• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Здружението на луѓе со ХИВ „Заедно посилни“ со пораки на Светскиот ден на борба против СИДА

Од stylist @StylistMKD · На декември 1, 2020

world-aids-day

Пандемијата на КОВИД-19 изнесе на виделина многу предизвици со кои се соочуваат здравствените системи ширум светот во справувањето со нови вирусни или други инфекции. Особено дојдоа до израз недоволните капацитети во областа на јавното здравје и потребата од поголеми инвестиции во здравството воопшто.

Од друга страна, неколкудецениското искуство на светот од справувањето со епидемијата на ХИВ, нуди незаменливи лекции што треба да се искористат и во одговорот кон новиот коронавирус. Имено, справувањето со една епидемија треба да се потпира на добра информираност, стратешки податоци, почитување на човековите права, вклученост на повеќе сектори, а не само здравствениот, и треба да се занимава со социјалните и структурните нееднаквости што определени групи граѓани ги прават поранливи на еден конкретен вирус.

КОВИД-19 е едно непријатно потсетување дека разни патогени организми се постојана можна закана за човештвото. Здравствениот систем мора да биде подготвен и флексибилен да одговори брзо и ефикасно на сите здравствени предизвици во услови на една таква активна закана. Но, на КОВИД-19 треба да се гледа и како на можност да се преосмислат системите за здравје, кои ќе даваат вистински резултати, засновани врз почитување на човековите права и еднаков третман на сите, ќе бидат ефикасни, како и соодветно финансирани.

Укажуваме дека интензивниот фокус на пандемијата на КОВИД-19, не смее да ги намали напорите да се справиме со епидемијата на ХИВ, која сè уште е активен проблем на јавното здравје во Македонија и на луѓето засегнати од овој вирус. Во согласност со насоките на Светската здравствена организација, земјите мора да осигурат непрекината достапност на основните услуги за превенција и лекување на ХИВ-инфекцијата во рамките на ургентниот одговор кон КОВИД-19, за што се неопходни соодветни ресурси и механизми.

Загрижени сме поради фактот дека оваа година е значително намалена стапката на новооткриени случаи на ХИВ и досега изнесува помалку од половина од бројот на откриени случаи минатата година. Тоа може да се објасни со кризната состојба, но не смее да се занемари. За да останеме на патеката кон ставање крај на ХИВ-инфекцијата како проблем на јавното здравје, неопходно е значително да го зголемиме бројот на луѓе со ХИВ што го откриле својот позитивен статус и почнале со терапија.

Очекуваме буџетот за антиретровирусна терапијада се планира врз основа на потребите и да се сообразува со зголемениот број пациенти што имаат потреба од терапија секоја наредна година. Потсетуваме дека  вкупниот број пациенти на терапија во последниве 3 години се зголемил за повеќе од половина во однос на состојбата од крајот на 2017 година. За ова прашање апелираме да се изнајде итно решение за 2021 година.

Потсетуваме дека човештвото не е осудено вечно да живее со ХИВ. Денес знаеме дека на епидемијата на ХИВ може да и се стави крај до 2030 година, а знаеме и како. Неопходна е континуирана политичка волја и континуирани инвестиции кои се потпираат врз докази и анализа на состојбите.

Изразуваме почит кон сите здравствени работници и соработници вклучени во одговорот кон КОВИД-19. Особена благодарност им искажуваме на вработените на Клиниката за инфективни болести за натчовечките напори што ги прават за да спасат животи, а во исто време да ја одржат и редовната грижа за пациентите со ХИВ.

Што правиме ние во контекстот на КОВИД-19?

Во текот на целиот период на настанатата криза, ЗАЕДНО ПОСИЛНИ, како здружение на луѓето што живеат со ХИВ, ги нуди своите редовни услуги за поддршка во рамките на Програмата за ХИВ, во соработка со Министерството за здравство. Континуирано ги нудиме и услугите за бесплатно и анонимно ХИВ-тестирање со брзи тестови.

Се вклучивме во националниот одговор кон КОВИД-19 на неколку начини, а особено преку организирање на доставувањето на терапијата за ХИВ до пациентите надвор од Скопје, со што придонесуваме да се намали изложувањето на пациентите на непотребни ризици. Со тоа истовремено помагаме и да се намали притисокот врз Клиниката за инфективни болести во текот на актуелната криза.

Нудиме проверени и релевантни информации за корисниците на нашите услуги во врска со мерките за заштита од КОВИД-19, како и помош во прехранбени и хигиенски производи за лица со ХИВ во неповолна социјална положба.

Светскиот ден на СИДА, 1 декември, 2020 година, го одбележуваме со неколку креативни активности осмислени од самите луѓе што живеат со ХИВ и нашите активисти – повеќе информации може да најдат на нашиот вебсајт и во продолжение:

-       Краток видео-спот со јавни и влијателни личности, кои ги пренесуваат најважните пораки за ХИВ

-       Едукативна стрип-приказна за искуството на правење ХИВ-тест, добивање позитивен резултат и соочувањето со новата околност.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • winter festival животен стил со...

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

  • Poster-so-logoa-story_1 животен стил со...

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

  • KID-EXPO--poster животен стил со...

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics