• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Теона Манго ја лансира платформата за одржлива мода Beyond Green

Од stylist @StylistMKD · На декември 7, 2020

teona mango (5)

Блогерка со дипломза за политички и меѓународни односи, Теона Манго сега ја лансира еко-платформата Beyond Green 

Beyond Green е нова онлајн дестинација за одржлива мода, „зелена“ убавина и еко-лајфстајл, но и за некои други нешта. Ова е место каде што модата може да егзистира одговорно, така што ќе може да се ужива во дизајнот, уметничкиот миг и љубовта кон нештата кои ги носиме и користиме секојдневно. Тоа се однесува и на козметиката, на храната, на домот и на начинот на живот.

Го стартуваше една девојка која верува дека промените се можни, кога се сака. Станува збор за Теона Манго, родена е во Битола има 22 години и живее на различни точки на светот. Нејзинoто образовние е во сферата на политиката и меѓународните односи, дипломираше на универзитетот Queen Mary во Лондон, на Школата за политика и меѓународни односи.

- Низ образовниот процес увидов дека се можни промени преку застапување и лобирање, особено ако се има цел. Неколку години паралелно успешно работам на блогот Teona’s Wanderlust, привлекувајќи бројна публика која ме следи и чита од различни континенти, со различни интереси, за различни нешта. Сметав дека тоа влијание можам да го искористам и гласно да зборувам за одржливоста како императив за зачувување на нашата планета – вели таа за своите почетоци со овој нов проект.

teona mango (6)

Beyond Green не е само платформа или публикација, туку место на обединување на стилски и остроумни луѓе, кои сакаат да бидат дел од решенијата, а не дел од проблемите. Таа планира да вклучи личности кои ќе пишуваат и отворено ќе зборуваат за проблемите, но и за достапните примери кај нас кои можат лесно да се применат.

- Целта на платформата www.beyondgreen.mk е да едуцира и искрено да промовира нешта кои јас навистина ги сакам и ги користам во мојот секојдневен живот, а тие го имаат предзнакот на одржливост, односно се Beyond Green. Во него се застапени теми од животната средина, конзервацијата, одржливата мода, совесни бизниси, но и теми кои ја допираат социјалната правда, креирањето на политики во сферата на екологијата, еднаквоста како императив, еко убавината, велнес, зелена технологија – на аналитичен, интелигентен и чесен начин - истакна Теона Манго.

Според неа во Македонија одржливоста како стил на живот е малку присутна, но има обиди за промени.  Во тој контекст е и лансирањето на првиот производ кој се нуди на оваа платформа. Тоа е ленената торба. Таа се навраќа на нејзиниот живот оваа година, во Македонија.

teona mango (3)

- Имав време да се посветам на детали кои ми отворија идеи како да почнам со мали чекори, зошто тука крупни промени потешко се случуваат. Еве еден пример, забележав дека тука скоро никој не користи торба за пазарење. Претпоставувам дека една од причините е затоа што пластичните кеси се бесплатни во продавниците или со симболична цена. Друг проблем е што нашите луѓе сметаат дека таа пластична кеса им е потребна за да го соберат отпадот од кујната во неа. Но, тоа е друга тема. Ако сакате пак, да си купите торба за пазарење, избор баш и немате. Сите торби за пазарење што ги најдов овде, не беа најсоодветни (не собираат доволно, не издржуваат тежина…), а и немаше одржлива или еко верзија (главно беа полиестер, најлон или памук). Така дојдов и до идеја да направам торби за пазарење од материјал кој е еко-френдли и одржлив. Одлучив за 100% лен како еден од нај еко-френдли и одржливи материјали на светот. При неговата обработка се испушта многу низок процент на јаглерод диоксид за разлика од производството на други материјали. Кај памукот на пример, поинаква е ситуацијата. Ленот исто така е многу издржлив материјал, што ми беше важно затоа што се работи за продукт кој би се користел често – појаснува таа.

Платформата ја таргетира младата публика која се буди и развива свест за еколошките проблеми. Кај младите генерации во Македонија постои нагон за  позитивни промени. Целта на платформата е со мали чекори да почнат да се менуваат навиките. Промените се можни преку едуцирање, но и нудење на решенија што ќе бидат достапни до нас.

teona mango (4)

teona mango (1)

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics