративен момент. Овој пат, покрај брановите, на виделина излегуваат и рибите. Материјалот е сребро, со додаток бисер и природен камен од брегот на езерото. Производите се целосно рачно изработени во студиото на дизајнерката во Охрид, која веќе 15тина години е присутна на македонската дизајн сцена.

My PreciousSlowscapesАрммаКсенија КотевЛудусмакедонска модамакедонски дизајнМарта ПејоскаНина Нине
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079 моден монитор

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

  • 1 моден монитор

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

  • ana моден монитор

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics