• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Трет ИНФО ден од проектот “Fashion Employment Hub” во Прилеп

Од stylist @StylistMKD · На ноември 9, 2023

IMG_8819

Во рамките на проектот „Fashion Employment Hub“, овојпат во Прилеп се оддржа третиот ИНФО ден „Сподели го искуството“, каде што се направи промоција на колекциите на младите дизајнери вклучени во овој проект. Проектот е наменет за младите лица, ученици, студенти, млади дизајнери и претприемачи од текстилниот сектор кои ќе придонесат во понатамошниот во развиток на модната и конфекциска  индустрија во Македонија. Проектот е кофинансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички во Interreg IPA CBC програмата „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 година“, а Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер заедно со Македонско Модно Здружение, и големите професионалци покрај нив, беа главните атрибути за реализација на овој настан и пренесување на сопственото знаење од досегашното искуство.

Со цел да се запознаете подобро со овој проект и начинот на којшто се изведуваат овие ИНФО денови, сакаме да ви пренесеме дел од програмата и тематиките за коишто се зборуваше, дискутираше и презентираше за време на овој настан.

На 7 ноември, домаќините на настанот во присуство на учениците и професорите од текстилно-кожарската струка при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп ги презентираа досега релизираните активности во насока на едукација на младите за најновите трендови во индустријата, влучувајќи го извозниот маркетинг и електорнската продажба, изработката на шаблони, како и најновиот развој на 3Д дизајнот.  Развојот на иновации и  зголемувањето на вештините на младите лица, ќе претставува потенцијал за нивно вклучување во реалниот сектор и ќе помогне во вработувањето во пограничниот регион.

IMG_8772

Освен тоа, на настанот се претставија и професионалци од повеќе области кои презентираа и ги споделија своите искуства во стекнување нови вештини, како и искуства и знаење во она што тие го прават најдобро. Во таа насока, проектните партнери од Македонија и Грција, како и проектниот менаџер Наташа Сивевска – извршен директор на Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер и модните дизајнери Анастасија Петрески, Ѓорѓи Петрушев, Гордана Трпческа и многу други претставници од модната индустрија имаа што да им пренесат на гостите од настанот.

‚‚Младите се иднината на секоја држава и нивната професионална определба надополнета со стекнување на квалитетни вештини и креативен и иновативен развој ќе продинесе кон одржливост на овој сектор и воопшто на економијата во државата. Во нашито проект беа вклучени над 100 малди лица, ученици, студенти и млади дизајнери кои со голем интерес ги следеа обуките, инфо деновите и студиските посети а дел од нив и активно придонесоа кон реализација на проектните цели“, истакна Наташа Сивевска.

Модниот дизајнер Ѓорѓи Петрушев раскажа нешто повеќе за себе, своите искуства од проектната студиска посета на „Fashion Employment Hub Thessaloniki“, не’ запозна со Софтверот CAD наменет за конфекциската и текстилната индустрија, како и со „Fashion Snoops“ – платформата за модни предвидувања која ги дава насоките за најновите светски модни трендови. Исто така дизајнерот презентираше дел од своето портфолио и равојни колекции  кои оставија силен впечаток на присутните.

IMG_8831

Модната дизајнерка Анастасија Петрески пак ги презентираше нејзините искуства од проектната студиска посета на „Fashion Employment Hub Thessaloniki“, како и почетоците на формирањето на нејзиниот бренд насловен како „Mondish“. Она што остави траг во нејзината презентација и со воодушевување беше следено од присутните беше објаснувањето на геометријата како вродено чувство за естетика при процесот на креирање облека и Златниот пресек како водич на уметниците. На крај дизајнерката го презентираше своето портфолио и серија на креации изработени следејќи ги најновите модни трендови како и своите замисли со акцент на ”Златниот пресек”.

Гордана Трпчески, како претставник на регионалната занаетчиска комора на Прилеп,  ги објасни клучните задачи и проекти на комората. Отпочнувањето на сопствен бизни и претприемништвото беше презентирано од страна на г-ѓа Трпчески како можност за кретивно делување на младите лица, можност за самовработување и обезбедување егзистенција за себе и своите фамилиии. Како еден од претставниците на комората, Спасија Ристеска од „Моја Корекција“ ги претстави своите рачни изработки направени од текстилен отпад и ја покажа својата креативност, но и одговорност за искористување на текстилниот отпад. Од друга страна пак, Ане Багеска го презентираше своето искуство на работа на разбој, активност на која се посветила послендите неколку години во креирање рачно исткаени модерни парчиња облека како и рачно изработен накит. Со тоа, овие две дами покажаа еколошка и одржлива мода, истакнувајќи ја важноста на одговорните модни избори и етичките практики.

Овој ИНФО ден во Прилеп беше инспиративна појдовна точка за сите оние кои модата и дизајнот ги следат професионално и со пасија. Благодарение на се’ почестите вакви настани, можеме да обезбедиме подобар развој и иднина за младите лица, дизајнери и воопшто за македонската текстилна индустрија.

IMG_8775

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2 моден монитор

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

  • 1fwsk моден монитор

    Петтиот ден на FWSK31: Од булинг до убавина, модата како јазик на промена

  • 1 Irina Tosheva workshop моден монитор

    Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1stefanija

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

    ноември 13, 2025
  • Фестивал на чај

    Од 14 ноември „Фестивал на чај“ под слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“ во Скопје сити мол

    ноември 12, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 2

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

    ноември 6, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025

Култура

  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics