• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Американската кардиолошка асоцијација ја повлече научната студија каде беше потенциран ризикот од употребата на електронски цигари

Од stylist @StylistMKD · На март 4, 2020

87485926_193256161772367_2259586185665970176_n

Американското здружение на кардиолози (ЈАХА) ја повлече научната студија каде беше потенцирано дека употребата на електронски цигари е директно поврзана со ризикот од срцев удар. Студијата беше повлечена поради недостиг на сигурност во резултатите од истражувањето, објави списанието на здружението 

Уредниците стручното списание на Американското здружение на кардиолози (ЈАХА) објавија белешка со којашто се повлекува студијата, чиј автор е д-р Стентон Гленк, професор по медицина и директор на Центарот за истражување и образование на контрола на тутун на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско. Според белешката, студијата е потенцијално базирана на погрешни резултати од истражувањето, како и дека не биле земени предвид клучните информации од базата на податоци за Студии за тутун и здравствена анализа на населението во САД.

„Постојат сè поголеми докази дека научно одобрените производи што се во легална продажба  и коишто не согоруваат, како што се е-цигарите и производите базирани на загревање на тутунот, иако не се целосно без ризик, се многу подобра алтернатива од цигарите за луѓето кои инаку би продолжиле да пушат“, се наведува во објаснувањето.

Во него се додава дека овие докази се потврдуваат и од голем број независни студии и заклучоци од водечки стручни организации, како што се Управата за храна и лекови на САД, Англиската агенција за јавно здравје и Кралскиот медицински колеџ во Австралија.

Во последниве години, сé повеќе се менуваат „застарените“ закони и се прави раздвојување на категориите на производи без чад во однос со цигарите поради нивната различна природа и потенцијалот што го имаат во однос со јавното здравје, во споредба со пушењето. Таков е случајот во Америка, Велика Британија, Италија и Португалија, додека други земји, како Нов Зеланд и Грција, исто така најавија чекори во оваа насока.

Друга студија на д-р Ауер и други, предизвика големо внимание и ја доведе јавноста до погрешен заклучок во врска со намалувањето на потенцијалниот ризик од IQOS производи за загревање на тутунот.

Во написот на „Дејли меил“ се вели дека „IQOS произведува повеќе токсини отколку што првично се мислеше“, а Филип Морис Интернешнл, производителот на IQOS, ја критикуваше методологијата и заклучоците од оваа студија.

Во заклучоците, при прегледот на доказите за овој производ, Управата за храна и лекови на САД одлучи да не ја разгледа оваа студија, изјавувајќи дека „објавените податоци не се сметаат за соодветни за да се споредат нивоата на HPHC помеѓу производите на IQOS и цигарите што согоруваат “.

„Во студијата на Ауер постојат значителни аналитички проблеми, како што се недостиг на тестирни референтни примероци, мал број повторувања и недостиг на селективност за некои аналитички методи. За разлика од тоа, не утврдивме специфични проблеми со методите на кандидатите”, оцени тогаш компанијата Филип Морис.

Одлуката една од водечките научни публикации да ја демантира студијата каде употребата на електронските цигари се доведува во врска со инфарктот на миокардот, беше поддржана и од Националниот институт за здравство, каде се наведува дека ваква постапка „може да помогне да се избегне потенцијалната штета на полето на науката, потрошените ресурси, пациентите, доколку тоа се направи навреме. “

„Оваа ситуација само го потврдува она што го тврдам подолго време, дека помеѓу истражувачите во областа на контрола на тутунот постои голема пристрасност против електронските цигари што доведе до ова фијаско“, изјави професорот за јавно здравје на Универзитетот во Бостон, Мајкл Сигал.

Барањето оваа публикација да се објави во демант на студијата, објавена во јуни минатата година, беше прво побарано од Дејвид Абрамс, професор на универзитетот во Њујорк и поранешен директор на Одделот за бихејвиорални и општетствени науки на Националниот институт за здравство, заедно со група од 16 академици , научници и други професионалци за јавно здравје.

Абрамс  подготвува и писма до Секторот за интегритет на истражувања на Националниот институт за здравство и до претседателот на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, барајќи истрага и други истражувања на Гленк.

 

Извор: beta.rs

Американско здружение на кардиолозиелектронски цигаринаучна студија
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • winter festival животен стил со...

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

  • Poster-so-logoa-story_1 животен стил со...

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

  • KID-EXPO--poster животен стил со...

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics