Без разлика на најновите модни трендови, пругастата кошула останува како парче облека кое постојано се наоѓа во нашиот плакар и на полиците на продавниците, заедно со белата и класичната сина кошула. Оваа пролет ќе се заиграме со кошулите во сино-бели линии, во класичен крој или со трендовски широки димензии, погодни за деловен изглед, но и за лежерни пролетни пригоди. Редовите од дебели или тенки бели и сини риги лесно ќе се вклопуваат во секаков стил, секоја пригода и секоја комбинација. Овој вид на кошула е повеќе од моден класик, во своите нови интерпретации е важен елемент за трендовски комбинации. Се комбинираат со фармерки и широки панталони, со бермуди и здолништа, под сакоа или врз маици, се носат лежерно распетлани за порелаксиран стил или уредно наместени за деловен стил, во комбинации со патики и чевли со потпетици, сандали и мокасини.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Нема коментари