• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Евгенија Зафировска @FWSK: Black Feedback ја буди еко-свеста

Од Ана Несторовска · На октомври 27, 2016

ena

Инспирирана од природата и потребата од заштитата на животната средина, младата македонска дизајнерка Евгенија Зафировска ја создала својата нова еко-колекција Black Feedback. Креациите, од кои дел можевме да ѕирнеме преку фотосесијата со моделот Мирела Муриќ, се создадени од рециклираниот материјал. Зафировска, која модно се образува на Факултетот за дизајн во Љубљана, со перформанс на 1 ноември во „Скопје Мериот Хотел“ ќе ги претстави моделите на 14-тото издание на Моден викенд – Скопје.
-Колекцијата Black Feedback е спој на haute couture и prêt-à-porte. Ваквата комбинација е сè повеќе актуелна. Монтка во замена на капут за официјални прилики- луксузна удобност. Ми се допаѓа начинот на мешање стилови. Амбиенот и колекцијата заедно ќе створат своја приказна која ќе биде прикажана преку перформансот-вели Евгенија, која во моментов е на релација Скопје-Љубљана.

ez-black-feedback4

Неодамна за Black Feedbackцсними фотосесијата со моделот Мирела Муриќ

>> Станува збор за еко-колекција, со рециклиран материјал. Каква е приказната зад колекцијата? Како се роди и разви идејата за ваква линија?
-Во креирањето го вклопувам мојот карактер, идеите и ставот. Се стремам кон тоа секој дизајн што ќе го изработам да е уникатен, неповторлив и секако вистинското модно парче е безвременско. Тоа е она што ме води, црвената нишка во мојата креативност. Додека студирам имам различни периоди и за среќа имам време за експериментирање, така и го менувам начинот на работа. Истражувам, експериментирам не се плашам од предизвик, напротив се поголем предизвик ми е кога ќе ми кажат дека материјалот не е соодветен за изработка. Зачувувањето на животната средина е глобален проблем. Како дизајнер пробувам да апелирам на тоа. За секое парче од колекцијата, се прашував што треба да се направи оваа облека да биде поодржлива. Тоа е постојан напор да се подобрат дизајните и да траат подолго. Во потрага сум по нови начини за моделите да бидат поодржливи како што се чувствувам одговорна за ресурсите што ги користам и влијанието на моите активности на планетата. Ова чувство на одговорност е присутно во оваа колекција.

>>Какви материјали спои во линијата и колку парчињата се носливи и прилагодливи во стилот на современата жена?
-Во колекцијата се појавуваат материјали што навидум не се спојуваат. Последните две колекции ги изработувам од поливинил. Работата со поливинил не е толку едноставна. Подолг период ми беше потребен да го истражам материјалот, да најдам начин да го вклопам во колекцијата и на крајот сум задоволна. Мојата работа е да не облекувам само модели, но жените воопшто. Она што е неверојатно е да се види како една жена, станува се поубава и сигурна во себе кога ќе облече нешто несекојдневно. Иако се од рециклиран материјал на прв поглед тоа и неможе да се примети. Сите парчиња од колекцијата се носливи.

ez-black-feedback

Зафировска: „Во потрага сум по нови начини за моделите да бидат поодржливи како што се чувствувам одговорна за ресурсите што ги користам и влијанието на моите активности на планетата. Ова чувство на одговорност е присутно во оваа колекција.“

>>Какви ти се очекувањата од промоцијата во Скопје?
-Од досегашните критики имам позитивен feedback за целиот концепт на колекцијата. Премиерно сите парчиња ќе бидат претставени на Fashion Weekend Скопје на мое лично задоволство. Најубавата презентација е кога си меѓу своите. Oчекувам дека оваа колекција ќе биде прифатена од пошироката популација без разлика на возраста.

>>Модата е во твоите гени. Твојата баба била костимограф…Како почна твојата приказна со модниот дизајн? Првата скица, првото скоено парче, првата лекција…
-Моите први скици изгледаа чудно… го облакав женското тело со една линија. Тоа беа скици на дете со идеи без граници, моментот во кој се препуштав на мојата имагинација. Првото парче го скроив со баба ми, беше круг кој заврши како здолниште за мојата барбика. Тоа беа првите предизвици кон дизајнирањето. На почетокот на средното училиште изработував накит, подоцна бев окупирана со складноста на боите и дезените, следеше прекршување на модните правила, за да сето ова прерасне во желба да заминам на студии надвор од нашата држава.

ez-black-feedback3

>>Гледано наназад, кои ти се најважните досегашни професионални ангажмани, образование и искуство со модата и дизајнот?
-По дипломирањето продолжив на магистерски студии во Љубљана. Со дипломската работа бев дел од учесниците на регионалниот конкурс ,,Young Balkan Designers 2016,, под слоганот Ново аналогно на Миксер Фестивал во Белград. На ,,Podobe casa,, -Биенална изложба беа избрани два мои проекти, ми беше чест да бидам дел од изложбата во Љублјана- Цанкарјев Дом изложба на Друштво Дизајнери во Словенија (ДОС). Целта на изложбата е да се покажат најдобрите достигнувања и решенија во областа на дизајн од почетокот на формирањето на ДОС до денес и да го оживее сеќавањето од најпознатите приказни на времето што поминало. Друштвото Дизајнери во Словенија, дејствува повеќе од шеесет години, искуството и знаењето го дели со помладата генерација на дизајнери. Учествував на Месец на дизајнот 2015 во Љубљана, неколку пати на БАФЕ во Белград, Изложба-Mind The Gap, St. Andra Avstria, Ravne na Koroskem во Словенија, Heimtextile во Frankfurt…

>>Студираш и живееш во Љубљана. Колку словенечката метропола нуди добра модна едукација и можност за професионален успех и надграба на еден млад дизајнер?
-За време на моите студентски искуства во Љубљана со право можам да кажам дека се стекнав со професионален начин на работа, комуникација и стручност во мојата професија. Пријатна атмосфера и позитивни луѓе. Многу научив за вредноста на дизајнот и за лично претставување пред публиката. Словенија нуди можност за темелно учење и голема почит кон студентите и работата. Да се навлезе во модата се проучуваат многу различни професии. До завршувањето на подипломските студии немам конкретни планови, во меѓувреме работам на проекти и мотивирана сум од можноста постојано да созревам и да учам нови работи.

evgenija-zafirovska-bafe-2015-1

Зад себе има неколку успешни презентации на BAFE во Белград

>> Неколку пати учествуваше на BAFE во Белград, па Зона 45 во Загреб, на Heimtextile во Франкфурт …какви импресии носиш од оваие презентација? Дали ти помогна во промоција, воспоставување на контакти, собирање искуства…?
-Како на секој млад уметник така и на мене претставувањето на сите овие случувања е голем предизвик заради надградувањето на моето знаење, стекнување и размена на искуства и начин на организирање на разни манифестации. Во изминатите три години сите претставувања ми беа во склоп на факултетот, а оваа година имав повеќе можности на кои се претставив самостојно.

>>Каде си стационирана во моментов, каде ги создаваш своите колекции и се среќаваш со клиенти?
-На релација Љубљана- Скопје… Создавањето, идеите, инспирацијата веќе пет години во Љубљана. За среќа живееме во време на интернет и достапни сме во секој момент секаде во светот. Што се однесува до соработката и презентирањето на моите модели сакам да се презентирам и кај нас, но секако дека искуствата кои досега сум ги имала и надвор од државата допринеле да имам поширока визија за моите идеи.

evgenija-zafirovska1

Ена е на постојана релација Љубљана- Скопје

ena4

Во изминатите три години сите претставувања ѝ беа во склоп на факултетот во Љубљана, а оваа година има повеќе можности на кои се претстави самостојно.

ez-danijela-martinovic

Познатат хрватска пејачка Данијела Мартиновиќ со чанта од Зафировска

Black FeedbackFWSKЉубљанаЕвгенија Зафировскаеко-колекцијаеко-модаМоден викенд-Скопјерециклиран материјал
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • METGALA

    Црвениот килим на Мет Гала 2025 во знакот на машката облека во контекст на црнечкиот дендизам

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025
  • ???

    Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

    март 26, 2025

Култура

  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025
  • vidik

    Со промоција на новиот роман на Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, вечерва почнува второто издание на „Видик“

    април 2, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics