• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Во домот на блогерката Емили Шуман

Од stylist @StylistMKD · На јануари 30, 2014

1 emily-schuman-opening-ceremony-dress-h724

Симпатичен спој на моден стил и гастрономски приказни е концептот зад блогот Cupcakes and Cashmere кој веќе пет години го уредува Емили Шуман од Лос Анџелес. Модата и храната се главните теми, но на оваа интернетска адреса може да најдете написи и за убавина и уредување, како и корисни „направи сам“ совети. Она што започна како документирање на работите што ги преферира, прерасна во кариера, па Шуман ја напушти работата во едно списание и се посвети само на својот блог.  Пред две години издаде книга за стилот, уредувањето и организирањето забави, а некои ја нарекуваат Марта Стјуарт на новата генерација. Неодамна магазинот Glamour го посети нејзиниот дом и направи сторија за нејзиниот беспрекорен стил, ѕирна во нејзиниот плакар, го разгледа просторот кој функционира како канцеларија и пренесе неколку нејзини идеи за едноставно уредување. Иако наскоро со сопругот се сели во нова куќа, најубавите предмети и најкорисните совети ќе ги понесе со себе.

2 emily-schuman-living-room-candles-w724

Прва работа што се забележува во нејзиниот дом е белиот камин кој всушност не функционира. Емили вели дека кога се вселила во куќата се израдувала на што има камин, иако сфатила дека тој не работи и не може да го користи за примарната функција. Па одлучила да го разубави со повеќе свеќи. „Не ги палиме често, бидејќи Лос Анџелес има претежно топла клима, но во зимските вечери тие навистина допринесуваат за необична светлина во просторијата и внесуваат малку топлина“.

3 emilyschuman-office-w724

Емили работи од дома, а од неодамна и нејзиниот сопруг Џефри се вклучи во бизнисот. Тоа можеби го оправдува послужавникот со алкохол во домашната канцеларија, нели? „Кога почнавме да работиме заедно Џефри ги донесе шишињата кои создаваат одличен контраст со розовите ѕидови. Тоа е реткост, ама повремено си дозволуваме по една чаша скоч ако работиме до касно навечер.“ Блогерката открива дека нејзиниот омилен коктел се менува со годишните времиња, во моментов тоа е класичен „Менхетн“, коктел што нејзиниот сопруг совршено го подготвува. Во канцеларијата Емили вметнала многу боја и разиграност, како потсетник дека нејзината работа треба да биде забавна и нереална, никогаш не премногу сериозна.

4 emily-schuman-h724

Како Емили се облекува на фотографиите на блогот? „Сакам да покажам фина разновидност во игледот, од она што би го облекла на љубовен состанот со сопругот до секојдневна облека што би ја носела кога сум на шопинг со пријателките. Ми се допаѓа мешањето на стилови, не сакам кога комбинацијата е еднодимензинионална.“

5 emily-schuman-closet-h724

Емили и Џефри наскоро ќе се преселат во нова куќа со многу отворен простор, која што ја уредуваат заедно со дизајнерката на ентериери Амбер Луис. „Таа вети дека ќе ми помогне да преминам преку мојата одбивност кон бојата и дека домот ќе го уреди да одговара на мојот, но и на стилот на Џефри“. Покрај главната цел домот да изгледа топло и удобно, важно е да се направи и голем плакар за сите модни парчиња и додатоци.

6 emily-schuman-chanel-shoes-w724

На Cupcakes and Cashmere Емили редовно постира „направи сам“ идеи, еве една екстремно едноставна која ќе го реши проблемот со неподносливото заплеткување на долгите ѓердани. „Ова беше моето решение да ги организирам моите постојано заплеткани ѓердани. Кога ги чувате во кутија или некој сад, тие се претвораат во еден голем јазол. Па зедов тенки шајки, ги заковав и ги обоив во иста боја како ѕидот.“ Ем изгледа декоративно, ем ѓерданите повеќе не се заплеткани.

7 emily-schuman-necklace-organization-h724

Емили и Џефри домот го делат со три мачки. Еве како блогерката го замислува модниот стил на своите миленици доколку тие би биле луѓе. „Луна која има свиленкасто крзно, би била модна дива во куќата, Роко би терал спортски стил, а Кали е како машкуданка и одлично би и’ одговарала рокерска кожна јакна.“

8 emily-schuman-bed-h724

Кој е најдобриот подарок што некогаш го добила? Тоа се овие чевли од „Шанел“, подарок од Џефри. „Ги најдовме на распродажба во „Бергдорф Гудман“ во Њујорк и веднаш си помислив дека се како уметничко дело. Иако се кадифени, не се уништени и ги носам преку цела година.“

9 chanel-shoes-h724

Понекогаш наједноставните идеи се најсимпатични и ефектни – скапоцениот прибор за јадење, кој Емили го користи само за свечени вечери и за фотографирање за блогот, иако е ставен во обични стаклени тегли, изгледа доста шик.

10 emily-schuman-west-elm-cutlery-w724

Што е следно? „Во моментов работам на втората книга, која ќе се однесува на уредувањето на домот и ќе излезе од печат во 2015 година. Исто така, развивам производи под името Cupcakes and Cashmere, како и капсулна колекција на облека со еден од моите омилени брендови.“

11 emily-schuman-kitchen-h724

Cupcakes and CashmereблогЕмили Шуманживотен стилмоден блог
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • winter festival животен стил со...

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

  • Poster-so-logoa-story_1 животен стил со...

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

  • KID-EXPO--poster животен стил со...

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics