• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со..., калеидоскоп 0

7 идеи што да направите за себе оваа зима

Од stylist @StylistMKD · На декември 10, 2020

Indoor-Activities

Онлајн курсеви или настани, штедење и игра со децата, нега на телото и умот

Зимата календарски можеби сѐ уште не започнала, но ние дефинитивно чувствуваме дека е на прагот. Не само што температурите се пониски и на повисоките места го имаме првиот снег, туку и пандемијата ни наметнува да останеме што повеќе дома, во друштво на најблиските, и безбедно и на топло да ја дочекаме зимата.

Но, седењето дома се чини не секогаш интересно и често се чувствуваме дури и заглавени, потребна ни е промена, а пак некогаш само еден чекор ни недостасува за да ја направиме таа промена за себе. Затоа, како мала мотивација, подготвивме неколку корисни совети и идеи што би можеле да ги примените за времето да ви биде поисполнето, а вие посреќни и попродуктивни. Можеби некоја од овие ќе биде токму за вас!

1.Започнете онлајн курс. Веројатно веќе слушната идеја, но доколку сѐ уште не сте се решиле на таков чекор, можеби е време да се охрабрите. Не само што времето ќе ви биде исполнето, туку ќе научите и нова вештина, која којзнае, можеби и ќе можете да ја примените на вашето работно место или пак приватно. На интернет навистина има голем избор на курсеви од буквално сите категории, дел од нив може да се најдат и бесплатно, меѓутоа доколку навистина сакате да го споите убавото и корисното, и тоа преку македонска компанија, можеби добра идеја е да се приклучите и на некој од курсевите или работилниците на Brainster. Ќе се поврзете со професионалци, ќе научите нешто ново, но и ќе си отворите можност за нова кариера доколку ви е потребна таква променa.

Online1

2.Посетете онлајн настан. Да, искуството очигледно не е исто како да се посети настан во живо, но кога веќе и немаме некој избор, дури и онлајн настаните можат да бидат начин на забава и опуштање. Деновиве е актуелен концертот во живо на Trans-Siberian Orchestra кој може да се проследи онлајн, па можеби токму едно вакво предновогодишно размрдување ви е потребно.

3.Порачајте си книги. Не сте по никакви онлајн активности и потребно ви е време за себе? Па, дозволете си го. Просветно дело, на пример, имаат достапен голем новогодишен попуст кој трае сѐ до 11 јануари 2021 г., па зошто не би си одбрале некаква литература само за вас.

4.Започнете штедење за вашите деца. Доколку сте родител, сигурно во ова време-невреме се соочувате со предизвик како да го пополните времето и на вашите деца и како да ги научите нешто ново. Кога се ближи крајот на годината, веројатно не постои подобар момент, на пример да им отворите штедна книшка и да започнете едукација за финансиска писменост и штедење од најрана возраст. Учете ги од мали на големите работи, децата ќе ви бидат благодарни. Појдете заедно на пример во Халкбанк, каде ќе ви биде издадена дизајнирана штедна книшка со слончето маскота Халки, а воедно ќе добиете и подарок, па понатаму можете вложувањето средства да го правите заедно електронски и тоа да стане ваша традиција. На овој начин не само што вашето дете ќе стекне убава навика од мали нозе, туку и ќе му го надополните времето со нешто поинтересно.

06

5.Започнете нова серија. Веројатно не постои некој што не е вљубеник во сериите, особено во време кога сакаме да сме дома, на безбедно и топло. Сериите ни го пополнуваат времето, нѐ водат во некој друг свет и ни даваат чувство на спокој, па доколку не сте започнале нешто ново или немате идеја, еве еден предлог: Во моментов најголемата хит серија на Netflix, направена според роман од 1983 г., е The Queen’s Gambit која ги руши сите рекорди. Тоа е приказна за една млада дама која уште од девојче се вљубува во шахот, а серијата стана толкав хит, што дури и пребарувањата на Google „како се игра шах“ го достигнуваат рекордот во последниве 9 години, а пак продажбата на книгата расте неверојатни 603%, и тоа 37 години по нејзиното издавање.

?????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

6.Негувајте се, и дома. Тоа што помалку излегуваме, како жени, и не значи дека треба да се запоставиме. Особено во зима, кога временските услови се посурови, на нашето лице и тело им е потребно поголемо внимание и нега. Постојат голем број „рецепти“ за домашни спа третмани и маски, па еве, дури и ние имаме еден едноставен предлог како сами да си направите зимска маска за лице. Сѐ што ви е потребно е алое вера гел, лимонов сок и мед. Помешајте ги сите 3 состојки во еден сад, нанесете тенок слој на лицето и оставете да делува 20 до 25 минути. Потоа исплакнете со млака вода и резултатот ќе го видите веднаш: освежена, хидрирана, чиста кожа, а за долготраен ефект, можете да ја употребувате и на дневно ниво.

5-Best-Facial-DIY-Masks-That-Are-Easy-To-Make

7.Вежбајте јога, медитирајте. Покрај нега на телото, она што најмногу ни треба веројатно на сите во овој момент, е нега и на умот и духот, а токму јогата ни го овозможува тоа. Доколку веќе не сте започнале, охрабрете се и сторете го тоа. Барем 30 минути, два до три пати во неделата, и тоа од удобноста на вашиот дома, преку многу достапни онлајн часови. Наша препорака е „Ајурведа Македонија“, каде покрај часови за јога, ќе најдете широк спектар и од други производи и услуги од областа на древната ајурведска медицина. Ќе имаат чудотворен ефект за вас, за истегнување на телото, за вашето здравје, за вашето расположение и за намалување на секојдневниот стрес.

детско штедењеживотен стилнега на телонега на умотонлајн курсевионлајн настаниХалкбанкХалкиштедење
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • KID-EXPO--poster животен стил со...

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

  • 1 животен стил со...

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

  • Women in tech & Metergram (1) животен стил со...

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025
  • ???????????????????????????

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

    октомври 7, 2025
  • esenski bazar

    Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

    октомври 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics