• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
нега 0

Совети од д-р Соња Петрушевска Доневска за правилна заштита од сонцето

Од Катерина Трајановска · На мај 16, 2018

sonja petrushevska eucerin

Во пресрет на сезоната на летни одмори и зголемената изложеност на сонце, клучно е да се запознаеме и потсетиме на нормите за правилно однесување на сонце и да ја одбереме најквалитетната заштита за да го спречиме фотостареењето на нашата кожа. Со таа цел разговаравме со дерматовенерологот д-р Соња Петрушевска Доневска, стручен медицински соработник на Еуцерин во Македонија, која ни понуди корисни совети како да се однесуваме за да се заштитиме од штетните сончеви зраци, ни објасни зошто е важно да користиме соодветни козметички препарати со заштитен фактор, а ни предложи неколку производи од широката палета на Еуцерин, брендот на медицинска козметика кој се смета за лидер во делот на заштита од сонце.

Како дермaтовенеролог кои се главните правила што ги советувате кога е заштитата од сонце во прашање?

-Во основа треба да ги следиме т.н. златни правила, а тоа се: да го избегнуваме силното пладневно сонце, да не ги изложуваме бебињата и малите деца до 3 години на прејака сончева светлина, да избереме производ за заштита од сонце според нашиот фототип на кожа, да нанесеме од него пред да излеземе на сонце и редовно да повторуваме во текот на денот, да носиме облека од лесен материјал, капа, очила за сонце, да пиеме доволно течности и да бидеме особено внимателни со изложување на сонце доколку сме правеле ласерски третмани, хемиски пилинзи или ако земаме фотосензибилизирачки лекови.

Зошто е важно да се заштитуваме од УВА и УВБ зраците со помош на козметички препарати? Што се случува со кожата ако не нанесуваме производи со заштитен фактор?

-Последниве неколку децении науката дојде до доста нови сознанија во однос на влијанието на сонцето на нашата кожа. И научно се докажа дека сонцето освен позитивно влијание, остава и трајни оштетувања на кожата. УВБ, УВА зраците и високоенергетската видлива светлина (ВЕВС) како дел од сончевиот спектар доведуваат до изгореници, ги оштетуваат колагенот и еластичните влакна во кожата што води до намалена еластичност и тонус на кожата и појава на брчки, предизвикуваат нарушување на пигментацијата на кожата, оштетување на клетките и нивната ДНК што пак доведува до можност за појава на бенигни и малигни промени на кожата итн.

eucerin (2)

Козметиката Еуцерин има широка палета на препарати кои нудат врвна заштита од штетните сончеви зраци, наведете кои сè производи од линијата Sun Protection можеме да ги најдеме кај нас? Кои се иновативните формули и клучните состојки што тие ги содржат?

-Еуцерин има во позадина научници кои работат во еден од најголемите научноистражувачки центри во светот и тие се лидери во однос на заштитата од сонце. Производите освен што овозможуваат висококвалитетна заштита од УВБ, УВА и ВЕВС, имаат и биолошка заштита. Биолошката заштита ги заштитува клетките и наследниот материјал од оштетувањата коишто можат да ги направат слободните радикали. Тоа е особено важно за децата чијашто кожа е многу чувствителна и е подложна на оштетување и за кожата на лицето којашто е постојано изложена на сонце. На располагање има повеќе производи, со цел да се задоволат индивидуалните потреби на секој корисник. Има производи за нега и заштита на кожата на лицето, производи за тело, производи за деца и производи наменети за луѓе кои имаат алергија на сонце. Последниве производи се уникатни и многу ефикасни во заштита на кожата од сонце и воедно спречување на алергиска реакција на кожата од сонце.

Повеќето препаратите на Еуцерин имаат заштитен фактор од 50, колку е клучно оваа SPF бројка да е висока?

-Бидејќи Еуцерин е медицински бренд, нашите корисници се луѓе кои имаат медицинска потреба од највисока заштита од сонце или луѓе кои имаат највисоки очекувања од заштитата од сонце. Не се сите производи со заштитен фактор 50, но продажбата кај нас во Македонија покажува дека корисниците овде очекуваат и бараат највисока заштита, па ние тоа и го овозможуваме.

Заштитните препарати се наменети за во градска средина, за на планина, не само на плажа и летување, нели? Дали во топлите месеци треба редовно да нанесуваме заштитни препарати каде и да сме?

-Секако. Еуцерин линијата за заштита од сонце има производи наменети за нега и заштита на кожата на лицето од сонце и препорачуваме истите да се користат за време на сончевиот период на годината, односно од март, април па до септември, октомври. Од нив има 3 основни производи за нега според типот на кожа на лицето (за сува, за нормална до комбинирана кожа и за масна и акнеична кожа), крем за повозрасна кожа кој освен заштитен фактор од сонце има и хијалуронска киселина која помага во борбата против брчките, како и 2 CC креми во 2 нијанси, за светла кожа и за потемна кожа. Со редовна нега ние ќе ја заштитиме кожата од предвременото фотостареење.

ECN_69741_SSP_Kids_Sun_Lotion_50plus_400ml_Print (300 dpi)

Лосион за заштита на детската чувствителна кожа

Како се негува и заштитува бебешката, а како зрелата кожа?

-Кај бебешката кожа и кожата на децата до 3 години сопствените механизми за заштита од сонце сè уште не се доволно развиени. Истовремено нивната кожа е и многу чувствителна и не прифаќа секакви состојки. Атопичниот дерматитис или познат и како детски егзем е уште еден од знаците за големата чувствителност на детската кожа. Затоа за децата се потребни најквалитетни и најбезбедни производи за нега и заштита од сонце, коишто истовремено треба да бидат нежни и со смирувачки ефект за кожата. За разлика од најмладите, повозрасната кожа не е толку чувствителна, освен кожата со витилиго. Затоа кај повозрасните повеќе ги адаптираме според типот на кожата, бидејќи во тој период сретнуваме проблеми од типот на акни, невродерматитис и слично.

Колку често треба да се нанесуваат зашитните препарати, особено кога сме на летување и покрај плажа? Како правилно да ги користиме за да ја постигнеме вистинската заштита од штетните сончево зраци? И кои делови од телото треба да ги намачкаме, а многу често ги игнорираме?

-Првото мачкање треба да е 10-15 минути пред да отидеме на плажа. Потоа на околу 2 часа треба да ја дополнуваме заштитата од сонце, бидејќи при потење, пливање, сончање и сл. Се губи дел од нанесеното средство за заштита од сонце. Многу е важно да ги почитуваме и интернационалните “златни правила за однесување на плажа” коишто ги набројав на почетокот. Во однос на тоа колку целосно се заштитуваме од сонце, научниците од Еуцерин правеле испитувања. Со нив е потврдено дека многу често не го заштитуваме или недоволно ги заштитуваме грбот, задната страна на рацете и нозете, стапалата, лицето во предел на очилата, местата каде што завршуваат костумите за капење, веројатно затоа што избегнуваме да ги извалкаме…

ECN_87934_PAC_Sun_Fluid_SPF-50plus_Print (300 dpi)

Флуид со заштитен фактор 50, кој го спречува фотостареењето и ги намалува брчките

Што значат термините фотостабилност и фотостареење, кои често ги среќаме кога се заштитните препарати во прашање, и како да го одложиме фотостареењето на кожата?

-Терминот фотостабилност значи дека производот не ги губи своите својства под дејство на светлината и високата температура, што е гаранција за неговата ефикасност и долготраен ефект. Фотостареење пак означува појава на знаците на стареење на кожата под влијание на УВ зраците и ВЕВС, односно појава на брчки, намален тонус и еластичност на кожата, истенчена кожа, хиперпигментации и слично. Фотостареењето можеме да го спречиме со правилно однесување на сонце и истовремено користење на квалитетна заштита од сонце во текот на сончевиот период од годината. Во другиот период од годината, потребно е дневните креми со подмладувачки ефект да имаат заштитен фактор од сонце 15, за кој се смета дека е сосема доволен да ја заштити нашата кожа од предвременото фотостареење.

Како да ја негуваме кожата после изложеност на сонце?

-За време на годишните одмори и периодот потоа потребно е да користиме соодветно средство за туширање и за нега на кожата после сончање, избрано според типот на кожа на телото. Често правиме грешка кога ќе избереме најмасен производ за нега на кожата, кога таа се лупи или се перута после одмор. Тогаш кожата има потреба од интензивна хидратација, а само ако е сува како тип на кожа има потреба и од замастување. Кај останатите интензивната хидратација ќе биде сосема доволна за да ги задоволи нејзините потреби. Периодот после одмор добро ќе ни дојде и пилинг на телото на 2-3 дена, со цел побрзо да ги отстраниме мртвите клетки од површинскиот слој на кожата.

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

EucerinД-р Соња Петрушевска ДоневскаЕуцеринзаштита од сонцезаштитен факторнегасовети
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 нега

    Совети за пролетен блескав тен

  • eucerin нега

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

  • eucerin (2) нега

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics