• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
хајтек 0

Што сè ни носат Samsung Galaxy S10 телефоните?

Од stylist @StylistMKD · На април 25, 2019

GalaxyS10_Lifestyle_5

Самсунг Галакси С10 серијата на уреди забележа рекордни резултати во претпродажниот период, а само во нашиот регион остварен е 40% подобар резултат во однос на продажбата споредбено со Галакси С9. Кога зборуваме за резултатите остварени надвор од нашето поднебје, забележана е поголема продажба во однос на било кој друг паметен телефон на Самсунг кој може да се купи во Европа. Повеќе од половина од количината на Самсунг Галакси С10+ произведени уреди е веќе продадена, алудирајќи на растечкиот тренд меѓу потрошувачите да се интересираат и одлучуваат за телефони со високи перформанси и големи екрани.

Што е тоа што уредите од Галакси С10 серијата го имаат, а што потполно ги одушеви корисниците ширум светот, па и нас, ќе се обидеме да објасниме во следните реченици. 

Дизајн:

Не судете ù на книгата според корицата, односно не оценувајте го на телефонот според дизајнот во овој случај воопшто не важи. Затоа што, овој пат треба да се оцени телефонот според тоа како изгледа! Фантастичниот надворешен и препознатлив Самсунг дизајн претставува само вовед во децениската приказна за иновациите. Единствениот “Infinity-O“ екран во чии рамки е сместена цела низа сензори и технологијата за камера во “отворот на екранот“, создава навистина непречен приказ за корисникот. Благодарение на тоа што сензорите се наоѓаат во самиот екран, се создава максимална површина на екранот, од едниот до другиот раб, со однос од 19:9. Рабовите на уредот се симетрично заоблени од предната и од задната страна. Уредите се уште потенки, неверојатно удобни за држење и ракување со една рака. Телефоните пристигнуваат во оригинални бои: Призма Црна, Бела, Зелена, Сина и Неонско Жолта, а Галакси С10+ е достапен и со премиум керамичко куќиште во црна и бела боја.

Galaxy S10+ Ceramic Black_side

Батерија, перформанси, меморија:

Вештачката интелигенција на Галакси С10 серијата уреди овозможува неверојатна трајност на батеријата покрај врвниот хардвер (трета генерација на серијата 9 “Exynos 9820 8n“ и “DDR4X“ работна меморија). Галакси С10+ пристигнува со капацитет на батерија до 4100 mAh, моделот Галакси С10 – 3400 mAh, а Галакси С10е има капацитет на батерија – 3100 mAh. Уредите од серијата Галакси С10, сликовито прикажано, учат како корисникот го користи телефонот и според тоа ја оптимизираат потрошувачката на батеријата. Најновите телефони пристигнуваат со меморија од 6 гигабајти па сè до  12 гигабајти РАМ меморија и со 128 гигабајти, 512 гигабајти или 1 терабајт внатрешна меморија, која може да се зголеми со микроСД картица до 512 Гигабајти. Преку внатрешниот мемориски простор со големина до 1 терабајт кај С10+ уредите и додавање на микроСД картица со дополнителни 512 гигабајти се добива револуционерен простор од 1,5 терабајти – доволен за складирање на сè што е важно за корисникот – па дури и до крајот на животот.

Кориснички интерфејс – “ONE UI“

Новиот кориснички интерфејс, “ONE UI“, е реорганизиран за поедноставно и полесно управување со телефонот, а е предвиден за работење заедно со оперативниот систем Андроид 9 Пај (Android 9 Pie). Кај овој интерфејс перформансите се беспрекорни, додека иконите се јасни и воочливи. Горниот дел од екранот служи за приказ и претставува најпрегледниот дел на екранот. Преку долниот дел на екранот се овозможува наједноставна комуникација со она што ни е потребно од телефонот. Овој интерфејс е направен за корисникот да може со една рака да го користи уредот, па дури и кај екранот од 6,4 инчи, каков што има Галакси С10+. Исто така, тука е и ноќниот режим за работење, преку кој со еден потег, интерфејсот може да ја намали светлината на екранот и да го направи користењето на телефонот пријатно за очите во одредени услови – на пример, навечер.

51562266_772654423108445_7492149201215242765_n

Екран:

Тимот кој победува не треба да се менува и тоа е навистина така. Екраните на мобилните телефони на Самсунг ги воодушевија корисниците ширум светот, а кај Галакси С10 уредите, екраните се уште подобри. Компанијата Самсунг, во најновата С10 линија на уреди воведе Динамичен Супер АМОЛЕД екран со “HRD10+“ технологија, која се користи при изработка на премиум ТВ панели. Овој вид на екран прикажува широк спектар на бои и дава неспоредливо живописен приказ на сè она што се прикажува на екранот, благодарение на технологијата за тонско мапирање. Екранот создава уште подлабоки темни и светли нијанси, динамички ги мапира тоновите за подобра осветленост и тоа за широк спектар на бои. На овој начин создава подобра и почиста слика при голема осветленост.

Безбедност:

Самсунг го воведе првиот во свет, ултразвучен скенер за отпечатоци на прсти кој ги чита три-димензионалните контури на прстот, а не само дво-димензионалните, сместен во самиот екран. Овој сензор скенира и три-димензионално го мапира врвот на прстот, со што фалсификувањето е невозможно. Не само што ја “чита“ шарата на отпечатокот на прстот на корисникот, туку и длабочината на браздите и целиот отпечаток – создавајќи најголемо ниво на безбедност досега. Овој скенер функционира во сите услови, без разлика дали рацете на корисникот се суви, влажни, топли, студени…

53869346_123280182130604_1674367784549606296_n

Камера:

Можеме да кажеме дека Галакси уредите имаат навистина одлична камера, за секоја пригода. При ваков систем на камерата, секој корисник може да се претвори во професионален фотограф. Галакси С10+ има три задни и две предни камери, Галакси С10 има три задни и една предна камера, додека пак Галакси С10е пристигнува со две задни и една предна камера. Сите три уреди користат речиси идентичен систем на задни камери, а супер брзиот “Dual Pixel“ сензор е главна, широко-аголна камера од 12 мегапиксели која ја има во сите три уреди. За прв пат во С серијата, системот на камерата се состои и од ултраширок објектив со видно поле од 123 степени (како човековото око) и 16 мегапиксели, во сите три модели. Дополнително, Галакси С10 и С10+ имаат и телефото камера од 12 мегапиксели. Телефото и супер брзата Дуал Пиксел леќа имаат Оптичка стабилизација (OIS), а ултра широко-аголната леќа има Супер стабилизатор. Она што навистина претставува револуционерна новост е тоа што и предната и задната камера може да снимаат до “UHD“ квалитет, а задната камера може да снима и со “HDR10+“ квалитет. Галакси С10 телефоните поддржуваат снимање во 4К резолуција до 60 fps. Телефоните пристигнуваат со неверојатна предна камера, додека Галакси С10+ поседува две. Како главен сензор, уредите го користат широко-аголниот сензор од 10 MP, со отвор на бленда f/1.9, како и Дуал Пиксел “PDAF“ технологија. Со ова, новите Галакси уреди ја поседуваат првата предна камера која содржи ваква технологија.

GalaxyS10

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 (4) хајтек

    Создадени првите Viber стикери со македонски знаковен јазик

  • cover-peshak2 хајтек

    Challenger – македонска мобилна апликација која те наградува додека пешачиш и трчаш

  • HUAWEI P40 lite хајтек

    Дополнете го вашиот карактер со новиот HUAWEI P40 lite

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics