• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
трендови 0

Бамби – блузонот ги трогна трендсетерките

Од Ана Несторовска · На декември 2, 2013

Дали би платиле 895 евра за еден блузон или џемпер? Инстиктивниот и логичен одговор е НЕ. На нашиот пазар оваа цена е превисока и за венчаница, а камо ли за парче облека кое влегува во изгледот за секој ден…  Што има толку посебно во еден блузон за да биде толку скап? Разлистувајќи ги светските модни магазини и влијателните сајтови сезонава во очи ми падна блузонот/џемпер со необичен принт, половина со сликата на препознатливот Бамби од цртанот филм на „Дизни“, а половина со црно-бела фотографија со женска силуета …

Алекса Чанг, Миранда Кер, Аманда Сејфрид, Лили Колинс, Ела Фенинг, Бијонсе Ноулс, Ана Дел Русо, Мирoслава Дума и Карин Ројтфилд се само дел од славните личности што се појавија со т.н. бамби-блузон.

Моделот е хит меѓу холивудските ѕвезди, трендсетерките и блогерите. Алекса Чанг, Миранда Кер, Аманда Сејфрид, Лили Колинс, Ела Фенинг, Бијонсе Ноулс, Ана Дел Русо, Мирoслава Дума и Карин Ројтфилд се само дел од славните личности што се појавија со т.н. бамби-блузон.  Дел од нив го носеа како фустан, со колан, а некои го искомбинираа со долги здолништа или хеланки.

Црниот волуменизиран модел од колекцијата есен-зима 2013/14 на „Живанши“, дизајниран од Рикардо Тиши, уште пред да се најде во продавниците беше распродаден. На популарните оналајн продавници како Matchesfashion.com и Net-A-Porter има долга листа на чекање, а во лондонската стоковна куќа „Селфриџ“ беше „разграбан“ уште пред да биде приложен на полиците. Во речиси сите влијателни модни магазини е посочен како парче на сезоната, а беше вклучен и во топ-тренд едоторијалите. И повторно се поставува прашањето – што има толку посебно во бамби- блузонот за да биде толку баран?

Факт е дека изминатава година блузоните,  од модно парче што се носи во фитнес-сала или на џогирање, се промовира во трендовски хит, кој  може да се комбинира во секојдневниот изглед, но и за свечени пригоди. Нивното враќање на сцената најмногу е благодарение на влијателните модни блогери, кои на големо го прифатија и го промовираа враќањето на стилот од 90-тите години на минатиот век. Стилизираните ХХL џемпери и блузоните со  аликација со животни добија нова, шик- слика, а на ова се прилагодија голем број на дизајнери и модни куќи. Пред две години ваква фама се крена и за блузите со фотографија од ротвајлер. Слична фама имаше и за тигар-џемперот на „Кензо“ и за  т.н. „Егитофанк“ блузон на „Баленсијага“.


Рикардо Тиши не направи ништо револуционерно или нешто што не беше видено на модните писти. Не е првиот што ги пласира во своите колекции, но е првиот што го погоди вкусот на девојките и жените од различни стилови игенерации.  Според некои ескперити допадливоста на овој модел доаѓа од препознатливата симпатична слика  со Бамби, ставена во  умешен спој со убаво извајана женска фигура, што алудира на истовремено нежната и моќна, сексипилна страна на жената.
Откако го зазема тронот на „Живанши“ во 2005 година, главна задача на Тиши е да го транформира брендот од класична во современа  модна куќа. Па така, од скапи ексклузивни колекции за свечености, линиите се насочени кон луксузна секојдневна мода.  За бренд како „Живанши“ парче од 895 евра е многу евтино, според многумина и неисплатливо за фирмата. Но, според експертите, на долгорочен план  е вредна инвестиција, која ќе ѝ донесе на куќата нов, трендсетерски имиџ- она што го направи „Живанши“  со помош на модната икона Одри Хепберн и филмот „Појадок кај Тифани“ во 60-тите години.

Бамбиесен-зима 2013/14Живаншимодамодни уреднициРикардо Тишитрендсетери
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 1leopard трендови

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

  • off shoulder трендови

    Фустаните кои ги откриваат рамениците симбол на летната мода

  • 1 трендови

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics