Нашиот интернационален модел Ивана Манас се најде на насловната страница и во модниот едиторијал за дигиталното издание на списанието Елит. На фотографиите Манас позира во креации од колекцијата на нашиот нашиот моден дизајнер Христијан Младеновски.
Ивана до сега имаше огромни модни успеси преку кампањите за Долче и Габана, како и соработката на модните ревии во Милано на докажаните врвни модни дизајнери Филип Плејн и Рик Овенс. Импресивната кариера и голем број на дизајнерски соработки е заштитен знак на нашиот авангарден и препознатлив модел. Покрај насловната страна на ова дигитално модно списание, Манас се појавува и во модниот едиторијал во неколку различни комбинации на дизајнерот Младеновски. Од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент велат дека Ивана е исклучително модна и неверојатно харизматична, затоа припаѓа на светската модна сцена.




































Нема коментари