• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Проектот #projectDrawEurope го откри цртачкиот талент на манекенката Елена Гугоска

Од Катерина Трајановска · На јуни 6, 2016

elena gugoska stylist.mk

Една од најпрепознатливите и најуспешните македонски манекенки Елена Гугоска црта од детството, а пролетва изврши цртачко освојување на најзначајните европски градови кое го документираше на својот профил на Инстаграм. Нејзината спонатана иницијатива да направи цртежи на одредени европски знаменитости се претвори во #projectDrawEurope, a проектот од црно-бели илустрации повеќето во минималистички манир ќе биде изложен на претстојното издание на „Паратисима Скопје“. Елена за Stylist.mk раскажува за цртањето, за илустрациите од нејзиниот проект и откри повеќе за изложбата.

Berlin

Берлин

Оние што те следат на социјалните мрежи периодов можеа да видат цртежи на познати туристички дестинации фотографирани токму покрај некоја знаменитост или амбиент низ европските градови. Како почна оваа цртачка приказна низ Европа и како ја реализираше? Каде сè црташе и фотографираше?

-Искрена да бидам целата приказна за #projectDrawEurope се скрои сосема спонтано, сама по себе. Само неколку дена пред моето заминување на пат низ Европа, кога се правеа последните планови, претпоставувам понесена од еуфоријаата за сите градови што ќе ги посетам се роди една мала идеја како да ги сочувам сеќавањата од истите. Тотално без било каков притисок дека истата таа идеја ќе се развие во нешто поголемо. Си ветив, лично за своја сатисфакција дека ќе пробам да нацртам по некоја илустрација за секое место кое ќе го посетам. Независно дали ќе станува збор за некоја знаменитост,  амбиент  кој ќе ми се допадне или пак емоција што ќе ми ја предизвина некој град. Важно беше само да биде „нешто” по кое јас лично ќе го паметам секој град што ќе го посетам. Цртам од детство, и што се вика сакав „да се пробам”да видам до каде ми се способностите и до каде ми е развиена креативноста, па дури и кога тоа е под притисок. Велам притисок, бидејќи стануваше збор за навистина збиен распоред, за 20-тина дена успеав да посетам 6 држави и некаде 10-тина градови. Цртав во Прага, Берлин, Амстердам, Париз, Ница, Монте Карло, Барселона, Лорет де Мар, Рим и Венеција.

off we go

Дали црташe во моментот додека си на одредена локација или имаше претходно направена скица? Како оди тоа со инспирација?

-На патувањето тргнав со делумно осмислен концепт во мојата глава за тоа како би сакала да изгледаат цртежите, поготово за оние градови кои имаат  знаменитости кои на сите ни се добро познати. Илустрацијата со која го започнав проектот и гласи Off We Go е создадена ден пред самото тргање, останатото се одвиваше на самите локации. Како и што очекував, инспирација воошто не беше тешко да се најде, секој од градовите е приказна сам по себе. Нудеа толку многу што понекогаш ми беше тешко да се сконцентрирам само на едно нешто. По завршување со цртање на секоја илустрација ја фотографирав на местото кое ме инспирирало за истата. Во едната рака Sketchbook-от во другата мобилниот и така се создадоа фотографиите за #projectDrawEurope (искористете го хаштагот и ѕирнете ги на инстаграм), но некогаш две раце не беа доволни, па верно ми помагаше другарката што патуваше со мене.

Amsterdam

Амстердам

Завршницата на #prоjectDrawEurope ќе ја видиме изложена. Каде и кога?

-Токму така. На моја многу голема радост, особено затоа што за првпат ќе имам изложени дела, пред неколку дена го најавив моето учество на Paratissima Skopje. Станува збор за третото издание на Интернационалниот саем за современа уметност кој ќе се одржува викендов што ни претстои во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, поточно на 10-ти, 11-ти и 12-ти јуни. Програмата можете да ја погледнете на http://paratissimaskopje.mk/programa/ и со големо задоволство ве чекаме да не посетите.

Dario

Од кога црташ и дали имаш сработено и некои други проекти?

-Цртањето ми е платонска љубов од детство и еве после толку години ништо се нема променето во тој поглед и сигурна сум дека така и ќе остане. Последниот проект на кој што работев изминатиов период беше цртање на илустрацијата на портретот на нашиот познат пејач Дарио Панковски, која подоцна на мое големо задоволство се најде на каверот на неговиот седми студиски албум „Ако силно посакам”.

Paris

Париз

Кои обврски со манекенството беа актуелни и што друго те окупираше во периодов?

-Покрај мојата стандардната ангажираност околу моделингот како посебен настан би го издвоила фотографирањето за насловната страница на модниот магазин Unique. Голема чест и привилегија ми беше што ме поканија да бидам првиот македонски модел кој што се појави на нивната насловна страница и да соработувам со одличен тим на професионалци.

Во погледе на останатите обврски кои ме окупираат периодов, поголемиот дел од нив се поврзани со подготовна на мојот дипломски труд. Многу наскоро ќе бидам дипломимран студент на студиската програма Менаџмент на Економскиот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј”.

Praga

Прага

илустрација цртана на таблет

Илустрација цртана на таблет

Venecija

Венеција

#projectDrawEuropeАмстердамБерлинВенецијаевропски градовиЕлена ГугоскаизложбаИнстаграммакедонски манекенкиПаратисимаПаризПрагацртеж
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics