• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Здружението „Заедно посилни“ со кампања за Светскиот ден на СИДА

Од stylist @StylistMKD · На декември 1, 2021

банер 1 декември

Вирусите не дискриминираат, луѓето да!

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „Заедно посилни“ Скопје, како организација на самите лица засегнати од овој вирус, и оваа година организира активности за намалување на стигмата и дискриминацијата поврзани со ХИВ.

Кампањата ги содржи следниве елементи:

1. Концептуален перформанс / флеш-моб со цел подигнување на свеста за ХИВ, предизвикување на митовите и поттикнување поддршка кон луѓето што живеат со ХИВ. Перформансот ќе се одржи на шест локации низ главниот град (ул. Македонија, плоштад Македонија, ГТЦ, East Gate, Vero Jumbo и City Mall) каде, во определено време, без претходна најава ќе се појават на сцена учесниците во перформансот. Перформансот ќе биде изведен од 15 танчери според кореографија осмислена и режирана од Ивана Балабанова и костимографијата од Евгенија Зафировска. Во времетрање од 10 минути (на секоја локација) изведбата ќе ја пренесе пораката „Вирусите не дискриминираат, луѓето да!“. Видео-материјал од настапите ќе биде споделен преку социјалните медиуми.

3. Муралот е препознатливо обележје на урбаната уметност, кој испраќа порака на секој случаен минувач. На 1 декември, ќе биде откриен мурал на зградата на Кинотеката на Република Северна Македонија, како спомен-обележје кое со уметнички пристап ќе ги репрезентира луѓето што живеат со ХИВ преку ликот на музичарот Фреди Меркјури. Ова дело ќе ја симболизира „премолчената вистина“ и исто така ќе ја пренесува пораката „Вирусите не дискриминираат, луѓето да!“. Авторот на ова дело е Дејвид Стоилковски – Молерај.

4. Проекција на филм – веднаш по откривањето на муралот во Кинотека на Р.С. Македонија ќе биде прикажан филм за Фреди Меркјури, кој во своето сиже го разработува неговиот живот и опфаќа теми поврзани со ХИВ.

5. Вечерен настан за 1 декември. Со почеток во 21:00 часот, во Кинотеката на Северна Македонија ќе се одржи вечерен настан за одбележување на Светскиот ден на СИДА 2021, со добротворен карактер. Настанот ќе содржи музичка програма и изведба на перформансот. Покрај тоа, ќе биде промовиран новиот календар изработен од Здружението „Заедно посилни“ како дел од активностите поврзани со месецот на машко здравје. Со носечката порака „Посакуваните мажи се грижат за своето здравје секој месец во годината“ календарот се фокусира на сексуалното здравје кај мажите. Купувањето на календарот ќе биде еден од начините за донирање во фондот за поддршка на „Заедно посилни“. Средствата што ќе се соберат од добротворниот настан „Заедно посилни“ ги користи за помош на лица со ХИВ во исклучително неповолна социјална положба, преку покривање на трошоците за пат до Скопје заради здравствена контрола и подигнување терапија, како за обезбедување помош во основни прехранбени и хигиенски производи.

Активностите за одбележување на Светскиот ден на СИДА 2021 г. се овозможени со поддршката од Министерството за здравство – Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција за 2021 г., програмата Цивика Мобилитас и Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • winter festival животен стил со...

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

  • Poster-so-logoa-story_1 животен стил со...

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

  • KID-EXPO--poster животен стил со...

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics