Постарите жители на Милано го памтат како Cinema Astra, но за љубителие на модата и милениумците сега овој простор ќе биде познат како Cinema Zara, нова продавница на популарниот моден бренд „Зара“. Сместена во срцето на шопинг улицата Corso Vittorio Emanuele II, продавницата ги задржала декоративните елементи на кино, но интерпретирани на модерен начин.
Оваа уникатна продавница отворена на 6 септември претставува пример за исклучителен архитектонски дизајн во уникатна средина, а во исто време предлага најнови технологии ориентирани за задоволување на новите купувачки искуства и за продлабочување на посветеноста на одржливоста. Во моментов во Cinema Zara ќе ја најдете капсулната колекција FA-VO-LO-SA посветена на Милано и на силната, независната и елегантната жена од градот.
Декорот на продавнивата е микс на стариот и новиот милански дизајн. Сè уште не е допрен духот на киното кое функционирало во зградата помеѓу 1941 и 1999 година. Задржан е обликот на скалите, мермерниот под, мозаиците што ги красат ѕидовите и впечатливиот лустер од Мурано стакло. Овие иконски елементи споени се со нови и модерни архитектонски решенија – минималистички бели ѕидови, модерни светилки, стаклени огради, многу зеленилото како и чекори преземи за еко-ефикасност. Просторот е креиран да штеди преку 20% електрична енергија за греење и ладење, троши 40% помалку вода во споредба со конвенционална продавница и имплементацијата на само LED светла гарантира дополнително заштеда на енергија.
Продавницата е прилагодена на новата ера и нуди подигнување на робата претходно нарачана/ резервина онлајн. Во посебен дел може да погледнете прототип на креации кои подоцна ќе се продаваат и уште сега да ги нарачате онлајн. Потоа нуди можност за дигитален личен кушувач во вид на интерактивни огледала кои ќе ви овозможат виртуелно да ги пробате некои од новите модни парчиња.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари