• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Станете фриленсер преку обуката за „Дизајн на облека во 3Д“

Од stylist @StylistMKD · На септември 7, 2022

Foto Cover_Najava

Прва домашна обука за фриленсинг во модната индустрија

Во низата на домашни обуки за различни ИТ области, маркетинг или човечки ресурси кои се дел од понудата на речиси сите домашни центри за неформално образование, конечно добивме освежување со обука која се однесува на некоја друга област. И не било која, туку баш модната која се смета за една од најатрактивните во најразвиените земји од светот!

„Дизајн на облека во 3Д“ е насловот на првата домашна обука (http://fashion-freelancer.mk/) што има амбиција да ги привлече сите оние кои се заинтересирани за покреативниот аспект на творењето и ширум да ги отвори вратите за влез во светот на модата.

-Машината за шиење ја заменивме со компјутер, а конецот со софтвер за 3Ддизајн - вели Јасмина Чанева Лазовска, организатор на обуката која доаѓа од компанијата МК Вера Монд која веќе 25 години е дел од текстилната индустрија работејќи за некои од најзвучните модни брендови.

-Преку обуката ќе научите вештини со кои успешно ќе можете да работите за било кој светски производител на облека, дизајнерски тим или ланец на модни продавници – директно од Вашиот дом, на вашиот копјутер – дизајнирајќи парчиња облека кои ќе бидат единствено резултат на вашата креативност и имагинација - објаснува Чанева Лазовска.

Фото1_Jasmina

Јасмина Чанева Лазовска

Обуката има вкупно 9 модули и ќе трае 13 недели со динамика од 2 часови неделно – онлајн, плус индивидуални менторски сесии. Во делот за дизајнирање на облека во 3Д, покрај Лазовска, инструктори се и Јована Јорданова, Цветанка Гаревска и Даница Ѓоргиева – сите успешни и признаени во својата област на дизајнот. Обуката инкорпорира и дел кој ќе Ви помогне како со овие знаења успешно да „пливате“ во фриленсерските води и своето новостекнато знаење брзо да го усогласите со барањата на светските модни компании. За овој дел од обуката, насловен „Успешен фриленсинг“, ќе биде задолжен Блаже Спирковски – еден од најуспешните домашни фриленсери.

Субвенционираната цена на чинење изнесува 250 евра, а покрај стекнатите работни вештини, секој од учесниците ќе добие лиценциран Сертификат за дизајн на облека во 3Д, како и лиценциран софтвер за работа во времетраење од три месеци. Повеќе детали за обуката можат да се најдат на веб страницата www.fashion-freelancer.mk.

Обуката на првата група апликанти е закажана да започне на 5 октомври, а пријавувањето за неа е отворено најдоцна до 1 октомври 2022 година. Пријавувањето се врши преку претходна регистрација на следниот линк.

Одржувањето на обуката е подржано со програмата Reconomy – регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics