Шпанскиот моден бренд Mango го најави новиот тренд True Romance, четвртиот по ред за сезоната пролет-лето 2016, заедно со дел од рекламната кампања која ќе биде активна во мај и во кја се ангажирани едни од најбараните интернационални модели во моментов, Матилде Банди и Стефи Арглелич. Кампањата за True Romance е направена на почетокот на март во Лос Анџелес со фотографот Алистер Мекким.
Трендот актуелен во месец мај го навестува романтичниот дух на летото, каде белата боја е во центарот на вниманието. Долги блузи, провидни фустани од тантела, карнери… колекција исполнета со женственост и романтика. Фустаните и останатите парчиња во чиста, бела боја асоцираат на софистицираност, додека пак материјалите како памук, шифон и провидните материјали го доловуваат шармот на летото.
True Romance следи по трендовите Tribal Spirit, Soft Minimal и New Metallics, во чии кампањи беа ангажиран познатите манекенки Кендал Џенер, Лиу Вен и Карли Клос. Почнувајќи од февруари годинава Mango ја презентира новата стратегија базирана на концептот на Fast Fashion и лансирањето на различни адвертајзинг кампањи секој месец, претставувајќи го моменталниот тренд, заедно со заштитното лице кое го дефинира истиот.
Нема коментари