• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
калеидоскоп 0

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Од stylist @StylistMKD · На мај 14, 2024

vidik

Со промоција на наградуваното дело „Коњски житија“ на поетот, преведувач и универзитетски професор Зоран Анчевски, на 16 мај (четврток), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе почне првото издание на „Видик“ – новиот фестивал за литература и општа култура.

Фестивалот во организација на „Литература.мк“, што ќе трае од 16 мај до 16 јуни 2024 година, ќе ги обедини литературата, музиката, театарот, сликарството, филмот и дизајнот, давајќи значајна поддршка на авторите од сите области на културата. Со дваесетина настани, кои ќе се одржуваат во книжарниците на „Литература.мк“ на улица „Македонија“, во „Дајмонд“, „Ист гејт“ и „Скопје сити мол“, на публиката ќе ѝ се понуди квалитетна содржина и непосреден контакт со најактуелните домашни и регионални автори и проекти од областа на културата. На програмата се промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарски изведби, изложби на слики и илустрации, проекции на документарци и мултимедијални презентации.

Првиот фестивалски ден почнува со лирска фузија на поезијата и музиката: преку претставување на поемата „Коњски житија“, чиј промотор ќе биде Венко Андоновски, а настанот ќе го модерира Оливера Ќорвезироска, како и концерт на скопскиот состав „Акварела“ (Aquarela), што ќе ги изведе најубавите боса нова стандарди.

На вториот фестивалски ден (17 мај, петок), во 21 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, концерт ќе одржи џез-музичарот Михаил Мишко Парушев со својот состав „Парусион груп“.

Програмата на „Видик“ продолжува во понеделник (20 мај), со промоција на хибридно-инклузивната сликовница на кирилско писмо и на Брајова азбука „Шарени ириси“, со текст на Јована Матевска Атанасова и илустрации на Симонида Филипова Китановска. Настанот, кој ќе почне во 19 часот, ќе биде проследен со изложба на слики од уметницата Филипова Китановска. Следниот ден (21 мај, вторник) во 19 часот, во „Литература.мк“, на улица Македонија“, е закажана промоцијата на збирката раскази „Атакама“ од црногорскиот автор Никола Николиќ. Промоторка на книгата ќе биде писателката Румена Бужаровска, а ќе модерира Оливера Ќорвезироска.

На 22 мај (среда), во 19 часот, во „Литература.мк“, „Сити мол“, ќе се одржи тематскиот интерактивен настан за фанови, „Враќањето на Шерлок Холмс“. На настанот, организиран во чест на денот на раѓањето на сер Артур Конан Дојл (22 мај 1859 – 7 јули 1930), автор на серијалот за славниот детектив Шерлок Холмс, ќе биде претставена едицијата „Шерлок Холмс“ во издание на „Арс Ламина“, која содржи девет новопреведени наслови („Студија во скарлетна боја“, „Знакот на четворката“, „Баскервилскиот пес“, „Долина на стравот“, „Авантурите на Шерлок Холмс“, „Мемоарите на Шерлок Холмс“, „Враќањето на Шерлок Холмс“, „Пред да падне завесата“, „Архивата на Шерлок Холмс“), кои имаат нов дизајн на корици од илустраторката Александра Софрониевска, која ќе биде дел од настанот. Исто така, ќе биде претставен и серијалот „Шерлок Холмс за деца“ – со десет книги за генијалниот детектив, адаптирани за најмладите читатели.

Популарниот битолски стендап-комичар Марјан Георгиевски, на 23 мај (четврток), во 19 часот, во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, ќе ја изведе својата монодрама „Железно небо“, од која произлезе и неговата прва книга со ист назив во издание на „Арс Ламина“. Со театарската изведба тој ќе ја промовира книгата, со која дебитира во книжевниот свет.

Во чест на Денот на сесловенските просветители – св. Кирил и Методиј (24 мај, петок), во 21 часот во „Литература.мк“, „Дајмонд“, ќе се одржи настанот „Џез на кирилица“, со еден од најнадежните македонски џез-состави „Мојра“. Групата настапува во состав: Јасна Трпкова (вокал), Дарко Јованов (гитара) , Зоран Павлоски (бас), Павел Ренџов (тапани) и Петар Христов (саксофон). На истата локација на 27 мај (понеделник), во 20 часот, ќе се одржи фанк-вечер, со проекција на документарец и настап на диџеј Џорџ Цветковски.

На 29 мај (среда) во 18 часот, во „Литература.мк“, „Дајмонд“, ќе се одржи интерактивниот концерт и работилница за деца со „Фамилија Металковци“. Станува збор за едукативен концерт на музичарите од групата лимени дувачки инструменти во оркестарот на Македонската филхармонија. Преку овој интерактивен проект музичарите ја запознаваат помладата публика со специфичноста и карактерноста на секој од инструментите што припаѓаат на оваа оркестарска група.

На 30 мај, во 19 часот, во „Литература.мк“, во „Сити мол“, ќе се одржи изложба инспирирана од проектот „Порта Европа“. Ова е повеќе од само еднократен книжевен проект. Тоа е проект во чии рамки беа реализирани голем број активности, што резултираа со создавањето на книжевната едиција „Порта Европа“, сочинета од шест извонредни прозни остварувања од млади европски автори, добитници на Европската награда за книжевност, преведени на македонски јазик од едни од најдобрите преведувачи во Македонија. 

Следниот ден (31 мај), во 21 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, публиката ќе ужива во концертот на гитарскиот виртуоз Мухамед Ибрахими. Го нарекуваат скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор.

Следната недела ќе почне со изложба со илустрации од најубавите книги за деца, која ќе биде отворена на 3 јуни (понеделник) во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Ист гејт“, и ќе биде посетавена сѐ до 16 јуни (недела). Посетителите ќе имаат можност да ги погледнат илустрациите од најновите книги за деца во издание на „Арс Ламина“: „Си беше еднаш“ (Наталија Лукомска), „Нови бајки од Македонија“ (Орце Нинески), „Рокчето“ (Анета Илиевска), „Девојче и мече“, „Девојчето и градот“, „Рекичето што сакаше да порасне“ (Ване Костуранов), „Бајки од Македонија“ (Катерина Николовска), „Мачката Мара шубара“ (Иванка Ниба), „Шила“ (Калиопи Трпчева) и други.

Два дена подоцна (5 јуни), во 20 часот, во книжарницата во „Дајмонд мол“, ќе биде одиграна претставата „Пингвинот“, со Лео Поповиќ во носечката улога. Станува збор за интерактивна експериментална монодрама во која заедно со публиката ќе се потсетуваме на обичните мали моменти за кои вреди да се живее. Претставата е во продукција на театарот „Златен Елец“.

Следниот ден (6 јуни), во 19 часот, во „Ист гејт мол“ е закажана промоција на серијалот сликовници од младата авторка Маја Мишевска, кои се илустрирани од познатиот илустратор Тхе Мичо. Промоторка на книгите „Мравката Тони“, „Бумбарот Боби“, „Гасеницата Кики“, „Бувот Оли“, „Делфинот Дуле“, „Слонот Кире“ и „Коњчето Искра“ ќе биде уредничката Бисера Бендевска. Овие книги нè учат за упорноста, другарството и дружељубивоста, за храброста, љубезноста и фантазијата на најубав можен начин – нежно и со многу љубов. Оваа недела ќе биде заокружена со концерт на една од најстарите блуз-групи во нашата држава, „The Wild Bunch“, што ќе се одржи на 8 јуни (сабота) со почеток во 21 часот во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“. Бендот настапува во состав: Илина Лазаревска (вокал), Нино Недевски (гитара), Марјан Панговски (бас), Петар Лукиќ (клавијатури), Горан Попоски (тапани), Кирил Кузманов (саксофон) и Трајче Велков (труба).

Во истиот простор, продолжува програмата и следната недела. Понеделник (10 јуни), во 20 часот,  ќе се одржи соул-вечер со проекција на документарец и настап на диџеј Дарко Марковски. На 12 јуни во 20 часот ќе биде одиграна комедијата „Торонто експрес“. Претставата, со Александар Микиќ во главната улога, е работена по мотивите од книгата „Торонто експрес (Тибам штркот)“ на авторот Зоран Спасов-Ѕоф. Станува збор за „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада.

Ден подоцна (13 јуни) во 19 часот ќе се одржи поетско читање со Никола Маџиров и пријателите, на кое ќе биде претставена најновата збирка во издание на „Арс Ламина“, што го содржи целокупното поетско творештво на еден од најпознатите и најпреведуваните македонски поети во светот. Вечерта посветена на Маџиров, која ќе почне со видеопроекции од изведби на негови песни ширум светот, го одбележува објавувањето на целокупното негово поетско творештво, но претставува и едно комплетно „враќање дома“ на неговиот успех расеан насекаде.

На 14 јуни (петок) во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, сестраниот музичар и диригент Џијан Емин со групата „Шлиц“ (Schlitz) ќе ги видиме во една поинаква светлина со сосема нов, автентичен и уникатен проект преку изведба на мешавина од арт рок и џез од мултимедијалниот проект „Диши љубов“, по текст на Тина Иванова и сценско-музичкиот перформанс „Улица“ создаден на текст од Славко Јаневски. „Диши љубов“ пее за љубовта, за Скопје, зборува за две суштински појави без кои човекот не би можел да опстои – воздухот и љубовта. Музиката и лириката ја поседуваат онаа скопска, носталгична звучна естетика и влече корени од музиката од осумдесеттите и особено од музиката од деведесеттите години на минатиот век создавана во САД и Велика Британија.

ВидикЛитература.мкфестивал
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ????????????????????????????????????? калеидоскоп

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

  • 1 калеидоскоп

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

  • top model europe калеидоскоп

    Избор на Топ Модел Европа во Скопје

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics