Можеби сакото не е дел од летната гардероба, но секако дека се носи и во лето кога пригодата тоа го бара – за на работа, за вечерно излегување или пак кога летните денови повеќе изгледаат како да се есенски (денешниов летен ден на пример баш e тмурен и дождлив). Идејата е да се избере полежерен модел на сако, дури и за во канцеларија, и од потенки материјали како што ленот. Бело ленено сако е идеална опција, сè уште се актуелни карираните модели, а запретстојната сезона дизајнерите предлагаат сакоа со нагласени раменици во стилот на 80-тите. Еве некоку идеи како да го комбинирате летното сако со фармерки и со модни додатоци.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари