• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Танцот во „Тишина” со гласна порака против семејното насилство

Од stylist @StylistMKD · На јуни 4, 2018

Tishina

На 20.06.2018 година, на големата сцена во Македонската опера и балет, Културно-уметничкиот центар Битрикс ќе ја изведе премиерата на најновата танцова претстава наречена „Тишина“

Идејата за претставата „Тишина“ е поттикната од еден од најчестите проблеми на денешницата – семејното насилство. Низ перформансот осцилираат ситуации од вистинити приказни  од секојдневието на членовите и нивното опкружување, кои за жал, се прифатени и сè уште присутни во заедницата, а жртвите се чувствуваат немоќни.

„Тишина“ е еден аудиовизуелен перформанс во кој повеќе уметнички фрагменти создаваат една неверојатна целина, а се со цел да ја разбудат свеста и да охрабрат промена за оние на кои им е потребна!

Кореографи на претставата се Ивана Балабанова и Леонардо Хусеини од Битрикс, а во неа се вклучени 31 танчер.

Целосната креатива и изработка е поддржана со активноста на видео-продукцијата Марсбен, концепт-креаторот и графички дизајнер Ана Стојановска, веб-дизајнерот Томислав Балабанов, психотерапевтот Тина Васков, Владо Караев како надворешен соработник и активист против семејно насилство, фотографот Ѕвонко Петровски, Иван Петров – музички продуцент, вокалната група составена од: Стефан Манасиевиќ, Матеј Петров, Јулија Трајковиќ, Полина Тасева, Дамијан Каранфилов, Искра Мицковска и Маја Јанковска, професорката по актерска игра Кристина Леловац, здружението “Надеж” кое низ годините се бори против семејното насилство и ја нуди СОС линијата за помош на жртвите од семејно насилство и маркетинг агенцијата McCann Скопје.

Картите за претставата се веќе пуштени во продажба и се достапни во  Битрикс и преку онлајн продажба на: karti.com.mk  и mktickets.mk

Битрикс се повеќекратни шампиони на многу државни и меѓународни натпревари, а и вицешампиони на ESDU Светското првенство во модерни танци. Тие се креатори на многу проекти, меѓу кои позначајни се двете танцови претстави “Издигнување” (премиера 2013 на „Танц Фест”) и „Делови“ (премиера 2016 на кровот на катната гаража „Македонска Фаланга“). Тие се креатори на единствениот танцов камп во Македонија „Битрикс Танцова Лига“, на кој до сега учествувале кореографи од Холандија, Швајцарија, USA, Италија, Германија, Украина, Естонија, Грција, Србија, итн.  Нивното портфолио брои огромен број на перформанси за: Вип, Apple, Timberland, Replay, Buzz Sneaker Station, Neuland, Seavus, итн.

Повеќе информации за претставата и Битрикс може да се најдат на оваа Фејсбук страница.

Beatrix CrewБитриксИвана БалабановаЛеонардо Хусеиниперформанссемејно насилствотанцтанцов перформанстанцова претставаТишина
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • novogodisen bazar културен водич

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

  • KV културен водич

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

  • Plakat_myselves_page-0001 културен водич

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics