• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
деловен изглед 0

Деловен фустан и како да го изберете вистинскиот

Од stylist @StylistMKD · На февруари 19, 2024

деловно

Деловниот фустан секогаш е спој на класика соодветна за во канцеларија и актуелни трендови кои го зачинуваат личниот стил. Умешноста е да се балансира класиката и трендот на вистински начин, и во исто време да се следи бизнис дрескодот. Добри опции за деловен фустан се моделите со рамен крој, нагласен струк и миди должина, како и фустаните на преклоп.

Кога бирате деловна облека, конкретно деловен фустан, важно е да соодејствува со вашиот личен стил, но и со кодовите на бизнис стилот и на правилата за облекување на вашето работно место. Фустанот е најженствената опција за изглед во канцеларија, кога бирате деловен фустан треба да внимавате на неколку работи – должината, деколтето, ракавите, дали кројот ви одговара и на крајот бојата и шарата.

2

Во однос на должината, тоа е првата работа што се забележува и таа не треба да биде многу куса. Најкусата „дозволена“ должина е нешто над колена, иако најидеално е кога фустанот е со миди должина (некаде до средната на листот од ногата). Со оваа должина лесно ќе станувате, седнувате и качувате по скали, без да откриете премногу. Кратките, скоро мини фустани изледаат невкусно, без разлика на тоа колку е лежерен деловниот дрескод.

Фустаните во делот на деколтето треба да бидат скорени поскромно, односно да не го откриваат премногу деколтето, најдобро е да имаат среден отвор. Длабоките деколтеа и В-изрази имаат вулгарен тон во канцеларија и одговараат за некои други пригоди. Во есенско-зимските месеци полесно се справуваме со овој дел, бидејќи за да се заштитиме од ладното, носиме позатворени фустани.

Обично на работните места со построг дрескод и на конференциски состаноци се избегнува облеката со кратки ракави, затоа е подобро да се одлучите за долги или тричетврт ракави. Тричетврт ракавот – односно ракав кој е некаде помеѓу вашиот зглоб и лактот, е најшик опција и се смета дека оваа е најласкавата должина на ракав.

3

Облеката која е скроена како по мерка е уште еден важен дел за успешен бизнис имиџ. Нема ништо полошо од претесна или преширока деловна облека во која ќе изгледате несоодветно и неуредно. Бирајте добро скроени фустани, модели кои одгвараат на вашата градба и ја дефинираат половината, важно е да се во вашиот вистински конфекциски број  и ако е тешко да најдете точен модел во продавница, сошијте го по мерка.

Во однос на боите и дезените, овде до израз доаѓа личниот стил. Нема да погрешите со еднобоен модел во боја која одговара на вашиот тен. Но тоа треба да е некоја премногу интензивна или флоресцентна нијанса, класика се моделите во црна, сива, беж, тегет, црвена, бордо, како и во посмирените нијанси. Боите ги бираме според сезоната, во есен и зима тоа се потемни тонови. Не треба да ги избегнувате дезените, но и не треба да претерате – смирени шари како поситни цветни мотиви, строги пруги, пепито дезен, нежно каро ќе ја разбијат монотонијата на еднобојната облека.

 *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

деловен изгледделовен фустанстилски совети
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e деловен изглед

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

  • 0 деловен изглед

    Три деловни комбинации со сина кошула

  • deloven stil (1) деловен изглед

    Пролетниот фустан вметнат во деловниот стил

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics