• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
стилска листа 0

Стари модни правила што треба да ги скршите

Од stylist @StylistMKD · На март 17, 2016

Во ерата на модниот концепт Аnything Goes експертите почесто ќе ве охрабрат да го искомбинирате и она што по старите правила не се комбинира, отколку слепо да се водите од некои начела што денес дури и се сметаат за демоде. Црна и тегет!? Може! Чевли и чанта во иста боја!? Подобро не! Црната не се носи во лето, а белата никако во зима!? Нели е ова чудно правило… Хоризонталните линии се само за слабите девојки!? Па, не е баш така… Модата се темели на правила и диктати, ама некогаш правилата постојат за се скршат или да се интерпретираат на свој начин.

Дозволено е да се скршат и следниве стилски диктати:

1

Светките се за вечерно излегување

Се разбира фустанот од свекави пулејки е наменет за официјална коктел-забава или некој ноќен настан. Но, скоро секој може да вметне малку светкави делови и во дневната комбинација – светкава лента на блузата, светкав детаљ на сакото, суптилно може да се вметнат во гардеробата за секое време од денот.

2

Избегнувајте бела боја во зима

Кој тоа прогласи дека не може да се носи белата во зима!? Во последните сезони белата доживеа враќање во зимските колекции на дизајнерите. Mоже да комбинирате бел џемпер со бело здолниште, повторно актуелните бели фармерки со бела кошула, или храбро изберете бел фустан како алтернатива на малиот црн фустан.

3

Никако чорапи со сандали

Спојот на чорапи и сандали повеќе не е само за смешни туристи. Сезони наназад модните вљубеници комбинираат дебели хулахопки со чевли со отворени прсти, сега одат понатаму и носат чорапи и сандали. Но, за да го избегнете туристичкито изглед, никако не бирајте бели чорапи со спортски сандали, туку некои необични чорапи со шик модерни сандали. На пример, чорапи со тантелен раб и сандали со високи потпетици, или чорапи во интензивна боја под омилените сандали со полна пета. Овој мини-тренд ќе биде насекаде периодов.

4

Не комбинирајте тегет со црна

Уште едно демоде правило кое ниеден добар познавач на модата повеќе не го следи. Црната и тегет бојата може да изгледаат неверојатно шик заедно, исто како што може да одат црната и кафената. Правете контраст на ткаенини со различна „тежина“ и текстура – на пример, деликатна, свилена тегет блуза со тешки, кожени, црни панталони. Еден моден уредник на Cosmopolitan, ќе рече „малку конфузија со бојата, никогаш не убила никого“.

5

Кратките блузи се само за оние со рамни стомаци

Пред неколку месеци во еден моден магазин беше објавено дека „жените може да носат краток топ само ако имаат рамен стомак“. Како што може да замислите, на оваа модна дискриминација се побунија илјадници жени од целиот свет и на Инстаграм почна да објавуваат фотографии со своите голи стомаци во сите облици и велини под ознаката #RockThe Crop. На крајот на краиштата, секоја од вас треба сама да одлучи колку многу или колку малку ќе открие од својот стомак. Ако убаво се чувствувате во кратка блуза или бикини, без разлика дали сте „сучка“ слаби или пополнички, само напред!

6

Не мешајте дезени

Точки + линии+ пепито + ѕвезди + цвеќиња + карирано… Некои комбинации од повеќе дезени изгледаат многу слатко, некои смело. Што се однесува до мешањето принтови, единствена граница во модната креативност е вашата самодоверба. Ако сте малку модно посрамежливи, почнете со микс од едноставна шара со некоја покомплексна, или на два разлини дезена со слична колорна шема. Оние похрабрите ќе направат спој од црно-бели линии со шарен, цветен дезен или пак ќе измешаат апстрактен принт со точки.

7

Избегнувајте хоризонтални пруги

Спротиставете се на мислењето дека хоризонталните линии уште повеќе ќе ве прошират, и слобоно носете пруги онака како што сакате – пругаста маица со здолниште кроено во круг, или една супер пролетна комнинација од деликатна кошула со линии, фармерки и балетанки.

8

Секогаш комбинирајте чанта и чевли во иста боја

За ова правило најмногу се држат повозрасните, додека во модата одамна се препорачува да правите распар – ако ви се допаѓа комбинацијата од омилените кафени антилоп чизми со црна чанта, слободно инкорпорирајте ја во стилот. Многу е подобро распарот да е складен во однос на стиловите и материјалите, отколку слепо да се држите до спојот на бојата, иако чевлите се во елегантен, а чантата во спортски стил.

9

Кажете НЕ на двојниот џинс

Носењето џинс кошула, џинс фармерки и џинс јакна кои се во иста нијанса допринесува за минималистички изглед, додека доста шик изгледа и комбинацијата од тенка текскасна кошула со темни фармерки. Навистина може да го скршите и ова правило.

10

Не носете црно во лето

Слично како и второто правило, ако сакате црни блузи и црни здолништа носете ги и во ноември и во јули. Иако бабите ве учеле да не носите црно во топлите месеци, изберете некој долг црн памучен фустан или слоеви од модни парчиња од свила или шифон.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 111 стилска листа

    Седумте тајни на секогаш дотераните жени

  • 1 стилска листа

    Пет јакни што треба секоја жена да ги има во гардеробата

  • fjshjf стилска листа

    Предлог зимски стајлинзи за празнични денови поминати на отворено

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics