• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Швајцарија и Пакомак заеднички инвестираат во подобра инфраструктура за селектирање на амбалажен отпад

Од stylist @StylistMKD · На март 12, 2024

EB5A1800

Селектирајте го отпадот и претворете го во зелени поени

Минатата година, Пакомак со поддршка на Швајцарија постави повратни вендинг машини за селектирање на пластични шишиња и лименки во повеќе големи маркети низ државава. Со одлагање на амбалажниот отпад во вендинг машините, граѓаните имаат можност да собираат зелени поени и истите да ги користат за плаќање во маркетите со помош на Екомак апликацијата достапна на Google & Apple. Од неодамна, граѓаните имаат можност да пронајдат ИГЛО контејнер и на онлајн мапата, достапна на следниот линк https://app.maps.pakomak.mk:7443/. На оваа мапа граѓаните може да се информираат каде најблиску можат да го одложат селектираниот отпад, имено во сините контејнери се одлага хартија, во зелените стакло и во жолтите пластика.

ПАКОМАК во партнерство со Швајцарија ја модернизираат инфраструктурата неопходна за селектирање на амбалажниот отпад Пакомак, како прва и водечка компанија за управување, селекција и рециклирање на отпадната амбалажа во земјава, повеќе од една деценија успешно и посветено работи на создавање на здрави, зелени навики кај граѓаните и спроведување на најсовремени технологии за управување со отпад. Годишно, тие собираат и носат на рециклирање околу 28-30.000 тони или скоро 25-27% од вкупните количини на амбалажен отпад во земјата. Со цел да се подобри селектирањето и одлагањето на отпадот, во партнерство со Владата на Швајцарија, Пакомак инвестира во паметни зелени технологии кои го олеснуваат процесот на селекција за граѓаните. Во рамки на оваа соработка, денес Швајцарската амбасадорка, Н.Е. Вероник Улман, официјално му предаде на Пакомак два специјализирани камиони за собирање на отпад од пакување.

- Пакомак веќе има воспоставено механизми за селективно одложување на отпадот, потоа и негово рециклирање, но сé уште има простор за подобрување. Токму затоа, Швајцарија работи со посветени партнери, како што е Пакомак, да се поддржат националните и локалните иницијативи за одржлив развој. Навремено празнење на контејнерите и поставување на повеќе вендинг машини е еден од начините на кои може да придонесеме со цел сѐ повеќе луѓе да ги користат можностите за селектирање. – потенцираше Амбасадорката

Новите камиони ќе ја покриваат целата територија на Република Северна Македонија, истите се опремени со најсовремена технологија за управување и ќе се собира амбалажниот отпад: стакло, пластика, метал и хартија кој граѓаните го одлагаат во познатите зелени, жолти и сини ИГЛО контејнери.

- Особено сме горди и благодарни на Владата на Швајцарија за досегашната соработка. Работиме посветено во насока на позиционирање како одговорна, иновативна и „зелена„ компанија чија мисија е унапредување на општеството преку спроведување на успешни и одржливи стратегии за управување со отпад. Денешната донација е само потврда дека сме на вистинскиот пат и дека сме препознаени како стабилен и успешен партнер. Новите камиони ќе ни овозможат уште подобро управување со отпадот кој граѓаните го одлагаат во нашите ИГЛО контејнери. Се надеваме дека соработката со Владата на Швајцарија ќе продолжи и во иднина бидејќи тоа ќе биде од огромна помош за исполнување на ЕУ целите кои што ги има нашата држава – изјави Филип Ивановски, генерален директор на Пакомак.

110,000 тони амбалажен отпад ја загрозуваат животната средина во земјава

Околу 110.000 тони амбалажен отпад од различни типови се создаваат годишно во земјава, а несоодветното одлагање заради несоодветно селектирање на тој отпад влијае негативно врз здравјето на луѓето и животната средина. Иако има напредок во селектирањето и рециклирањето на отпадот, сè уште има многу работа пред нас. Потребни се постојани напори за подигање на свеста на граѓаните и подобрување на инфраструктурата за селектирање на отпадот за дополнително да се намали количината на амбалажен отпад што завршува на депониите.

Поткревањето на свесноста кај граѓаните за важноста на темата и нивното активно вклучување во селектирањето на отпадот е клучно за собирање на амбалажниот отпад кој може потоа да се рециклира, наместо да се одлага во депониите каде што ќе остане со години и ќе влијае негативно на животната средина и климатските промени. Токму затоа освен инвестициите во контејнерите, Пакомак постави и вендинг машини со цел да се селектираат пластични шишиња и лименки кои можат повторно да се рециклираат во амбалажа. Имено, ПЕТ пластичното шише кое сте го одложиле ќе може да се рециклира и тој материјал ќе се искористи за производство на исто такво шише кое што во иднина може повторно да заврши кај вас, при тоа заштедувајќи околу 60% од емисиите на СО2. Тоа се најновите ЕУ стандарди на циркуларната економија и барања кои што треба и ние да ги практикуваме, односно од пластично ПЕТ шише повторно да добиеме ПЕТ шише за иста намена со цел што е можно помалку да користиме материјали од природата за производство на амбалажата.

Граѓаните преку веб страницата на Пакомак може да пристапат до мапите и до апликацијата и да се информираат повеќе за тоа како од селектирање на амбалажен отпад може да се допринесе до почиста и поздрава животна околина.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • KID-EXPO--poster животен стил со...

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

  • 1 животен стил со...

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

  • Women in tech & Metergram (1) животен стил со...

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • 1 Irina Tosheva workshop

    Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics