• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

БОРКА и АВОН по 10-ти пат заедно ќе чекорат на НАПРЕД РОЗОВО’18

Од stylist @StylistMKD · На октомври 3, 2018

borka avon (4)

Во недела, на 7-ми октомври, во Градскиот парк во Скопје кај Школка традиционално 10-та година по ред ќе се одржи настанот „Напред розово“,со кој воедно се одбележува 10-от јубилеј наоваа национална кампања за подигање на свесноста за ракот на дојка, во организација на Здружението за борба против рак ”БОРКА – за секој нов ден” и амбасадата на САД во Македонија, а оваа година во партнерството со компанијата AVON.

Компанијата AVON, како дологогодишен стратешки партнер и поддржувач на Борка, во рамките на настанот ќе ја промовира и својата кампања „Допирај се розово”, со што ќе даде свој придонес во подигањето на свеста за ова заболување и начините за нејзиното превенирање и рана детекција.

Со лансирањето на кампањата „Допирај се розово”, AVON има чест да ја објави донацијата во вредност од 15.000 долари за поддршка на активностите на Борка во доменот на борба против ракот на дојка. Средствата ќе бидат наменети за поддршка на мобилната СОС линија за пациентите кои боледуваат од рак и нивните семејства, како и за едукација на граѓаните во Македонија за ризиците и начините за превенција и рана детекција на ова заболување, со посебен акцент на младата популација.

borka avon (2)

„Како „компанија за жени”, AVON уште од 1992-ра година на глобално ниво секојдневно е посветена на зголемувањето на свесноста за ракот на дојка. До денес, компанијата на светско ниво донирала 800 милиони долари, едуцирала 180 милиони жени за оваа болест, и обезбедила бесплатен скрининг за над 20 милиони жени, сето тоа преку продажба на производите од специјалната линија со розова панделка, чиј приход е 100% наменет за активности за борба против ракот на дојка. Во Македонија, заклучно со оваа година AVON има донирано околу 4.5 милиони денари,  а заедно со Борка ја основавме првата и единствена бесплатна СОС линија за поддршка. Преку нашата мрежа на Претставници, која брои 6 милиони на светско ниво, ние допираме до десетици милиони жени и преку тој контакт, ние сакаме да им помогнеме на сите жени да бидат свесни за ракот на дојка и да се грижат за своето здравје. 

borka avon (6)

Горди сме со постигнатото, но знаеме дека има уште многу да се стори. А заедно со нашето семејство од 6 милиони Претставници, ние знаеме дека можеме да направиме промена. Во Македонија, нашето повеќегодишно партнерство со БОРКА ни значи многу, бидејќи мисијата на самата компанија секогаш е насочена кон охрабрување на жената на секој можен начин, а розовата боја веќе стана препознатлив симбол за нејзино истакнување. Оваа последна донација од 15.000 долари значи дека ние и понатаму активно ќе партиципираме во изнаоѓањето начини за спречување и справување со оваа болест“, изјави Марина Цигарида, Заменик Национален Менаџер за продажба во AVON Македонија.

borka avon (5)

Статистиката вели дека над 1200 жени во Македонија се дијагностицирани со рак на дојка на годишно ниво. Благодарејќи на современиот третман и раната детекција, сè повеќе жени целосно заздравуваат од болеста и се доказ дека, со овој предизвик можеме да се справиме со заеднички сили и поддршка.

Затоа е потребно секоја жена да ги знае ризиците, знаците и мерките што треба да се преземат кога станува збор за ракот на дојка. Овој марш ќе им понуди на граѓаните едукација информативни разговори, поддршка и дружење со помош на кои ќе се запознаат со симтомите и раното откривање на оваа болест.

borka avon (3)

„Во текот на изминативе 10 години, бројот на новозаболени од рак на дојка во Македонија е дупло зголемен. Затоа информирањето и едукацијата за оваа болест е од огромно значење, бидејќи ракот на дојка може успешно да биде излекуван доколку се открие во ран стадиум. Целта на овој проект е да создадеме информирано и едуцирано население, да се зголеми стапката на преживување, но и да ја подигнеме оваа борба на повисоко ниво кај здравствените институции со цел обезбедување на современа, навремена терапија и подобрување на квалитетот на живот на сите кои се соочуваат со оваа болест.

БОРКА веќе 11 години континуирано се грижи за пациентите и нивните семејства, а преку организирање на оваа кампања испраќа порака до сите креирачи на здравствените политики да ги препознаат потребите на овие пациенти и да го стават ракот како приоритет во нашиот здравствен систем.  Затоа би сакала да ве поканам сите во недела во 11 часот пред Школка,  да се придружите на Борките од цела Македонија,  да им дадеме поддршка на оние кои се соочуваат со оваа болест и да се обединиме сите во борбата против ракот на дојка, затоа што оваа борба е наша, заедничка!“, вели Биба Додева, основач и претседател на здружението БОРКА.

borka avon (7)

Кампањата не случајно се одржува во месецот октомври – светскиот месец посветен на борбата против ракот на дојка, кога граѓанските организации, здравствените работници и владините институции од целиот свет, активно работат на подигнување на свеста за оваа болест.

Повеќе детали за настанот и програмата можете да дознаете на следниот линк: http://napredrozovo.borka.org.mk/

Деталите за кампањата на AVON, Допирај се розово, се достапни на линкот:

http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/DopirajSeRozovo.page

e4

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 животен стил со...

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

  • winter festival животен стил со...

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

  • Poster-so-logoa-story_1 животен стил со...

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics