• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

АНА ЗАФИРОВА: Акцијата „Сите стоплени во зима“ на „Мрдни со прст“ ќе кулминира со ревија на македонски дизајнери

Од Катерина Трајановска · На јануари 29, 2018

05

Петнаесет македонски модни дизајнери интервенираа на користена зимска облека како дел од хуманитарната акција „Сите стоплени во зима“ иницирана и поддржана од граѓанската платформа „Мрдни со прст“, а која што ќе финишира со модна ревија што ќе се одржи во среда, 31 јануари, во 20 часот во Младинскиот културен центар. Тргнувајќи од идејата дека облеката што ние не ја користиме може да биде корисна за некој друг, во декември и јануари на неколку пунктови низ Скопје беше собирана користена зимска облека, а дел од парчињата нашите дизајнери ги одбраа и рекреираа користејќи ја својата креативност. Крајните креации на модната ревија во среда ќе ги носат јавни личности, влезницата за ревијата е донација на користена облека, сите што сакаат да помогнат се добредојдени на настанот, а крајната цел е се собере што е можно повеќе зимска облека наменета за луѓето на кои им е најпотребна и да се подигне свеста дека секој од нас може да помогне ако малку мрдне со прст. Додека се подготвува ревијата, зборувавме со Ана Зафирова, промоторка на настанот, која подетално ни ја објасни оваа хуманитарна акција.

-Акцијата „Сите стоплени во зима“ која се реализира со поддршка од иницијативата „Мрдни со прст“ има цел да собере користена зимска облека за луѓето на кои им е најпотребна. Сè започна во декември, на определени пунктови во Скопје, каде се собираше облеката, а ќе кулминира со модна ревија на 15 водечки македонски модни дизајнери на која јавни личности ќе ги претстават нивните креации со користена облека.

Зошто се одлучивте токму за модна ревија и ангажирање на домашните модни дизајнери? Која е нивната улога, каква порака треба да испратат?

-Хуманитарни акции обединуваат околу заедничката цел. Модната ревија и вклучувањето на модните дизајнери во оваа акција се случи во насока на кревање на свеста кај граѓаните, за нивните сограѓани кои се соочуваат со недоволна количина на облека за да ја поминат зимата.

Нашата покана до дизајнерите беше безрезервно поддржана. Тие доброволно се приклучија и влеговме заеднички во акцијата „Сите стоплени во зима“. Низ кампањата дизајнерите, преку своите можни пораки ги покануваат граѓаните да ни се придружат за да ја направиме заеднички промената во општеството.

Благодарност до нив за поддршката, предаденоста, лобирањата и пред сè ентузијазмот со кој ни покажуваат дека заенички можеме многу.

Што подговуваат модните дизајнери за ревијата, дали интервенираат на користената облека или само ја комбинираат и ќе направат нов стајлинг од старите парчиња?

-Модните дизајнери добија користена облека и се впуштија во авантурата на нејзино „реоживување“. Секој воден од својата креативност и фантазија различно се справува со дадениот предизвик. Некои дизајнери прекројуваат, други сликаат и везат, трети принтаат и интервенираат со додатоци. Инстинктот и нивниот личен печат ги води низ процесот. Но, она што е заедничко за сите, е дека облеката која што им ја дадовме и облеката што ќе ја видиме на 31 јануари нема да биде иста.

kolaz-dizajneri_site-stopleni-vo-zima

Ревијата е всушност завршница на акцијата за собирање стара зимска облека, која во неколку серии иницира луѓето да подарат облека што веќе не ја користат и да ја донесат во одредени скопски кафулиња. Колкав беше интересот, дали сте задоволни од количината на собрана облека и кому е таа понатаму наменета?

-Досега е собрана одредена количина на користена облека, но акцијата е во тек и очекуваме таа количина најмалку уште да се дуплира/триплира. Невладините организации „Љубезност“ и „СОС Детско село“ се оние кои ќе ја доставуваат облеката до оние на кои таа им е најпотребна. Досегашниот тек на акцијата ни покажува дека имаме потенцијал да бидеме солидарни, но само треба да „мрднеме со прст“ и работите се менуваат.

Впрочем и во најавата за модната ревија стои дека влезницата е користена облека…

-Завршниот настан е модната ревија закажана за 31 јануари во 20 часот. Во реализација на ревијата покрај дизајнерите и јавните личности кои доброволно прифатија да бидат манакени на настанот, се вклучија и многу партнери. Благодарност до кафулињата кои беа собирачки пунктови, Младинскиот културен центар, Кариера Плус, волонтерите на „Љубезност“, „СОС Детското село“, и сите граѓани кои во различни форми ја поддржуваат акцијата. Настанот е од отворен карактер. Влезница е парче донирна облека, која ќе треба да се остави на определен пункт во МКЦ директно пред настанот. Сите граѓани кои сакаат да го погледнат овој перформанс се добредојдени.

Што после ревијата? Каде оди облеката што ја стилизираат дизајнерите?

-И оваа облека ќе биде некому подарена, затоа што тоа е целта. Секој заслужува топла облека, а ако дополнително таа е стилизирана од врвен дизајнер како што тоа е случајот во оваа акција, тоа е дополнителна вредност на целата идеја.

По овој настан, „Мрдни со прст“ се отворени за сите иницијативи на граѓаните. Се она што тие ќе одредат дека е приоритет, може да биде следна активност. Со прдружување на платформата Мрдни со прст и комуникација на http://www.mrdnisoprst.mk , граѓаните можат идејата заеднички да ја реализираат и да направат промена во околината во која што живеат.

 

 

Ана Зафировазимска облекамакедонски дизјанеримодна ревијаМрдни со прстСите стоплени во зимахуманитарна акција
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics