• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

АНТОНИЈА РИСТОВСКА: Раскошна градина од креации во тон со природата

Од Ана Несторовска · На март 27, 2015

Antonija Garden (8)

Раскошот на природата во пролет, како и беспрекорната жена, која со својата појава и љубов му дава боја на животот, биле инспирација за колекцијата Garden за пролет-лето 2015 на дизајнерката Антонија Ристовска.
-Инспирацијата која ме водеше во текот на создавањето на целата колекција е беспрекорната жена, жена која со својата природа и љубов му дава боја на животот, жена ослободена од предрасуди, жена космополит. Во колекцијата се издвојуваат две подлинии кои се во елегантен-глам стил, со допир на духот од 50-тите и 70-тите. Едната е романтична во пастелни тонови, со дизајни на полско цвеќе, рајска градина и птици, додека другата е со геометриски дизајни кои како мотиви беа аплицирани во мојата претходна колекција Art en Deco, а сега се во комбинација со големи акварелни цветни композиции инспирирани од романтиката на Art Nouveau. Во двете подколекции на креациите се работени рачни везови со пролетни мотиви, магнолии, птици… Рачни везови се застапени и во венчалните фустани, а кај некои има апликации во боја. Кроевите се реекспресија на кроеви препознатливи за брендот, а при креирање на моделите користена е техниката мулаж-вели Ристовска.

Antonija Garden (12)

Фото: Ани и Дими

>>Кои се спецификите на колекцијата, какви бои, материјали и форми се застапени?
-Колекцијата брои 23 парчиња, доминираат коктел тоалети и венчални фустани, а застапени се и блузи, здолништа и пантолони. Како модни додатоци рачно е изработен накит и додатоци за во коса со цветни мотиви. За сезоната пролет лето 2015 нашата муза – модерната жена, е обоена во боите на природата, пастелни и нежни тонови на крем, праска боја, нежно сина, розева, во боите на магнолиите и полското цвеќе, во бојата на сонцето. Куриозитет на колекцијата е дизајнот на материјалите кој е единствен и посебно создаден за потребите на колекцијата. Брендот „Антонија Ристовска“ секогаш бил препознатлив по користењето на квалитетни материјали. Па така за потребите на оваа колекција заедно со италијански графички дизајнер создадов дизајни на материјали кои се поизведени и се печатеа во Италија. Сите дизајни се печатени на природна свила и се со потпис на „Антонија Ристовска“.

Antonija Garden (6)

Поп- пејачката Јана Бурческа (лево) и манекенката Маја Ристевска се јавуваат како модели во фотосесијата Фото: Ани и Дими

>> Викендов со тандемот Ани и Дими направивте фотосесија за Garden, каде што како модели се појавуваат манекенката Маја Ристевска и младата пејачка Јана Бурческа. Колку фотосесијата и моделите успеаа да ја доловат приказната од колекцијата, дали си задоволна од соработката?
-Со Ани и Дими имаме долгогодишна соработка и за потребите на брендот имаат направено неколку успешни фотосесии. Овој пат фотосесијата ја направивме во комплексот „Верина”, кој има прекрасно уредена површина и уреден станбен простор. Амбиентот е во royal style и се вклопи во мојата замисла за претставување на колекцијата… Со познатиот топ-модел Маја имаме долгогодишна соработка, ова е трета фотосесија во која го претставува ликот на новата жена на брендот „Антонија Ристовска“, а како модел на писта секогаш била една од најдобрите манекенки која на одличен начин ги претставувала моите креации. Со Јана исто така имаме долгогодишна соработка, но овој пат за првпат во ваква форма. Таа со воодушевување ја прифати поканата да биде заштитно лице на колекцијата. Брендот АР стои зад изгледот на Јана во повеќе наврати, за јавни настапи, како на Скопскиот фестивал, така и за други манифестации. Целата атмосфера за време на фотосесијата беше уживање за работа. Секако морам да го напоменам и Даниел Николовски кој се погрижи за фризурата и шминката на девојките, и „Ателје плус“,  кои се погрижија за цветниот аранжман.

Antonija Garden (10)

Фото: Ани и Дими

>> Дали покрај фотосесијата имаш во план поинаква промоција на колекцијата, на некој моден настан, недела, изложба…?
-Промоцијата на колекцијата е преку фотографии и видеоматеријал. Имам покана за учество на неколку модни настани надвор од Македонија и можно е да ја претставам на некој од нив.

Antonija Garden (11)

Фото: Ани и Дими

>> Минатата сезона претстави колекција со маици со принтови со илустрации од твоите претходни колекции. На каков прием наиде линијата со маици и колку тоа ти е поттик да се задржиш на креирање на колекција за секојдневна облека?
-Одличен е приемот на блузите со принт, а и фидбекот од клиентките е дека со задоволство ги комбинираат за различни пригоди. Ме привлекува креирање секојдневна мода и верувам дека со нова инспирација повторно би направила нова колекција за секојдневна облека.

Antonija Garden (1)

Фото: Ани и Дими

>> Во меѓувреме ја лансира својата онлајн продавница. Колку си задоволна од работата на истата и од каде доаѓаат најмногу нарачки? Се купува ли во Македонија онлајн?
-Во моментот кога одлучив да отворам онлајн продавница повеќе ме водеше тоа што ваков тип на продавница ќе биде излог на ателјето кон поширока модна публика, особено што се повеќе информации се добиваат преку интернет. Па по цена и да немаме продажба. Но, на мое задоволство имаме. Полесно се продаваат модни додатоци, а за облеката некои клиентки откако ќе си одберат парче доаѓаат кај нас да пробаат и го купуваат парчето. Ги разбирам во потполност, бидејќи покрај дизајнот што привлекува, облеката треба и добро да легне на телото. Сè уште сме во почеток со работата на онлајн продавницата и со тек на време очекувам да има поголеми резултати.

Antonija Garden (5)

Фото: Ани и Дими

>>Ова е сезона на свадби и матури. Какви венчаници односно матурски модели препорачуваш за оваа година. Што би ги советувала идните невести и матурантки во однос на изгледот?
-Во најновата колекција за оваа сезона на идните невести им предлагам венчаници кои имаат детали во боја, со женствен крој, кој секако прилега најдобро на нивната фигура и карактер. Матурантките ни се посебни клиентки и знаеме дека матурската вечер за нив е многу важна, па секогаш им одвојуваме внимание и ги советуваме при избор на моделот. За оваа сезона предлогот е долг фустан кој може да биде во поромантичен стил или тоалета со рачен вез. Мојот совет е, без разлика за кој стил ќе се одлучат, да си го задржат младешкиот и природен изглед и да се водат по девизата на легендарната Coco Chanel – less is more. Тоа може да се види и во креациите од новата колекција, каде се истакнати едноставноста и женственоста, надополнети со дискретни везови и накит.

Garden22

Колекцијата е со материјали од природна свила на кои има дизајн со потпис на Антонија Ристовска

Antonija Garden (13)

Фото: Ани и Дими

Antonija Garden (14)

Antonija Garden (9)

Antonija Garden (7)

Antonija Garden (15)

Antonija Garden (3)

Antonija Garden (4)

Antonija Garden (2)

 

Antonija Garden (20)

Antonija Garden (19)

Antonija Garden (18)

Antonija Garden (17)

Antonija Garden (16)

Antonija Garden (21)

GardenЈана БурческаАни и ДимиАнтонија РистовскаАтелје ПлусВеринаДаниел НиколовскиМаја Ристевскапролет-лето 2015Скопскиот фестивалФото: Ани и Дими
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics