• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Модно патување со колекцијата „VOYAGE“ на Стефанија Насеска

Од stylist @StylistMKD · На октомври 19, 2020

SN1

Откако премиерно ја прикажа во рамки на дваесет и второто издание на Моден Викенд Скопје, познатата македонска дизајнерка ја пресели новата колекција на повеќе градски локации, претставувајќи ги креациите во сосема поинакво светло заедно со фотографот Сони Романов.

По успешниот камбек што го доживеа со „Саndy Love“, нејзината повратничка колекција после пауза од половина деценија, Стефанија Насеска уште еднаш потврди дека е бренд што ѝ недостасувал на нашата сцена изминатите години. Дизајнерката одново ги освои симпатиите на посетителите за време на неодамна одржаниот тридневен поп-ап шоурум „Свесна мода“ во Јавна соба, овојпат со креациите за есен и зима спакувани во нова колекција за двата пола со симболичен наслов „Voyage“.

SN2

-Секој од нас има свој животен пат и своја приказна за раскажување. Оваа колекција е мојата приказна за тоа кои сме ние, што имаме и што ќе им оставиме на генерациите по нас. Впрочем, и самиот назив не алудира на патување низ просторот, туку низ времето. Инспирацијата ми проникна од македонските народни носии. Позајмив специфични елементи и ги имплементирав во крајно модерни кроеви, обидувајќи се да направам спој на минатото и сегашноста, согледани од некое идно време. Ако имаме богатство коешто треба да го негуваме, тогаш токму ова е нашето. Должни сме да го пренесеме и на следните поколенија – објаснува дизајнерката.

SN3

„Voyage“ е прва колекција на Стефанија Насеска која е комплетно одржлива, соодветствувајќи на темата на последниот 22. Моден Викенд Скопје, каде беше една од учесничките со уметничка инсталација во склоп на изложбено-продажниот салон. Парчињата се изработени од природни материјали кои не загадуваат при нивното производство, или, пак, од фабрички остатоци и рециклирани материјали, со што се придонесува кон нула загадување на животната средина. Освен од еколошка гледна точка, таа е значајна и од етички аспект, бидејќи е изготвена со целосна посветеност на дизајнерката, без експлоатација на работничкиот труд:

SN4

-Континуирано во текот на единаесетгодишната кариера внесувам новитети, а најгорда сум што од оваа сезона го воведов мојот бренд во полето на одржливата мода. Како општествено и еколошки освестен дизајнер, посветив максимално внимание за заштита на природата, без создавање на отпад и користејќи рециклирани материјали, односно фабрички остатоци и нивна реупотреба. Важен акцент ставам и на начинот на производство, така што безрезервно се почитуваат работничките права и нема експлоатација на нивниот труд. Брендот ја задржува својата уникатност и малите производствени количини.

SN5

Патувањето на колекцијата „Voyage“ продолжува со нејзина дигитална промоција во медиумите и на социјалните мрежи. За реализација на едиторијалот снимен на повеќе впечатливи локации во градот, Стефанија Насеска за првпат оствари соработка со реномираниот моден фотограф Сони Романов. Главни протагонисти во приказната се моделите Елена Ристевска и Дарко Бошковски, тандемот што им даде живот на парчињата, а за чиишто изглед е заслужна визажистката Марија Лазарова од студиото за убавина Trend AS. Како уметнички директор и продуцент на целата кампања се потпишува Милан Атанасов, актуелен координатор за односи со јавност на МВСК.

SN6

- Среќна сум што од сезона во сезона соработувам со професионалци кои пред сè си ја сакаат работата исто колку и јас самата. Затоа и добриот резултат никогаш не изостанува. Секоја колекција што ја создавам има личен печат, но и носи посебен дух, поради што настојувам постојано да се окружувам со нови соработници, кои ќе ја доживеат на индивидуален начин, дополнувајќи ја со поразлична креативна енергија и естетска димензија од претходните. „Voyage“ веќе само не е моја колекција. Tаа е сега колекција на сите нас кои безрезервно се вложивме за нејзината визуелизација. Љубовта која се чувствуваше на сетот и вложеноста на целиот тим од самиот почеток ветуваше успех. И задоволство ми е да кажам дека имам пријатели како Елена, Марија, Милан, Дарко и Сони, кои се исклучително талентирани и посветени. Можеби ќе звучи клише, ама тврдам дека заедно сме посилни – заклучува Стефанија Насеска.

SN8

SN7

SN9

SN15

SN14

SN13

SN11

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics