• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Македонија треба да ги следи светските искуства и да го препознае бенефитот од користењето алтернативни тутунски производи за унапредување на оралното здравје

Од stylist @StylistMKD · На јули 24, 2020

kristina_mitik

Бројни научни и релевантни студии го истакнуваат пушењето цигари како еден од најважните ризик фактори одговорен  за почеток и развој на различни орални воспалителни состојби, вклучувајќи ја пародонталната болест, денталниот кариес, улцеро-некрозниот  гингивит, афтозниот стоматит, никотинскиот стоматит, оралниоткарцином,орална леукоплакија (преканцероза), меланоза, влакнест јазик и останати бенигни слузокожни заболувања. Добро е познато дека  цигарите можат да ја пореметат стабилноста на бојата на забите и на денталните полнења, ги афектираат резултатите на денталните импланти и го компромитираат ефектот на пародонталната терапија. Пушењето цигари доведува до сува уста и појава на лош здив.

Но и покрај сите предупредувања за штетноста врз оралното здравје, сепак остануваат голем број пушачи, кои не се откажуваат или повторно се враќаат на пушењето. Кај оние кои престанале со пушење, негативните ефекти се реверзибилни, при што се нормализира чувството на вкус и мирис, свеж здив, намален дентален плак, забен камен и никотински пигментации.

Иако никотинот е високо зависен,бројни истражувања (Fagestrom, Bridgman, Caponnetto,Rodgman, Kettunen, Russell) препознаваат дека никотинот присутен во цигарите не е примарен причинител за заболувањата поврзани со пушењето. Примарниот причинител произлегува од процесот на согорување на тутунот при што се ослободуваат бројни други канцерогени и токсични состојки кои се опасни по здравјето на човекот.

parker m

При согорување и пиролиза на тутунот (600°C до 800°C) се ослободуваат  јаглероден моноксид, никотин  и бројни  продукти како одредени метали, алдехиди, Н-нитрозамини, кетони, јаглеводородни соединенија како  алкани, алкени, моноциклични ароматични јаглеводороди, полициклични ароматични јаглеводороди, кои се прогласени за канцерогени и отровни материи кои може да претставуваат опасност за здравјето. Истражувањата потврдуваат дека околу 7000 хемиски компоненти присутни во чадот на цигарите се способни да предизвикаат директно оштетување на оралните ткива, хронично воспаление на оралната слузокожа или да го модифицираат имуниот одговор на домаќинот кон надворешните антигени.

Активностите за промоција на јавното здравје се секогаш добредојдени и широко прифатени, а голем број на развиени земји го препознаваат концептот на намалување на штетноста од користење на тутунот. Суштината на овој концепт е престанувањето со пушење како најдобра опција, но на останатите  кои едноставно не можат да се откажат од оваа навика, им се дава сугестија за користење на помалку штетни производи како производи кои го загреваат, а не го согоруваат тутунот, никотински лепенки, електронски цигари и други. Токму, користењето на алтернативите со намалена штетност за пушачите, најверојатно ќе резултира со намален вкупен ризик по здравјето на населението во целина, вклучително и за оралното здравје.

Голем број на високо развиени земји како Велика Британија, Норвешка, Нов Зеланд веќе ја применуваат оваа стратегија во нивните здравствени системи. Дополнително, Американската федерална агенција за храна и лекови неодамна го класифицираше IQOS (Philip Morris International) во категоријата  производи со модифициран ризик, што предизвика огромен интерес кај научната фела. Според независната анализа на оваа  реномирана агенција, IQOS уредотпретставува  фундаментално различен производ од класичните цигари кај кој процесот на согорување на тутунот е целосно заменет со негово загревање. Во таа смисла, новата технологија „загревање-не-согорување” претставува потенцијална алатка за прекинување со пушењето, која е во согласност со промоцијата на јавното здравје. Пренесувањето на никотинот од тутуноткај IQOS уредот се врши со електрично загревање на тутунот, на температура пониска (до 350 °C) од онаа која ја користат цигарите (600-800 °C), но сосема доволна да ослободи ароматична пареа која содржи никотин и значително пониски нивоа на штетни и потенцијално штетни материи. Истражувањата се согласни дека IQOS производот обезбедува до 95% помалку токсини, канцерогени и слободни радикали во однос на класичните цигари.

Имајќи ги предвид препораките од светските високореномирани институции од областа на јавното здравје, потреба и реалност е Македонија да ги следи новите искуства и да започне со развој и примена на стратегија за намалување на штетноста од тутунот која ќе ги препознае бенефитите на новите алтернативни и помалку штетни производи. Сосема е реално овие производи да бидат широко прифатени, па оттука и потребата стоматолозите да се соочат со овој нов предизвик, како би можеле и пациентите да бидат правилно информирани за предностите на алтернативните производи на цигарите.

Проф. д-р Кристина Митиќ, Специјалист по болести на устата и пародонтот

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • winter festival животен стил со...

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

  • Poster-so-logoa-story_1 животен стил со...

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

  • KID-EXPO--poster животен стил со...

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics