Скопје се подготвува за спектакл од светска класа! На 13 март 2026 година, во арената „Борис Трајковски“, ќе настапи мега популарниот HUGEL со своето ексклузивно шоу “UP ALL NIGHT” и интересот е огромен уште од самиот старт.
Ова е единствен настап на HUGEL во регионот, што дополнително го зголемува значењето на настанот. Францускиот диџеј и продуцент моментално е на светска турнеја со настапи речиси секој ден во различен дел од светот-од Европа, преку Латинска Америка, до Азија и Австралија. Речиси сите негови настани се предвремено распродадени, а организаторите очекуваат истото сценарио и во Скопје.
HUGEL важи за еден од најбараните артисти на денешната електронска сцена, со милиони стримови и фестивалски настапи на најголемите светски бини. „UP ALL NIGHT“ во Скопје ќе биде аудио-визуелно шоу со продукција на високо интернационално ниво, специјална сценографија и незаборавна атмосфера.
Билетите се во продажба преку kupikarta.com, а организаторите апелираат навреме да се обезбедат билети по актуелните цени, со оглед на засилената продажба и регионалниот интерес.
13 март 2026, вечер кога Скопје ќе биде дел од светската турнеја на HUGEL.
































Нема коментари