• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
црвен килим 0

Доминација на темни тоалети и светли светкави фустани на црвениот килим на „Оскарите“

Од stylist @StylistMKD · На март 3, 2014

article-2571620-1BFAA15900000578-58_636x388

Стилистички судир меѓу светлите и темните тоалети се случи вчера на „Оскарите“. Бежови фустани украсени со апликации и светки и тоалетите во бела боја контрираа на тенденцијата на враќање на темни тоалети на црвениот килим на најважното доделување на филсмки награди. Кејт Бланшет, добитничката на „Оскар“ за главна женска улога за „Тажната Јасмин“, блесна во фустан во беж боја попрскан со сребрени кружни апликации и светки од Џорџо Армани.

1

Кејт Бланшет во креација на Армани 

4

Анџелина Џоли во креација на Ели Саб

Kреации во сличен стил имаа Сара Полсон (светол фустан од Ели Саб украсен со светки), Анџелина Џоли (светол металик-фустан од Ели Саб), Кристен Бел (бел светкав фустан од Роберто Кавали), Наоми Вотс (бела тоалета од Келвин Клајн украсена со перли), како и Кејт Хадсон (бел структуриран модел на „Версаче“) и Џесиак Бил (модел од колекцијата на висока мода на „Шанел“).

Во светли тонови: Џесика Бил, Наоми Вотс, Сара Полсон и Сали Хоукинс

Темни тоалети избраа Џулија Робертс, Шарлиз Терон, Сандра Булок, Ема Вотсон, Оливија Вајлд, Ејми Адамс… Терон изледаше одлично во црн припиен фустан со сирена-крој на „Диор“, Робертс избра модел украсен со тантела од „Живанши“, a бремената Оливија Вајлд носеше црн фустан однапред со едноставен крој, но со бел вметок во задниот дел.

5

Сандра Булок во тегет фустан од Александар Меквин

Дамите во црно: Ема Вотсон, Глен Клоуз, Џулија Робертс и Марго Роби

Ен Хатавеј и Марго Роби избраа темни модели со светкав дел на корстот, едната во креација на „Гучи“, втората во фустан од „Сен Лоран“. Одушевија и Клен Клоуз, која носеше црна тоалета од Зак Пусен, како и Сандра Булок со одличен стајлинг со тегет фустан од Александар Меквин.

11

Шарлиз Терон во „Диор“

16

Ејми Адамс носеше креација на „Гучи“

Дека не е сè црно и бело ни покажаа ретките креации во црвена и сина боја и неколкуте модни избори со шари. Младата Џенифер Лоренс, заштитно лице на „Диор“, носеше црвена припиена тоалета од овој француски бренд, со пеплум детаљ околу половината, а изгледот го надополни со ѓердан од платина од Нил Лејн вреден 2 милиони долари.

2

Џенифер Лоренс носи црвен фустан од „Диор“

Лупита Нионго, среќната добитничка на наградата за споредна женска улога во „12 години ропство“, носеше светло син фустан со длабоко деколте од „Прада“ специјално креиран за оваа пригода. Лупита изјави дека бојата ја потсетува на небото над Најроби, градот во кој израсна, а бојата иако е пастелно сина, во контраст со нејзиниот прекрасен темен тен, изгледа како да е флуоресцентна.

6

Лупита Нионго во уникатен модел од „Прада“

Ако се земат предвид досегашните модни егзибиции на Лејди Гага, може да забележиме дека вчера изгледаше доста смирено во елегантниот фустан ан „Версаче“. Легендарната Мерил Стрип се одлучи за црно-бела комбинација, црвената беше избор за Олга Кирилиенко, а легендарната Лајза Минели се појави во панталони и туника во интензивно сина боја, а во истата нијанса обои и прамен од косата.

18

Лејди Гага во светкава креација од „Версаче“

Пенелопе Круз се појави во светло розов фустан од Џамбатиста Вали дефиниран со црна панделка, а Кери Вошингтон, која наскоро треба да се породи, избра широк виолетов модел од Џејсон Ву. Манекенката Криси Тајген беше една од ретките што избра фустан со принт – модел со цветна шара од Моник Лулие.

20

Кристи Тајген

Во однос на мажите, победниците на актерските награди, ѕвездите на филмот Dallas Buyers Club, Метју Меконахи и Џаред Лето, одлучија да облечат бело сако. Метју избра модел на Долче и Габана, а Џаред креација на Хеди Слиман за „Сен Лоран“. Актерот и пејач Џаред изјави дека многу ретко носи сакоа, најчесто може да го видиме во порокерски комбинации, но за оваа вечер сакал да изгледа во стилот на старовремски гламур.

9

Мажи во бело: Водителот Рајан Сикрест и Оскаровците Метју Меконахи и Џаред Лето избраа бели сакоа

Мажите за „Оскарите“ вообичаено бираат темен фрак, а „Гучи“, Џорџо Армани, Том Форд и Долче и Габана се омилените брендови. Слична идеја имаше и музичарот Фарел Вилијамс, но наместо долги панталони, носеше бермуди и фрак-сако од брендот „Ланвин“.

10

Бредли Купер, Кевин Спејси,Чиветел Еџиофор и Леонардо ди Каприо во вечерно костуми

14

Фарел Вилијамс, фотографиран со сопругата, избра бермуди од „Ланвин“

3

Оливија Вајлд

7

Ен Хатавеј

8

Кејт Хадсон

13

Кристен Бел

19

Мерил Стрип

21

Пенелопе Круз

22

Кери Вашингтон

24

Карен О.

25

Џули Делпи

26

Олга Кирилиенко

Џаред ЛетоЏенифер ЛоренсЏорџо АрманиЏулија РобертсАнџелина ЏолиГучиДиорЕли СабКејт БланшетЛупита НионгоМетју МеконахиНаоми ВотсОскари 2014оскаровски фустаниПрадаСандра БулокФарел Вилијамс
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 црвен килим

    Оскаровски црвен килим: Од едноставни и елегантни до необични и впечатливи модни комбинации

  • 1 oskari црвен килим

    Од црвениот килим на Оскарите 2023

  • emmy црвен килим

    Од црвениот килим на доделувањето на телевизиските награди Emmy

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics