Изградена во 1889 година, стоковната куќа Galeries Lafayette Haussmann е еден од модните симболи на Париз и според статистиката, оваа локација е втора најпосетувана дестинација во градот, веднаш после Афеловата кула. Секој Божиќ во просторот под огромната купола на зградата на оваа стоковна куќа, се сместува ултра висока и раскошна елка. Стаклената купола во неовизантистки стил е висока 43 метри и токму нејзината висина дозволува поставување на голема елка, која всушност виси од врвот на куполата. Оваа година темата на новогодишното китење на елката e пчелина кошница, а на нејзиниот врв има украс на пчела матица. Пчелите се тема и во декорирањето на излозите и на внатрешниот простор.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари