• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
фит-форма 0

АНГЕЛИНА БЛАЖЕСКА: Многу можности за вежбање со апликацијата FitKit

Од Катерина Трајановска · На јуни 5, 2017

angelina blazeska (3)

Препознатлива од модните писти и фотосесиите во списанијата, манекенкатата Ангелина Блажеска, вљубеничка во фитнесот и вежбањето, дојде до идеја да ја креира македонската мобилна апликација FitKit – платформа која ви овозможува да вежбате што сакате, кога сакате и каде сакате низ Скопје со само една месечна членарина. Лансирана деновиве, ова е прва домашна апликација која овозможува организирање на вашата фитнес програма во најдобрите фитнес и спортски центри, засега само во Скопје, а е достапна за Android и iOS. Да, FitKit навистина претставува 1 решение, многу фит можности. Во разговор на Stylist.mk Ангелина ни ја објасни идејата и функцијата на FitKit, од што беше поттикната и прати позитивна порака за спортско/вежбачко активирање – нема повеќе забушавање, сега постои и апликација за полесно, поекономично, позабавно и многу флексибилност во планирањето на вежбањето.

angelina blazeska (4)

-Идејата произлезе од тоа што јас лично сум вежбач кој сака различни активности. Сакам сè да пробам и после долго вежбање различни активности насекаде низ Скопје се пронајдов во јогата и фитнесот на шипка… Потоа само тие две активности не ми беа доволни, па дополнително сакав да одам на класичен фитнес и кога ја направив пресметката излезе дека многу пари ми одат на членарини, а од друга страна никогаш не ги искористував максимално тренинзите што ги плаќав. Потоа многу случајно налетав на статија на интернет која беше за некоја девојка која ја развила ClassPass платформата во Америка и на некој начин го решила овој мој конкретен проблем, но далеку и недостапно од мене :)

Од идеја до реализација, како течеше создавањето на апликацијата и кој е тимот со кога соработуваше?

-Од кога се роди идејата следуваше еден период на истражување, како функционира тоа во светот, што би можело да се преслика за нашиот пазар и дали воопшто има заинтересираност за такво нешто. Полека ја формирав и таргет групата на корисници, па ја мислев подетално идејата, се консултирав со поискусни од мене за сите аспекти од проектот кои ги опфаќа идејата од почеток до крај и така се формираше сликата за тоа што точно ќе се создаде. Работев со многу искусен тим на програмери кои точно ме разбраа што ми треба и беспрекорно си ја завршија работата. Од друга страна од самиот почеток соработував со Кајгана медиа кои многу ми помогнаа во формирањето на брендот и тие го смислија името ФитКит.

angelina blazeska (1)

Објасни ни подобро што претставува FitKit? Како функционира и што е целта? Откако корисниците ќе ја симнат, што понатаму?

-FitKit претставува мобилна апликација. Наменета е за активни луѓе на кои ќе им биде прибор за вежбање сместен во нивниот телефон. Функционира на следниов принцип: еден корисник ја симнува од App Store или Google Play, си прави профил и добива увид во термини и локации за вежбање најразлични активности низ Скопје. Има можност онлајн да си купи 16 тренинзи месечно за 1800 денари и истите да ги искористи било каде и било кога со кликање и пријавување на термините излистани на тајмлајнот во апликацијата. Кога ќе се пријави за даден термин за вежбање, апликацијата генерира код кој треба само да се покаже при искористување. Нуди голема флексибилност како во активности, така и временска што е многу погодно за луѓе кои се зафатени и тешко се придржуваат до стандардот „понеделник, среда и петок од 18 часот“ тип на вежбања… :)

18010891_1643278225697409_6791122312522258491_n

Колку е важно да се тренира и спортува и дали сметаш дека оваа апликација ќе ги инспирира оние што не вежбаат да почнат со фитнес или некоја рекреативна активност?

-Многу е важно да се тренира и практикува спорт, бидејќи така телото се одржува здраво и силно. Нема потреба да напоменуваме за бенефициите од вежбањето, ги има премногу. Апликацијата FitKit очекувам не само да ги инспирира да почнат со вежбање, туку и да ги мотивира сите кои ќе ја користат да пронајдат што е можно повеќе активности што им се допаѓаат и да се заразат како што сум заразена и јас. Вежбањето со FitKit буквално ги елиминира сите можни изговори секојдневно што си ги даваме за да прескокнеме тренинг од типот на: не знам каде да вежбам, немам време, ми се здосадува исто па исто, ми пропаѓаат чланарините и сите слични.

angelina blazeska (2)

Апликацијата е мошне нова, имаш ли информација колку корисници веќе има и кои вежби се најголем хит засега? 

-На апликацијата во првите 48 часа од пуштањето онлајн имаше регистрирано 485 профили, а таа бројка секојдневно расте. Сè уште некоја статистика за тоа кои вежби се најпопуларни не можам да направам додека не помине барем еден месец, но очекувам најмногу да се вежба класичен фитнес во поголемите фитнес центри во комбинација со придружни активности како функционални тренинзи или пливање. Вклучени се неколку категории на активности:2 фитнес, функционални тренинзи, пилатес, аеробик, пливање, танцување и боречки вештини и засега имаме околу 20 различни локации. Секојдневно работиме на додавање нови термини и збогатување на понудата за да се покрие и територијално поголем дел од Скопје.

Која е твојата фитнес рутина, и колку вежбањето е составен дел од твојот животен стил?

-Мојата фитнес рутина се состои од редовно релаксирање со јога, тренирање фитнес на шипка, понекогаш фитнес и обавезно трчање на кеј кога е убаво времето. Без вежбањето се чувствувам многу лошо, немоќно и психолошки опаѓам, така што и кога сум најмрзлива знам да се убедам да станам и да истренирам.

angelina blazeska (5)

Бидејќи се занимаваш и со манекенство, колку е важно постојано да бидеш во топ форма?

-Манекенството ми е хоби и искрено никогаш не сум чувствувала притисок да изгледам слабо и совршено. Секако кога имам некои посериозни ангажмани посветувам повеќе време на тренинзи, но независно од манекенството се одржувам во топ форма постојано, а ангажманите само повеќе ме мотивираат да не забушавам :)

Модната публика те препознава како манекенка со неколкугодишно искуство, кои се според тебе најголемите твои успеси на ова поле, во која фаза е манекенството присутно во твојот живот во овој момент и колку ќе му се посветиш во иднина

-Секогаш на манекенството сум гледала како на занимација и дружење со луѓе кои многу ги сакам и веќе ми се добри пријатели. Некако изминативе 10 години постојано бев присутна на таа сцена и ќе продолжам да бидам сè додека имам време за тоа. Мислам дека тоа ќе биде се помалку, бидејќи покрај манекенството и FitKit, најсериозно сум посветена на инженерството. Јас сум дипломиран машински инженер од пред две години и работам на сериозни проекти за постојано подобрување во индустријата по принцип на имплементација на јапонски методологии и фокусот во иднина ќе ми биде на тоа.

Tвој совет за тоа во каква облека треба да се оди на тренинг и вежбање?

-Мојот единствен совет е: соодветна. Соодветна значи да биде спортска, да се чувствувате удобно и да биде според стандардите за спортот кој го практикувате за да не настанат повреди. Кога целта ви се лајкови за инста или фејсбук, слободно нашминкајте се ;)

angelina blazeska (6)

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

FitKitАнгелина Блажескавежбањемакедонска апликацијамакедонска манекенкамобилна апликацијафит-формафитнес
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • pilates фит-форма

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

  • PR Objava HalkEco Skopje Run 2023_1a фит-форма

    Уште 2 дена до завршување на пријавувањето за ХалкЕко Скопје трча 10км

  • Victoria-Secret-VSX-Sport-VS-knockout-crop-pants-60-63 фит-форма

    Фитнес дрескод за успешно и удобно вежбање

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics