• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

Документарецот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски имаше светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал

Од stylist @StylistMKD · На август 17, 2026

Svetska premiera Dobri luge

ГРОМОГЛАСНАТА ТИШИНА СИЛНО ОДЕКНА – ЕМОТИВНА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА „ДОБРИ ЛУЃЕ“ НА МАНЧЕВСКИ НА САРАЕВСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ И ШИРОК МЕДИУМСКИ ОДГЛАС

Документарниот филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски синоќа имаше светска премиера пред публика, која не можеше да ги скрие силните емоции. Филмот се прикажа во официјалната документарна конкуренција на 32. Сараевски филмски фестивал.

После проекцијата во салата завладеа заглушувачка тишина, која траеше бесконечно – за потоа да биде разбиена со силен аплауз од емотивната публика. „Во оваа громогласна тишина се собра сета тага на Кочани што ја почувствува светот“, изјави режисерот Манчевски.

По аплаузот се одржа жив разговор со публиката која одушевено го прими филмот. Во разговорот, кој го водеше селекторката на програмата Рада Шешиќ, учествуваа Манчевски, директорот на фотографија Иван Ивановски и дел од соговорниците во филмот – преживеани од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На премиерата присуствуваше и директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски, кој дојде од почит кон Манчевски, иако „Добри луѓе“ е реализиран без финансиска поддршка од државата. Денеска е закажана уште една проекција на филмот во рамки на фестивалот.

„Добри луѓе” е снимен со минимална филмска екипа, само еден месец по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 млади луѓе. Манчевски го сними со свои средства, во знак на почит кон жртвите и преживеаните и на публиката ѝ ги носи непосредните сведоштва на тивките херои, кои се обидувале да спасуваат животи, но и на преживеаните. „Естетиката на филмот“, истакна селекторката Шешиќ „е воздржана и минималистичка за на тој начин уште посилно и поверодостојно да го соочи гледачот со страшните факти на трагедијата“.

По премиерата, „Добри луѓе“ продолжи да живее во разговорите помеѓу гледачите:

„Сведоштвата на преживеаните и понатаму непрестано ми се вртат во глава. Мозокот се обидува да ја процесира трагедијата и да создаде претстава за тој буквален пекол во кој се нашле тие луѓе, а сето тоа е толку морничаво, што умот упорно сака да го поништи и да го апстрахира. Филмот го доловува тоа чувство неверојатно верно, а на многу едноставен начин“.
„Ова не може да биде вистина“, ми одекнуваше во глава во некои делови од филмот, веројатно за да си олеснам. „Многу потресно“, е еден од впечатоците по проекцијата.

Друг гледач го опиша филмот како „Прекрасен, радикален, полн со човечност, речиси трансцендентен во својата суштинска едноставност“.

Пред и по премиерата, „Добри луѓе“ и Манчевски беа во фокусот на меѓународните медиуми. Американскиот „Варајати“, „Синеуропа“, српските „Курир“, „Данас“, „Блиц“ и „Нова“, италијанскиот „Progettoitalianews“ итн… објавија интервјуа, текстови и осврти за филмот.

AKP_6796

Во интервјуто за „Варајати“, Манчевски одговара на прашањата на филмската критичарка Рафа Салес Рос за одлуката, филмот да биде снимен со крајно воздржан израз:

„Почнавме да снимаме само еден месец по трагедијата. Одлучив „Добри луѓе“ да биде екстремно аскетски, строг и минималистички, за да го избегнеме искушението за филмска манипулација. Го тераме гледачот директно, лице в лице, да се соочи со зборовите и лицата на хероите и на жртвите. Наша задача беше да не се мешаме. Ние вредно работевме во позадина филигрански да создадеме една голема приказна од десетиците лични приказни, ама сакавме да останеме невидливи. Воздржаноста е збор на денот, а изненадува колку напор треба за да се постигне тоа.“

Манчевски за „Варајати“ вели и дека филмот го направил за да им даде глас на преживеаните, а нивното искуство да остане забележано за идните генерации.

(https://variety.com/2026/film/global/golden-lion-winner-milcho-manchevski-good-people-sarajevo-1236831946/)

AKP_7072

Критичарот Владан Петковиќ во „Синеуропа“ пишува дека„Добри луѓе“ ги прикажува преживеаните и тивките херои „не како симболи, туку како луѓе – луѓе кои страдаат, истрајуваат и се длабоко реални“.

„Овие луѓе зборуваат пред целосно воздржана, објективна камера, како да му се доверуваат на терапевт. Во тој процес, самите факти се претвораат во интимни сведоштва и, надминувајќи ја формата на документарниот филм, се испреплетуваат со филозофијата, етиката, психологијата и хуманизмот, надминувајќи го локалниот контекст и отворајќи универзални прашања за доброто и злото, животот и смртта и односот на човештвото кон нив“, пишува Петковиќ.

(https://cineuropa.org/en/newsdetail/493894/)

Во освртот на филмот после официјалната проекција под наслов “Филм за Кочани после кој во салата завладеа штама”, „Данас“ пишува:

„Манчевски повеќе го интересира моментот во кој човекот сфаќа дека би можел да умре. Или моментот кога, и покрај стравот, тргнува кон опасноста за да спаси некого друг. Во визуелна смисла, филмот е намерно воздржан. Идејата беше гледачот да не размислува за светлото, композицијата или техниката, туку да остане со луѓето и нивните зборови. Во време кога документарниот филм сè почесто користи постапки преземени од играниот филм – музика што ја нагласува емоцијата, реконструкции, глас надвор од кадарот, внимателно конструирани сцени – „Добри луѓе“ го избира спротивниот пат. Тоа „зрно надеж“ не е големо, ниту наметливо. Тоа не е филмски пресврт, кој трагедијата ја претвора во приказна со среќен крај. Луѓето кои ги изгубија најблиските не ги добија назад своите животи. Оние кои преживеаја не можат да го избришат она што го виделе. Но, во сведоштвата останува фактот дека едни луѓе, во најтешкиот момент, се обидувале да спасат други“.

(https://www.danas.rs/kultura/u-sarajevu-prikazani-dobri-ljudi-milca-mancevskog-film-o-pozaru-u-kocanima-nakon-kojeg-je-sala-utihnula/)

За српски „Курир“, Манчевски објаснува зошто е важно сведоштвата на луѓето од Кочани да бидат пренесени директно, без туѓи толкувања:

„Мораме да ја забележиме вистината и да се надеваме дека нема да се повтори. Често има премногу бучава, а премалку вистина. Луѓето кои ја доживеаја оваа трагедија и семејствата кои изгубија блиски имаат право директно да се слушне нивниот глас, нивните емоции и размислувања. Ова не е само документарен филм, туку и документ.“

(https://www.kurir.rs/zabava/kultura/10073299/intervju-milco-mancevski)

Во интервјуто за „Данас“, Манчевски зборува за односот со луѓето, кои ги снимал:

„Мислам дека луѓето видоа дека сме на иста страна, на страната на хуманизмот, и дека мојата намера е да им понудам платформа од која ќе можат да ја раскажат својата приказна, чувствата, болката и своите размислувања. Им пристапив со отворено срце и мислам дека тоа се почувствува.“

Тој во истото интервју вели:

„Ниту една трагедија не е локална. Болката, гневот и тагата се универзални. Ме интересира добрината на луѓето. Колку сум постар, сè ми е појасно дека хероите не се војсководци, туку добрите луѓе. Тие се поважни и од успешните, и од паметните, и од убавите. Во тоа е суштината на цивилизираното живеење.“

(https://www.danas.rs/kultura/milco-mancevski-u-intevjuu-za-danas-previse-je-galame-a-premalo-slusanja/#google_vignette)

За „Блиц“, Манчевски зборува за границата до која може да се оди во раскажувањето на туѓата болка:

„Границата е таму, каде што ќе ја постават луѓето кои живеат со таа болка. Никој друг не може да каже каде е границата. После ова искуство ми требаше многу време повторно да почнам да дишам нормално.“

(https://www.blic.rs/kultura/potresna-ispovest-iz-filma-dobri-ljudi-kako-su-preziveli-tragediju-u-kocanima/wn7jbx8)

Во италијанската публикација „ProgettoItaliaNews“, Адриано Ерколани го поврзува сведоштвото на преживеаните со пошироката борба на Манчевски против корупцијата и за правото да се зборува јавно:

„Сведоштвото – она на преживеаните од Кочани, но и она што Манчевски го даде пред институциите – останува единствениот чин што моќниците никогаш не можат целосно да го стават под контрола.“ Ерколани продолжува: „Манчевски им упатува директен совет на младите филмски автори кои се плашат да проговорат за корупцијата: останете верни на својата уметност, но знајте дека единствениот начин мирно да спиете е да го кажете она што го мислите, дури и кога цената е висока.“

(https://www.progettoitalianews.net/news/quando-i-buoni-bruciano-allinferno-il-doppio-atto-di-resistenza-di-milcho-manchevski/)

Манчевски во разговорот за српска „Нова“ зборува и за условите во кои го создаде филмот: “Моќниците кои ги користат туѓите, народни пари за да владеат со луѓето и да им ги менуваат судбините, немаат право да се однесуваат како да заслужиле нешто или како нешто да постигнале во животот, особено ако тоа го прават на криминален начин – а филмската мафија во Македонија, која владееше со Агенцијата за филм, се занесуваше дека ја има таа моќ. Филмот, за жал, е скапа работа. Сепак, може и без државата или Холивуд, ако навистина сакаш нешто да направиш и ако знаеш што правиш“.

(https://nova.rs/kultura/milco-mancevski-ako-nesto-zelis-da-uradis-moze-se-i-bez-drzave-i-holivuda/)

„Добри луѓе“ е реализиран со приватни средства на Манчевски преку Банана филм, без учество на Агенцијата зафилм, во соработка и со поддршка на „Сапорт Кочани“. Манчевски, продуцентите и дистрибутерите се откажаа од добивка, а целиот приход од филмот е наменет за жртвите во Кочани.

Монтажер е Мишко Чунихин, директор на фотографијата е Иван Ивановски, музиката е на Игор Василев – Новоградска, а извршни продуценти се Татјана Ќурчинска-Пепељугоска и Лудовико Кантисани.

По светската премиера во Сараево, филмот ќе биде прикажан на 23 август на фестивалот „Македокс“ во Скопје.

Фото: Сараево Филм фестивал, Обала Арт Центар

(ПР објава)

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 филм

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

  • 1 OSCARS o_38572296_1280 филм

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

  • 2V7A7475 филм

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Svetska premiera Dobri luge

    Документарецот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски имаше светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал

    август 17, 2026
  • le brand kreacija

    Заеднички авторски проект на Ателје Креација и Le Brand Studio: Македонската традиција доби современ моден израз

    јули 16, 2026
  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • Svetska premiera Dobri luge

    Документарецот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски имаше светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал

    август 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics